Не знаев дека не смее. Јас најмногу задоволна сум од увин чај, мноогу помага. Пиј неколку денови ама ако си во можност посети и гинеколог. На своја рака ништо не земај.
Девојки пред извесен период скоро месец ми се појави зачестено мокрење но без болки и печење не ми помогнаа нолицин и спазмекс само ми ублажија симптоми бев кај матична и во урината покажа зголемени леулоцити во урина и крв другото се супер а при уринокултура урината стерилна докторката ми даде ко алмацин ама не ми помогнаа бидејки тие се за инфекции а јас и на гинеколог отидов ме прегледа вагинално и брис и пап тест рече матка јајници супер но мене после мокрење после некој период осекам болки на вагината и пецкање и внатрешно како да ми стои нешто некогаш и тешко мокрам како да не се празнам и ме боли и кога не мокрам..се мислам да испитам бешика бубрези мочни канали некој совет пиам и чај брусница
Правев ехо на бубрези супер е се чисто и уредно само пишеше недоволно исполнет мочен меур др све океј
Na eho ne se gleda dali ima odredena bakterija a najcesto taa dava simptomi. So pomos na urinokultura ke se utvrdi.
Правев стерилна ми беше а пред тоа покажа леукоцити во урина отидов испитав и стерлина беше затоа ме чуди после мокрење кога ке станам осекам малку болка а вака додека мокрам не
Имаш леукоцити и крв, цистит имаш. Др.не успеал на ехо да ти ја види бешиката, како што кажа не ти била доволно полна. Пиј увин чај, од аптека земи ампули или таблети од брусница, и D mannosе таблети.
Не немам крв него покачени леукоцити во крвта и мокрача испитав уринокултура и беше стерилна тоа ме буни и на ехо ми рече ме гледал воспаление на бешиката а во вторник закажав на урологија инаку пиев и ури ројал од кога ке измокрам потоа осекам пецкање и болки внатрешно а вака додека мокрам немам мака
Па да но јас испитав се како што пишав но планирам нова уринокултура да напраам ми кажа немам ниту нефролитијаза што укажува ма бубрежен камен
Девојки да ве прашам нешто. Веќе извесно време (5-6дена) имам црвенило на големите срамни усни и ненормално чешање.. пробав со павловичева маст ама не ми помага. Докторот ми рече да пробам со вагиналети мелиора па ете од утре ќе пробам со нив. Но сакав да прашам дали некоја од вас имала слично искуство, да пише што како и дали се добри овие вагиналети?
Павловичевата маст не хидрира, таа е мрсна, ќе ги затвори порите и можеш само полошо да си направиш. Би требало вагиналетите да ти помогнат, а во меѓувреме миј се со гел за интима.
Добри се Мелиора, против габични и бактериски инфекции. Кај тебе дефинитивно е инфекција, не е само иритација, кремчиња нема да помогнат.
Пишав и во другата тема ама ајде и овде. Девојки ве молам помош. Веќе 2 3 месеци константно имам жолт исцедок а папот и брисевите се негативни. Што друго да испитам, од што може да се појави жолт исцедок? Инаку немам чешање. Ако е поради пад на имунитет дали пак треба да одам кај матичната да ми даде терапија или?