@skitoucan Тестирај Микоплазма хоминис, Микоплазма гениталиум, Уреапласма уреалитикум и Уреапласма парвум. Тие даваат непријатен мирис и густ секрет. На обичен микробиолошки брис не се гледаат, барај некоја лаб. која ги работи на молекуларно ниво
Јас сум пиела клиндамицин антибиотик 10 дена ама не за вагинална инфекција туку заради осмиците-забите. Многу јак антибиотик е да знаеш обавезно пропратно пробиотик и б6 за да не ти се јави после тоа кандида. Матичен ти го препиша? Немој на своја рака да го земаш обавезно консултација со матичен.
Да, матичен ми ги препиша, но рецептата како се пијат ја изгубив. Затоа прашав ако користи некоја девојка да ми каже како ги користи.
Благодарам многу. Инаку, заборавив да прашам, пред јадење или по јадење? Или нема врска тоа, кога било можат да се пијат?
Здраво мајки и идни мајки Јас сум 38 недела,ситно броиме... Цела бременост се борам со уреаплазма. На првите брисеви ја имав, пиев две дози сумамед,па правев контролни брисеви па пак ми покажа дека е присутна. Пак пиев две дози антибиотик. Потоа втори брисеви ПАК покажа дека ја имам. Матичната тогаш ми препиша еритромицин, но јас веќе следниот ден требаше да одам на ГАК , поточно кај др. Самарџиски,за да ми ја доследи бременоста последниот месец. И он ми рече да не зимам веднаш антибиотик,туку да го потсетам пред пораѓај,при крај , за да ми дадел тогаш нешто. И вчера бев кај него на контрола, и го потсетив и ми рече сега да земам еритромицин една доза да испијам. Прво ми беше несфатливо ,бидејќи мислев на приемот пред пораѓај ќе ми дадат нешто . Најверојатно е сега вака за да биде потазе испиено. Ете склона сум на неа а никогаш сум немала проблеми претходно, немав никаков знак дека ја имам бактеријата и плус со сопругот цела бременост немаме односи. Па сакав да ми каже некоја совет дали се има породена со таа бактерија. Малце ми е страв. Читав разни коментари за неа. А докторот вели штом до сега си се супер А ја имаш цела бременост ,да не се плашам. Првично пукал предвреме водениот доколку ја имаш. Ве молам за совет кој има. Поздрав,и извинете на долг пост. ♡
Мајка, не читај се по интернет, еве и докторот ти кажал дека се е во ред. Подобро повеќе мислења од повеќе доктори отколку од интернет читање. Освен тоа сите сме различни, не си прави стрес кога си пред порагај веќе. Со лесно, и уште малку ќе се гушкате
Веќе два дена осеќам како чешање на вагината а не сум активна со односи одамна. Пап имав пред три месеци уреден. Предлог што да користам бидејќи ме чеша, не поминува?
Канестен крема, измивање со чај од камилица. Долната облека најдобро е да ја пеглаш. Сепак консултирај се и со гинекологот.
Здраво, веќе два дена чувствувам болка при допир кај вагиналниот отвор и мислам дека малку е отечено местото. Закажав за утре за гинеколог, но дали може некој да ми препорача нешто за намалување на болката во меѓувреме?
малку помош дали може да се напијам ампицилин од оние црно црвено што се имам печење при мокрење дали би можело да се напијам и на колку време се пијат
А имаш некогаш пиено тоа за ова? Доктор ти има кажано? Јас не би на своја рака. Посети гинеколог. Пиј увин чај и чај од брусница, одмивај се со камилица неколку пати на ден.
не немам никогаш пиено ампицилн за тоа пијам чај пд брусница но читав дека не смеело да се комбинира и увин и од брусница