Како бе вака веднаш заклучи дека е циста ? @honeyboney зависи какво е крварењето. Истото може да се јави како знак за некое оштетување на слузницата од некоја инфекција. Ако си во средина на циклус,благо крварење може да се јави и како знак дека си во овулација.
Гарданелата не е сексуално пренослива? Сигурна? Ако е мало крварење со светла крв е од тоа што си се повредила при ставање на вагиналета со прст, ако е обилно и со темна боја е од циста или менструално крварење.
Имам слушнато дека оток може да имаш пред да добиеш и ако долго пред да добиеш си неѓала однос. Ако е внатрешно отокот, од груб и не доволно влажност. Подмачкувајте . . .
Последниве 2 дена ми се појави чешање на отворот од вагината, досега беше благо, ама вечерва почна многу повеќе да ме чеша. Немам никаков исцедок, ниту печење, само ме чеша. Можно е да е нешто сериозно? Никогаш до сега не сум била на гинеколог и не сум сексуално активна, си реков да почекам неколку дена може ќе се смири само од себе, ама ме загрижува.
Не знам дали тука треба да стои, ама ќе прашам.. Пред 1 месец ми дојде менструација околу 10ти...после тоа заминав на одмор и ме фати некој вирус , башка промена на клима, и пак ми дојде (околу 25ти).. Наредниот месец пак ми дојде во редовниот термин, и пак околу 25ти, значи 2 пати во месец... сега пак осеќам некоја нелагодност, при бришење неколку капки крв, ама менструација немам... Дали е можно да е некоја инфекција или? Како се проверуваат вагиналните инфекции, со пап тест или:? (не сум правела досега) Некој природен лек ако имате да препорачате за секој случај ....
Пап тест обавезно. Плус, брис за стрептокока, кламидија. Има уште еден брис ама не ми текнува кој беше. Би ти препорачала да избегнуваш благо. Додека јадев премногу благо, имав честа појава на кандида.
Благо не јадам баш...ама се плашам и партнерот да не ми пренел кандида, затоа што пиеше антибиотици без витамини. п.с. кои симптоми ги имаат мажите доколку имаат кандида или слична инфекција?
ќе си направиш микробиолошки брисеви кај твојот гинеколог. на нив ќе се покаже дали имаш инфекција и според нив ќе си добиеш терапија доколку е потребно. Народни лекови можеби ќе ги ублажат симптомите меѓутоа нема да ја уништаат инфекцијата и таа ќе си стои неизлечена. неизлечени инфекции,долго нетретирани можат да предизвикаат неплодност.
Ќе пишам и тука. На брисевите кој ги правев на едниот има streptococcus agalactiae група B во цервкисот. Другите брисеви се чисти. Секако ќе одам на преглед ама сакам да прашам дали некоја имала вакво искуство во бременоста. Читав дека може да прави проблеми.
Имав јас пред да останам бремена се лечев со антибиотик 7 ден мислм и ми се исчисти.Исто важи и во бременост се лечи со антибиотик.Мора да ја лечиш заради бебето. Ако не беше трудна не е ич опасна.
Здраво, девојки ми треба помош од некоја што го имала истиот проблем или стручно лице, пред неколку месеци ми откија дека имам UREAPLASMA UREALYTICUM/PARVUM докторот ми птепиша антибиотик еритомицин и полигинах вагиналети не ни помогна па земавме уште една терапија сумамед 3 пакетчинја и вагиналети и повторно не ни помогна дали некој го имал истиот проблем ве молам за помош.
Смени го докторот, оди на второ мислење. Или пак побарај нео-пенотран форте вагиналетки, но прашај го докторот за овие прво. Во Зегин, до 400 денари се. Ама внатре се три. Немој на своја рака ако имаш кандида.
Девојки,породена сум пред 3 месеци. Последен пап правев 2 месеци пред да останам бремена, испратен на испитување во Систина, уреден. Во бременоста правев микробиолошки брисеви во 12,22 и 34та недела. Сите уредни. На прва контрола 6 недели по породување матичната ми зема пап. Папот испратен во државна болница за испитување. Стига резултат: кандида, гарднерела вагиналис (никогаш во живот не сум ја имала ниту знаев дека постои) ,ХПВ. Препорака хпв типизација. Докторката вика овие инфекции не се гледале со микробиолошки брисеви. Заради кандидата и гарднерелата било заокружено хпв не значи дека ќе го има,затоа да се направи типизација да се провери. Заради тоа што дојам не смеам да пијам таблети (така рече она) и ми препиша само вагиналети Малмирор. За сопругот не спомна ништо. А јас се сомневам во веродостојноста на резултатот. Чаре?