Доцна ти пишувам, ама исто беше и кај мене со Мелиора, гинекологот ми рече дека биле доста јаки, па затоа.
Не знам дали е можно, ми доцни циклусот веќе 5 дена, а никогаш во живот не ми се случило ова,имам болки две недели мислам дека во секој момент ќе добијам, но ништо. Правев и тестови за бременост за секој случај- негативни. Мислам дека од вагиналетите се пореметив цела..
Јас додека ги користев цело време имав болки како за добивање, откако ги прекинав ми се врати во нормала. Доцнењето може ти е и од стрес, ама најдобро консултирај се со гинеколог.
Јас ги ставав само што ми заврши циклусот и исто како тебе, цел месец имав болки како за добивање па некои денови и многу појаки. Цело време бев надуена во стомакот.. Не знам како го преживеав месецов. Добив сабајлево фала богу, ама веќе никогаш нема да ги користам во животов, ќе ги памтам
Здраво, бев на преглед 22.06 поради тоа што ми доцнеше менструацијата т.е ми прескокна еден циклус, проблем некој видлив немаше, направен е пап тест резултатот стигна дури пред една недела и покажал инфекција препишани ми се вагиналети Макмирор Комплекс. Бидејќи се ставаат навечер, дали е дозволено да се има односи во текот на денот?
Овие gynex 4 вака се кафеави внатре? Прв пат ги корситам си велам белки расипани не се сите биле бели што сум ги користела досега И дали се ефикасни? Ми ги дадоа за зголемен секрет
Здраво имав препишана терапија од др таблети флажил со вагиналети нео пенотран форте вчера ја допримив и денес преку теков на денот повторно имав жолт исцедок дали е нормално?
Почнав да ставам Clotrimazole вагиналети и после првата страшно ме чеша доле, не можам ни да заспијам. Дали дека инфекцијата ми е јака или?
Дали некоја од вас имала печење во вагината, пржење од првата вагиналета Нео пенотран? Ми доаѓа да одам да се измијам, ме чеша ме пече ужасно.
Jas go imav istiot problem, rekacija mi kaza maticnata od odredena sostojka vi niv i mi gi zameni so drugi.
Меѓу Гинекс 4 и Гинекс Форте, кои се подобри? И како се користат? Негде прочитав дека треба месец дена да се користат, не само 10 дена што некако ми изгледа дека е премногу...
Zdravo devojki dali mozam da gi koristam gineks forte ako nemam hpv virus I doktorkata ne mi gi prepisa gi zemav na svoja raka? Znaci jas koga pravev pap test imav kanida koja ne ja lecev cela godina I posle na pap mi izleze crrvicitis moznost za hpv I kandida za kanidata doktorkata togas bidejki mi se vospali mi dade poliglinix vaginaleti gi koristev I nekako kako za brzo vreme da ja snema kanidata veke nemam uredest sekret cesanje pecenje crvenilo nisto od toa a samo edna doza koristev nez dali treba pak da korsistam sega imam sekret pak ama ne e urgent normalno bel I za ovulavija rastegliv vika normalno e toa doktorkata e sega za hpv napraviv tipizacija I izleze deka nemam virus a I jas do sega imam samo eden partner lani nemav hpv na pap ureden bese doktorkata vika mozno e od kanidata taka da pokazalo testott ostana na 6 meseci pak da pravam pap I jas si gi piam vitamimite pak piam I sirup imunokomplex od dr wolts I vitamin c, cink, beta karoten, d3, I se mackam so mast od neven mi ja dade koga imav vospalena kanida e sega mi kaza za vitaminite nema nisto da mi stetat da si gi piam ako nemam virus no za vaginaleti ne mi dade nisto jas na svoja raka zedov gineks forte I sega mozam li da gi korsiram deka nemam virus ama se plasam oti taka izleze na pap I po sum mirna zatoa gi zedov ama si vikam da ne si napravam problem oti ne mi gi prepisa.. sto mislite da gi koristam li ili sepak ne?
Дали е нормално два дена после користење Канестен 3 да имам розов па црвен исцедок? Треба за 5 дена да добијам не верувам дека е циклус.
Здраво. Се надевам некој може да ми одговори. Бев на лекар и докторот ми кажа дијагноза бактериска вагиноза. Ми даде прво флажил антибиотик но не помогна после недела пак истото. Сега ми даде вагиналети и иако му кажав дека не сум сексуално активна ми кажа не се секирај ставај си. Малце не ми е јасно…
Devojki mislenje iskustvo so ovie vaginaleti, bev denes na ginekolog I koga me gledase na eho vide deka sum imala belo pranje I mi gi dade da sum se precisela, inaku nemam cesanje, pecenjee, tuku normalen bel a povremeno I kako belka od jajce proziren rastegliv, pred nekolku meseci imav kandida ama togas drug e iscedokot grutliv proraten so cesanje ama go izleciv so poliglinix sega samo mn sum imala belo pranje..
Zdravo Devojki Sakam da ve prasam ginekologot mi prepisha Neo-Penotran vaginaleti, trudnica sum i prv pat gi koristam no vo samoto pakovanje nemashe aplikator zatoa ve molam ako mozhe da mi odgovorete kako gi apliciravte vie zatoa shto barav aplikator da kupam no nema vo niedna apteka, ve molam za odgovor.
Со прст ќе брцаш и ќе гледаш да ги поттурнеш подлабоко. Убаво миј и дезинфицирај раце пред да ги ставаш.