А мене ми кажа гинекологот дека додека сме на терапија не смееме да имаме односи или евентуално ако сакаме само со кондом и толку ми кажа, па затоа ве прашувам вас од искуство дали знае некоја
sakav da prasam dali iako ne si imala odnosi moze da imas belo pranje ? ii oste nesto dali ima tamponi za onie koj nemale odnosi ili koj ne se skineti?????? [mod-kirilica:110tussb][/mod-kirilica:110tussb]
Секако дека може да имаш бело прање, тоа не е поврзано исклучиво со имањето односи. Тоа е нормална појава кај сите жени. А тампони за девици нема.
оф лелеее па кога ќе може да си пробаме за бебенцеее е многу ме нервираат тие инфекции и бактерии значи аман
здраво на сите само сакам да прашам што е тоа вирусиолошки статус? пред 5 месеци имав спонтан абортус и после тоа ги направив сите микробиолошки тестови(ендо,егзо,кламидија,микроплазма....),пап тест и се беше во ред,немав никаква бактерија и сега гинекологот ми рече да направиме уште виру.тест за да можам слободно да размислувам за наредна бременост.денес се јавив да закажам ама докторот не беше тука а сестрата ми рече дека во охрид не прават такви испитувања па треба да земам упут од докторот и да одам во битола во микробиологија. па сега ме интересира ако знае некој да ми објасни што е точно тоа и дали е неопходно да се направи и тоа испитување.ви благодарам
Не знам што наслов, ама ке ве молам да отворите Мнооооогу сум загрижена и исплашена , мојот проблем е што кога идам у вц ме пече "доле‘ а од време на време многу ме чеша , му се случило на некој тоа , поззз , пиешете
Не знам што наслов, ама ке ве молам да отворите Отиди си на гинеколог и ќе ти ги направи потребните испитувања. Најверојатно имаш инфекција.
Не знам што наслов, ама ке ве молам да отворите а да идес на гиниколог не е тоа играцка колку дена веке така те пе4е и 4еса џабе ке ти писуват тука со камилица да се подмивас бла бла тоа е воспаление,си имала незаститен сексуален однос? не зборам за сида или несто туку мозно е некоја габицна инфекција од децко ти или па ти да му пренесес такво несто знаци мора да се знае од со е
Не знам што наслов, ама ке ве молам да отворите сигурно имаш некоја инфекција се согласувам со "blond" треба да одиш на гинеколог и да направиш испитувања...
Не знам што наслов, ама ке ве молам да отворите Или имаш инфекција некоја,или би можело да ти биде и од голема пролада.Сепак посети си лекар,ќе ти даде соодветна терапија и ќе ти каже точно што ти е.Во меѓувреме можеш да се измиеш со чај од камилица.
Здраво девојки. Кој имал искуство со ентерокока во вагината,каква терапија сте примале? Дали ова е бактерија која што постои кај нас како што е случајот со кандидата? Дали е потребно и партнерот исто така да се лекува?
девојки имам еден проблем па би сакала да ве прашам доколку сте информирани за што се работи. веке 2 недели сигурно имам невообичаен исцедок значи бело прање мегутоа со непријатен мирис и светло жолта боја незнам како да опишам кога имав односи со дечкото дури непријатно ми беше поради миризбата малку. јас користам интимен гел, пробав со павловичева ставив па и пудра во прав малце нонстоп одржувам хигиена мегутоа тоа не се менува на почетокот бојата на урината ми беше жолта сега е смирена нормална е мегутоа незнам за што се работи доколку знаете да ми помогнете. ставав и вагиналети бетадине да одржам да не се појави инфекција не осекам ниту печење ниту црвенило ништо немам од тоа. ви благодарам многу!
^Кога има промена на боја на исцедокот и непријатна миризба сосема сигурно станува збор за некаква инфекција,отиди си на гинеколог таму ќе ти утврди дали има или нема инфекција а ако има ќе ти даде соодветна терапија.Сама не се лечи можеш од ништо нешто да си направиш.
Дали некој знае дали може да се пренесат СПБ и други бактерии,вируси и кои може да се пренесат преку допир со раце на интимните делови?
Мислам дека тешко оди тоа иако не е невозможно. На бактериите им е потребна влажна средина за преживување.
девојки имам еден проблем имав секусуален однос и не користевме кондом т.е користевме али само за на крајот...и одтогаш имам болка во долниот дел од стомакот ме пржи при мокрење и урината чудно ми мириса на пр кога пиеме некој антибиотик ете така нешто ја сакм да одам на гхинеколог но мајка ми ми вика нема потреба а неможамм да му објаснам што како...плс хелп некој да не го има овој проблем??
Би сакала да ве прашам, една моја другарка имаше трихомонијаза и гинекологот и' дал да испие во една вечер само 5 апчиња Флажил. Дали е тоа во ред? Малку ми е чудно, но можеби е така, таа ги испи и сега мислам добро и' е. Дали некој од вас имал слична ситуација на оваа?
Да во ред е ..но требал да даде и партнерот да испие таблети мислам дека беа 3...зашто може да дојде до реинфекција..
Не е тешка инфекција,јас ја имав меѓутоа ја лечев 10тина дена сигурно со флажил и со 2 вида вагиналети,а покрај мене и ппартнерот примаше терапија со флажил.Нека се распраша поубаво другарка ти што како, за да не се повторува постојано инфекцијата.