драво девојки .. имам проблем веке неколку месеци само чешање и печењне на мене и на дечко ми бев на гениколог ми даде вагиналети апчиња флажил и канестен маст ама и тоа не помага флажилот го пиевме и јас и дечко ми не знам што да правам веке пак ми се повтори дајте некој совет фала однапред а и да прашам колку чини флуконазол апчето да пробам да го испијам. 5 апчиња во еден ден ли? мене ми кажаа на 12 часа по 1. дали ти се повтори мене да
си купив канестен маст затоа што ми излегоа нешто како акни кои многу пецат во вагината на неа и околу неа маста 3 дена треба да ја користам а тие габицки многу ме болат вецерва еднас ставив казете ми ке мми помине од 3 пати???????????????????
Најдобро да си одиш на гинеколог ако не си била до сега, канестен помага за обични инфекции ама не е семоќна маст. Од каде знаеш дека се габички? Не е во ред за се сам свој лекар да се биде.
бев на гинеколог ме прати тој на козно и ми дадоа канестен и една друга маст 5 пати да се мацкам во ден ке видиме
^^^ Епа мачкај се онолку пати во денот и онолку денови колку што ти кажале на лекар. Сигурно не за џабе студирале медицина. Неможеме ние да знаем дали ќе ти помине од 3 пати.
Ве молам за помош... За два дена одам на одмор, ѕвонев кај мојот гинеколог но за жал не се јави, најверојатно е на одмор... Имам густ жолтеникав исцедок, со непријатна миризба, а не ме чеша вагината, не ме боли, ни при секс (имам дечко година дена и имаме често секс), значи однадвор се` е нормално, а ме мачи ова што ми се појави пред два дена. Оддржувам максимална хигиена, еднаш неделно се мијам со камилица, и обавезно два пати дневно, само што мислам дека грешката ми е што користам сапун... Некој да ми каже нешто превентивно...? Знам дека е лошо вака да се прашува, ама непријатно ми е многу, затоа што ќе одам со партнерот на одмор, и не знам како да го средам ова.
феминки дали некоја има искуство со кокоидни бактерии кои бактерии спаѓаат тука и дали се страшни ми рекоа дека треба да праам микробиолошки испитувања за поконкретно да се утврди
Драги феминки мислам дека прашањево го сместувам во вистинската тема. Од вчера забележувам некоја примена кај мене, поточно имам многу бело прање, течно е, нема боја ниту специфичен мирис. Само количината ме загрижува, толку многу не сум имала никогаш. Приметувам и печење на вагината, не е многу но непријатно е. Имам редовни односи со дечко ми, но секогаш со кондом. Деновиве ќе одам обавезно на гинеколог, но додека да отидам , ќе може ли некоја од вас да ми каже од што може да биде предизвикано ова?
Матичниот лекар моментално ми е на одмор па докторката што ја заменува нема појма од медицина и резултатите од проверка на мокрача не ми ги кажа баш ко што треба.Би сакала некоја од феминките што се рабира од медицина да ми каже:Што значи таму кај што пишува Седимент на урина мене ми напишале од 14- 16 је,и кај што пишува билирубин имам знак за минус и пишува sluz.Фала ви многу
Дечки ве молам за помош, во паника сум, мислам дека имам вагинална инфекција:јако чешање, мала болка на тоа место при допир, немам болки при мокрење и имам нормален исцедок, белузлав и без мирис... Не сакам да одам на гинеколог, па ако можете да ми предложите некој лек, зашто многу сум исплашена... Инаку денеска два пати се миев со камилица, но нема некое големо подобрување, ве мооооолам за помош, поздрав
Еве и мене ми е така а јас си земав од аптека Кантарион вагитории на природна база се не се скапи 80 ден. и сега ми е подобро се смирив ахх Па пробај и ти позз
A ти да си појдеш на гинеколог?што е сигурно сигурно е,никој нема да ти каже овде лек,ке ти треба рецепт за тоа.Можеби ке поминеш само со инекции и апчиња.Јас си чекав па завршив во болница и ме сечеа и тоа без опојка.Појди си додека е на време
од вчера попладнето чуствувам еден таков свраб во вагината , не мозам да ви опишам дали знае некој од што би мозело да биде, некој совет инаку на гинеколог заказав за во среда(уште пред да се случи ова) ама кој ке чека до среда мислам дека ке се поместам од умот толку што ме чеша инаку ова за прв пат во зивото ми се случува
Инфекција некаква, а каква, мора да се направи брис или ПАП. И знам дека има начини да ти се намали чешањето, ама не знам дали е паметно да ги применуваш пред да одиш на лекар, затоа што може да се прикријат симптомите, а да не си излечена, т.е. да не покаже тестот инфекција, а да ја имаш. Наједноставен начин е измивање со чај од камилица и потоа или да оставиш само да се исуши долу или да се избришеш со чист пешкир претходно испеглан убаво (за дезинфекција). И патем, ова е совет кој ми е кажан од лекар .
тоа за чај од камилица е првото нешто што ми текна- а велам леле колку сум заборавена и си сварив чајче-чекам малку да се олади, па да се замијам(се надевам дека ке ми помогне) а за ПАП тестот во среда обавезно одам,мечка страв мене не страв
^^ Купи си јогурт Вита тој на БиМилк (со пробиотици), и миј се два пати во денот. Кога ќе се миеш малку со прстот обиди се внатре да се измиеш. Барем малку ќе ти помогне да го намали чешањето, додека да отидеш на лекар, мада мислам дека се работи за обична кандида.