Лекувањето се спроведува со примена на антимикотици, лекови против габи. Во третманот на габичните инфекции на женските полови органи се применуваат антимикотици-деривати на имидазолот: clotrimazol (Canesten, Plimycol) и полиенски антибиотици како што се nistatin (Nystatin, Moronal), amfotericin (Ampho-Moronal) i natamicin (Pimafucin) во форма на вагинални таблети, креми или масти. Терапијата може да трае од 1-7 дена. Кај честите, повторувани габични инфекции неопходно е да се спроведе терапија со антимикотици во вид на орални таблети или капсули: flukonazol (Diflucan) или itrakonazol (Orungal). За време на присутните симптоми, како и за време на терапијата се препорачува избегнување на сексуални односи.Со комбинирано давање на антибиотици и антимикотици се лекува мешаната инфекција со габи и бактерии. Исхрана: зголемено консумирање на растителна храна (свежо овошје и зеленчук), пиење на јогурт во големи количини, избегнување на јагленохидрати во исхраната. Воспоставување на нормална вагинална флора: по завршувањето на терапијата со антимикотици, во вагината може да се стават посебни тампони и средства со кои се обновува популацијата на нормално присутните бактерии, Lactobacillus, и со што се спречува повторната инфекција со кандидата. По спроведување на адекватен третман, знаците на инфекцијата потполно исчезнуваат. Повторувањето на инфекцијата или слабиот одговор на терапијата, обично укажуваат на постоење на намален имунитет, или на постоење на одредени заболувања. Во тие случаи, кај болниот е потребно да се направат дополнителни испитувања. A D E L A Вагитории се вагиналети (се ставаат вагинално)
Од некни почна да ме подболува едната усница доле, онака кога седам, ама носев едни фармерки прилично тесни и мислев од што ме стегаат.Се гледам со огледало се нормално изгледа ништо ново и изменето. Се пипкам и кога на усницата сосема близу до вагината под кожата тврдо топче кое на допир ме боли.Внатре значи површински ниту оток се гледа ниту ништо. И сега ме фаќа паника,незнам што би можело да биде Имала ли некоја нешто слично вакво, да ми каже што е оти и страв почнува да ме фаќа?
мислам дека не е ништо страшно,може да е само бубулица,се појавува и таму некогаш да...нема потреба да се плашиш скоро сум 100 посто сигурна дека е тоа
А од што се прави ова? И колку време треба од прилика за да ми помине еве ми се намалува болката и големината на топчето па се надевам ке ми помине
од се мозе да се направи,не е ништо страшно,од бриченје,од депилиранје,од се,а неколку дена скроз ке се повлечи,
Значи од вечра ме чеша таму долу. И тогаш кога не ме чеша, ако се почешам можам да се чешам цел ден пошто осеќам дека ме чеша само кога ќе се чешам, а кога ќе престанам со чешањето не ме чеша. Значи не ме чеша кај клиторисот туку осекам како внатре во дупката да ме чеша. Имам и белопрање. Велат ако белопрањето има потемна боја или жолта боја тогаш е инфекција, но моето си е бело. Ви се случило негогаш ова? и ако ви се случило што ви било? што сте направиле за да престане. Ако не направам ништо ќе престане самото или мора да превземам нешто? јас ставив павловичева маст пошто по мое логичко размислување нели на бебињата им ставаат на газето и таму долу затоа што вршат нужда во пелени и за сметот да не предизвика инфекција. Со тоа што ставив осетив мало подрбрување но сепак уште не е излечено како шо треба. Да продолжам да ставам павловичева маст? ве молам одговорете ми .... не велете да одам не гениколог затоа што ако сакам да одам морам на мама да и кажам а мене ми е незгодо ... таа ќе си помисли сум имала односи па затоа сум закачила инфексија, не сакам да се правдам. да давам објаснувања .... иначе имам 19 години и сум сексуално активна но само со дечко ми. Само со него сум имала до сега односи ...
Лили горе Славица ти има опишано се како да се излечиш. Нема место за паника, па и да треба да одиш на гинеколог не ти треба мајка ти, имаш 19 години. И замивај се со камилица наутро и навечер. И земи си од горенаведените вагиналети. Дадис грл, следи ја ситуацијата доколку е едно може само да биде поткожно влакно, ама сепак внимавај да не се размножат повеќе, тогаш се папиломи, кои бараат терапија со горење со течен азот.
неколку дена со камилица,ако не ти помине на доктор,инфекии не се добиваат самоод односи,пробај со камилица овие 2 3 дена
Доколку некој/а од femin/kite се пронајде во дијагнозава би го ценела нејзиното сериозно мислење! После првиот пап тест ми беше кажано дека на цервиксот имам раничка голема колку 2 денарка а, во записот од дијагнозата стои : cervicitis!!! за чие лекување ми беа препишани вагиналети и ништо повеќе. После второто милење од друг гинеколог пап тестот беше HPV позитивен и гинекологот инсистираше на биопсија. Ми беше кажано дека не е вообичаена процедура за девојки кои сеуште не родиле! Сепак, на 23 години направив биопсија од вулва и цервикс за типизација на HPV чии резултати беа негативни значи, резултатот не дава видливи траги од присуство на HPV. На крајот ми беше дијагностоциран cervicitis chronica virosa!!! Се прекуинформирав за оваа дијагноза од медицински сајтови и заклучив дека доколку имам цервикален херпес ситуацијата би ми била алармантна во однос на неопходност од итно лекување. Гинекологот после последната пап тест контрола ( овој август) ми рече дека состојбата ми е иста и дека требам да го појачам имунитетот со поголем внес на витамини. Информациите кои ги дознав за хроничниот цервицитис не се нималку наивни и затоа се чудам како доколку мојата состојба е хронична лекарот не ми препишува терапија? Ќе побарам и трето мислење секако... Но, симптомите на цервикалниот херпес се појачан вагинален секрет и болки - кои јас ги немам! Ме интересиа КАКО Е ВОЗМОЖНО ДА доколку предизвикувачот на cervicitis chronica virosa e HPV virusot (ова според дијагнозата на гинекологот) јас немам видливи траги од HPV вирусот во резултатот од HPV типизацијата односно од БИОПСИЈАТА ??????? Е сега... прочитав дека предизвикувачи на цервицитисот акутен па, потоа и хроничен можат да бидат : латексот, стрептококата, хпв вирусот, трихомонас и.т.н. Но, не ми е јасно како е возможно да докторов тврди дека мојот ХРОНИЧЕН ЦЕРВИЦИТИС Е ПРЕДИЗВИКАН ОД ПРИСУСТВО НА ХПВ ВИРУСОТ А, БИОПСИЈАТА КОЈА Е ДАЛЕКУ ПОВЕРОДОСТОЈНА ОД ПАП ТЕСТОТ НЕ ПОКАЖУВА ПРИСУСТВО НА ХПВ - ШТО ЗНАЧИ НЕМА ТИПИЗАЦИЈА НА НЕПОСТОЕЧКИ ХПВ ВИРУС, ИЛИ, МОЖЕБИ НЕКОЈ ЗНАЕ ПОИНАКУ???? Навистина ми е потребен совет затоашто по се изгледа баш какошто ми рече мајка ми... непотребно подлегнав на мрцварење да правам биопсија на 23 години без било каква анестезија (од други извори дознав дека за биопсија е потребна анестезија-можеби ме дезинформирале?) и имав страшни болки!!!! при биопсијата... БЛАГОДАРАМ МНОГУ dryad
Сите лекови од палетата на Канестен одат без рецепт. Имаш да бираш помеѓу пакување од една или од 3 вагиналети, односно за еднодневно лечење или за тридневно. Скоро иста цена се, околу 250ден. Но кога барав последните пати од таа што е една, во аптека ми рекоа дека тоа пакување веќе тешко се наоѓа.
леле девојко како си мозела да дозволиш да ти направат биопсија на 23 години БЕЗ АНЕСТЕЗИЈА (смајли што се крсти)
Докторот ме убедуваше дека е неопходно да биде во тек со прогресот на вирусот кој се испостави дека го нема!!! Мајка ми кога дозна се распамети и сакаше да ја тужи приватната ординација. Кога се консултирав со докторот повторно ме реубедуваше дека не треба да си играм играчки со здравјето затоашто еден ден треба да станам мајка. Резултатот од направената биопсија беше негативен самошто, очигледно гинекологот тотално изманипулира со мене за пари. ПАП,КОЛПОСКОПИЈА,БИОПСИЈА,ЕХО... А, јас уствари немам ништо!!! Автоматски како е возможно да имам цервицитис од вирусно потекло? Хроничен цервицитис од вирусно потекло??? Од причина што за да имам цервицитис од вирусно потекло какошто ми пишува во резултатот од пап тестот потрбна е ХПВ ДНА којашто за секоја среќа ја немам! ОМГ!!! Значи БИОПСИЈАТА се прави исклучиво со АНЕСТЕЗИЈА?????? и во поодминати години ...??? односно после ПОРАЃАЊЕ? Ова му доаѓа ко да сум отишла на АБОРТУС! Ужасно
знам што значи биопсија(иако мене до сега не ми земале ппп скраја да е ) и знам колку боли, па затоа ме чуди што ти ја правеле БЕЗ анестезија а дека гинекологот те изманипулирал за пари,мозеби, внимавај друг пат КАЈ КОЈ гинеколог одиш
А како би знаела колку боли биопсијата доколку не ти ја извршиле? Не посакувам НИКОМУ да му извршат биопсија од грлото на матката и од вулвата! :'( Грозно навистина грозно искуство кој што сака нека рече но, тоа ми беше ултимативното грозно искуство. Фала на постот! Дали можеби некој знае дали болката од биопсијата е рамна на АБОРТУС?
хмм.. мислам дека оваа тема ми е најсоодветна да пишам бидејки до сега не најдов нешто слично. Бев на микробиолишки испитувања и ми пронајдоа бактерија Ganderella Vaginalitis. Докторката ми кажа дека воопшто не е опасна, и како секоја бактерија треба да се лечи со антибиотици. Ми препиша Сумамед (три капсули од 500 mg.) и Кансен. Ама бидејки многу ја оптеретив со прашања, најбитното заборави да го прашам. Дали Вагиналетките Кансен да ги ставам паралелно три дена со Сумамедот, или откако ќе завшрам со него?! ако има некој слично искуство нека сподели! Мој совет до сите, редовни контроли на гинеколог, бидејки јас немав никакви симптоми.