Ми препишаа вагиналетки кансен и малку сум збунета околу користењето... Пробав синоќа и не ги трпам, имам премногу непријатно чувство. Дали можеби не ги ставам правилно? Совет?
Здраво Дали некој можи да ми кажи нешто повеќе за вагиналети. Како се употребуваат? Дали можеби се штетни? Какво искуство имате вие?
имаш секакви вагиналети, зависи од намената. ако имаш гинеколошки проблем подобро обрати се во соодветната тема
Вагинални што? Вагиналети мислиш? Тоа треба да ти препише гинеколог, но доколку сакаш да земеш на своја рака земи си вагиналети на база на кантарион, ги има во ДМ, но и во повеќето аптеки. Би ти советувала средба со гинеколог и тој да ти препиша врз основа на тоа што и како ќе забележи. Исто можеш да земеш и Линекс лејди, добри се а не се скапи.
Можеш Бетадине вагиналети, баш се тоа што бараш, нешто како антисептик. Мојот доктор ги препорачува секогаш после однос да си ставам.
Колку се и цена мE="Kitten, post: 2236339, member: 2247"]Можеш Бетадине вагиналети, баш се тоа што бараш, нешто како антисептик. Мојот доктор ги препорачува секогаш после однос да си ставам.[/QUOTE]
Полигинаксот е лек, со широк спектар на дејство врз бактерии и габи. Тој се препишува кога веќе постои конкретна инфекција.
Дали може да се земат без рецепт овие вагиналети дека кај мене во аптека ми бараа рецепта (на приватно нели се не знам зашто рецепта).И јас ги користев за кандида сум задоволна
Јас знам дека одат без рецепт, мислам 100% сум сигурна пошто сум ги купувала на приватно. прашај во друга аптека
jas gi koristam za prv pat POLYGYNAX koi mi gi preporaca ginekologot, i sakam da prasam dali e normalno nautro dolniot ves da vi bide mokar(nema miris nitu boja) i ima nesto slicno ko belo pranje? toa pretpostavuvam deka e od vaginaletata, no malce me zbunuva toa sto e mokro? Dali nekoj go iskusil ova?
Девојки последен пат кога бев на гинеколог беше пред 1 година и ми кажаа дека имам кандида,габична инфекција и ми препишаа ваганалети, но јас не ги земав (од тогаш до денес не сум имала односи) но имам многу бело прање. Па читав овдека за тоа кој какви користел. Што ке ми препорачате треба да ги земам тиа вагиналетките, како се викаат нез не ни памтам што ми кажа и како се ставаат,никад не сум користела и старв ми е да ги ставам...
Од што страв? Постојат еден куп лекови против кандида, антимикотици. Таков е на пример Канестен, Кансен, Гинодактарин...
Земи вагиналети КАНСЕН, исти се како Канистен, но се поефтини-околу 100 денари и ке земеш таблети за пиење ФЛУКОНАЗОЛ 150 мг, тие се околу 40 денари. И сега, навечер пред легнување ке ставиш една вагиналета, ама не заборавај и да ставиш влошка, но не секојднева, туку оние за цилкус. Гледај вечерта да не стануваш и да мокриш, освен нели ако мораш . Најдобро е да се испразниш убаво пред легнување и после да немаш мака. Вагиналетите ти се за 3 дена а таблетите за пиење само за 1 ден. Од флуконазолот ке се напиеш утредента ама немој на празен желудник. Навечер пред да ја ставиш вагиналетата најдобро е да се плакнеш со камилица чај ( ама внимавај да не се изгориш тамо доле- да биде млак). Кога ке го свариш чајот ке почекаш да се олади, ама немој да му доставаш ладна вода. Најдобро е да свариш 1,5 л и во таа вода да ставиш 6-7 кесички чај. После плакнењето со чај немој да се плакнеш со вода, туку нежно со тапкање избриши се и стави ја вагиналетата. Утредента кога ке станеш напиј се чај од ајдучка треба или увин чај. Е овие чаеви се јаки, ама можеш само 100 мл од нив а тоа е еден филџан за кафе. И после во текот на денот можеш да си пиеш слободно од овие чаеви и после јадење. Овие 3 дена можеш и бело лукче да каснеш, ако не излегуваш. Ако не ти помине после 4-5 дена тогаш ке мораш на гинеколог. Поз мила.
Кесичките од чајот од камилица не ги фрпај одма, туку исчисти си го лицето до 4 од нив, а 2 стави си на очи и поседи 15 мин. Да се освежиш малку.