Не би сакала да бидам погрешно разбрана, не солам памет овде НО вакво оринирање терапија преку форум не е дозволиво дури и во случај okcenzi да е гинеколог (а скоро сум сигурна дека не е). @Leo-nora ти препорачувам да си закажеш преглед кај матичниот гинеколог, да ги направиш потребните брисеви и согласно тоа да ти биде пропишана соодветна терапија. На форум се споделуваат искуства, се споредуваат мислења, се спори, се тепа време но НИКОГАШ, АМА НИКОГАШ НЕ СЕ КОРИСТИ КАКО ЗАМЕНА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО МИСЛЕЊе!
Мила се работи за бело прање и терапија која можеш да ја земаш на своја рака.Тоа е исто ко да бараш тест за бременост, наместо посета на гинеколог. Или да пиеша аналгин и кафетин на своја рака. Секој гинеколог ке го каже истово. Мајката на мој пријател е најпознат гинеколог во градов и кажува дека оваа терапија добро е секоја девојка да ја прави 1 во 3 месеци, па макар и да нема ништо, туку за прочистување. Не и реков да пие или става нешто опасно, за тоа и слободно го пишав се ова.
Воопшто не би се сложила дека секоја девојка треба да пие флуконазол или да става канестен, од каде таа глупост извини ! Сестра ми е фармацевт , сите во фамилија лекари, какво прочистување , каква глупост. За прочистување имаш вагиналети од кантарион, имаш исто вагиналети од други билки, а ова е ЛЕК
Јас кажав дека гинеколог тоа ми го рече. Ајде обајсни ни зошто не смее флуконазол да се пие, односно дека не е за сите. Па и за Кансенот. И за овие природниве.
Девојќи ми треба ваше мислење, вчера ги купив Canesten 3 вагиналетките (апчиња) со апликатор, бидејќи имам ужасно чешање и пецкање во вагината и на усните а се појави и црвенило како изгореница, па во аптека ми ги препорачаа овие вагиналетки. Сакам да ве прашам, вчера почнав да ги користам (една таблета искористив, денес треба уште една и утре пак) и денес приметувам дека ми се лачи бел прашак низ слузта и грутки (мислам дека е од самата таблета) .. дали е нормално ова? бидејќи во упатството пишува доколку нема влажност во вагината на долниот веш ќе се појават парчиња од вагиналетката, ама кај мене има влажност а и од вчера до денес не е можно да не се стопила таблетката.. исто сакам да ве прашам дали некоја од вас ги користела овие вагиналетки и дали помагаат?
Canesten се одлични вагиналети, но ако и после нив имаш пецкање,чешање или црвенило јас би ти препорачала преглед на гинеколог. Тоа што истекуваат како бели грутчиња,мислам дека е од самата вагиналета и нареден пат пробај да ја ставиш што можеш подлабоко.Ако се со апликатор и полесно ќе ти оди. Кога јас користам исто ми се случува.Мислам дека не се топи цела ,па остатокот се исфрла.Може и од кога ќе ги прекинеш уште ден или два да се прочистува од внатре. Како и да е,ова е мое искуство. Доколку има гинеколог на форумов сигурно може подобро да ни објасни.
Ви благодарам многу.. да со апликатор се баш и подлабоко ставив, затоа ме чудеше после цел ден да почне да се исфрла дел од таблетката.. еве сега и втората ја ставив.. утре уште една па ќе чекам резултати како ќе биде.. инаку во среда имам закажано гинеколог ама дека неможев да чекам до тогаш па земав од вчера вагиналетки..
Чекај сега стави вагиналетка ? Па навечер се ставаат пред спиење и не се станува 4-5 саати од кревет.Затоа тебе цела ти истекува изгледа.
Legnuvas , siris noze, svitkani vo kolenata i stavas . Nego sakav da prasam Mozno e da kasni posle upotreba na polygynax , nekoe iskustvo?
Za candida Isto 12 dena treba da gi koristam, veke 5 ti den mi e i nema veke cesanje nepodnoslivo, fala bogu Ke vidime kako ke bide Fala
Сакав само да ве прашам дали додека ги користивте Polygynax имавте односи.....и дали доколку имавте,имавте заштитен или не???
Zdravo devojki, za kandida nekoj lek, necie mislenje, samo ako znaete nekoi apcinja, da ne e za vaginalna upotreba?
Здраво, прочитав тука две спротивни мислења па за тоа прашувам. Ставам вагиналетки Нео-Пенотран Форте, и сабајлево добив менструација, а имам уште една вагиналетка што треба утревечер да ја ставам (терапијата ми е за преку една вечер), и сега морам да ја прекинам терапијата?