1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Мисли си и теши си се.

    Јас не извадив, не донесов таква одлука а сега ќе трпам последици.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Што е розовото, не те сфатив?
     
  3. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    :rofl:
    Важи така нека е, кога немаш аргумент.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Еден куп лоши коментари имам за војска, полиција, газди, институции, ти ми велиш сум прикажувала розева слика. Што е розево? И дете во прво одделение знае дека не сме Швајцарија, не па јас да сум тврдела такво нешто.
     
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира сега откако го прифатија францускиот предлог нашиве |( дали вие со бугарски пасоши ќе се пишете б'лгари? Пошо, ко што читам ќе си ги бараат државјаните бугариве. Па, ако ве притиснат, ќе се пишете бугари? М? Во МК?
     
    На Andzelka23, CameliaMiller и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.517
    А зошто да не? Они веќе се продале, за пари, сега не е тоа нешто ново...
     
    На CameliaMiller и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Пошо продаваат приказни тука, па затоа да прашам?
    Знам инаку дека се продале, ама изговори еден куп имаат... оти само на нив им е тешко, ние другиве што не сме се прогласиле блгари, рози ни цветаат |(
     
    На CameliaMiller, Cka, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
    16год сум надвор, со македонски пасош. Икс прилики имав да зедам германски, секогаш се водев по тоа дека не ми треба. Каде и да сме оделе на одмор не било проблем агенцијата да обезбеди визата или директно при слетување да се добие, а освен право на гласање ги имам сите привилегии.
    Искрено, после сите драми и перипетии што ги читам, ќе поднесам барање за добивање на германски пасош:|.
    Внук ми дојде пред 3 месеци да работи во градежништво, без никакви квалификации, сертификати или познавање на јазик. Македонски пасош, виза. Ама оти ние средивме се од тука. Инаку на секоја фирма полесно и е да се рече да за работници со бугарски.
    Мајка ми дојде со македонски. Фаќавме адвокати, малтретирање, милион процедури и трошкови за виза. Секое продолжување се тресеше да не и речат не. Така со години, сега има бугарски.
    На брат ми веќе му е испран мозокот, цел ден е со пропаганди на фб, се смета за бугарин...блиску сум да го блокнам:tmi:|(.
     
    На Andzelka23, tessie, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Па колку што знам при самото вадење веќе се пишуваат бугари, што ќе им направи разлика пак да се изјаснат? Они веќе се бугари реално.
    На мм колега со бугарски пасош, мм го праша ќе одиш ки на протести, овој вика не бе брат, ја бугар сум.
    Така да...
     
    На tessie и Cka им се допаѓа ова.
  10. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Б’лгарски гражданин што би рекол маж ми :D
     
    На tessie, Cka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.303
    Ќе го земам бугарското, вусшност тоа и го користам.
    Знаеш зошто?
    Оти ми донесе подобар живот, бизнис, и тоа за само една година.
    Моментално ми се случи таков пресврт што ни на крај памет не ми текнува да бирам македонско државјанство. А знаеш зошто?
    Оти имам шанса да обезбедам деца и да живеат многу подобро.

    Што добив во Мк? Што дремев по штабови, што ако сакав да го работам тоа што го учев, морав да делам фалери и да бидам потрчко?
    Што ако отворев свое, рекетари уште прв ден на врата ќе имав и морав да спонзорирам партија?
    Гајле ми е за предците. Многу вложив, ништо не добив. Чекав до свои 33 години.
    Сум зела бг пасош. Да. Не кријам ниту ми е срам. За 10 год ќе се откажам од него.
    Мене и на моето семејство ми помогна.

    Можете до бесконечност да пишувате дека сме предавници и продадени за интереси, ама едно 90 посто иселеници живеат одлично. Мислете вие дека чистат тоалети само.

    Затоа намалете со осудите, со навредите. Како што секој си гледа интерес, така и овие со пасошите. Нема мене животот да ми мине бранејќи го Даме Груев и Гоце Делчев.
     
    На tessie, Dust, Orchidea и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Немам бугарски пасош и ни за плата од милион евра не би извадила. Сите знаеме која е ебаната состојба во државичево и дека повеќето луѓе буквално преживуваат, дека платите не се доволни за пристоен живот, тоа стои, дека сме граѓани со никави права во своја држава, и тоа стои. Ама има нешто поважно од парите, а тоа се честа и достоинството.
    Отсекогаш во светот и векот постоеле преселби за подобар живот, половина Македонија буквално се испразнила во 1950-1960 години од минатиот век, и никој од нив не се пишал за Бугарин, никој така подмолно не плукнал на телата и гробовите на мртвите предци...
    Сакале да работат во фабрики во Австрија, Германија и слично, уау, овде не сакале да продаваат ореви и аронија:rofl: одете слободно и среќно, ама не кукајте после колку ви е и таму тешко, па уште и да навредувате менталитет овдешен и слично.
    А за последиците кои се, не вреди веќе да пишува човек, актуелно е се со месеци и недели, иако беше и со години, ама во така малку затскриена форма.
     
    На SeaMermaid, Cka, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Не знам во Европа по колку земате со бугарски, ама веројатно 2.000 до 3.000 евра. На Блиски Исток даваа и по 6.000 долари, со македонски пасош, но таа приказна заврши засега. Кој фати, фати, кој искористи се среди.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Подобро би зимала и 2000 евра во Германија отколку овде минималец во три смени на нога физичка работа. Дипломата во фиока ми стои ради патриотиве по партии што се, што "не сакаат" да го погазат делото на Делчев и Груев.

    Ниту еден бе од тие што ги знам по странство со бугарски пасош не се пожалил досега дека црнчел таму. Сите викаат работиме и имаме убав живот. И не помислуваат да се вратат овде. Имаат многу можности, и за развој, и за образование, и за преквалификација. Самохрана мајка со три деца сега живот живее со бугарски пасош во Германија. Овде и го укинаа детскиот додаток оти земала една плата поголема од 20 000. Еј, самохрана мајка со три деца, како да преживее со минималец?

    Вие останете си патриоти, бугарите предавници, дремете си по штабови, лежете по администрации, гласајте си ги Таче и Мицко. Обичниот народ нека се снаоѓа, макар и со бугарски пасош. Бидејќи овде за него живот нема. Оти они ве продадоа, не овие циркузантите на врвот што се сметаат за богови.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.517
    Доказ дека способен е способен и без да се пише бугар.
    Иначе мајка ми веќе не разговара со брат и оти кажал дека дедо им е бугар за да земе пасош. Вика, ми го предаде семејството, не ми е веќе брат.
     
    На Andzelka23, SeaMermaid и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
    Искрено пред 15-20 години беше многу потешко да се добие виза. Почнав од нула, обична виза за бејбиситер, ама важно е добив шанса, после секој за себе како ќе ја искористи истата. Мислам дека денес е далеку полесно да се добие виза.
    Мајка ми пензионер, над 60, па повуци потегни, со години виза им земаше. Да беше помлада и да беше работоспособна гарант ќе продолжеше на таа карта, виза и нејзино континуирано продолжување.
    На бауштелено, без ниту збор да знаат германски, ниту ден да работеле во градежништво, земаат околу 2000еу. А до вчера за 250 работеле. Никој во фирмата нема бугарски, преку луѓе, или блиски на веќе вработени...еден по еден дошле. Не е лесно, ама на многу им успеало, и без да се медицински лица, ит сектор или слични професии.
    Од друга страна брат ми таму студираше и уште пред 25 години му се смени цел ментален склоп, он си верува, не го зел за работа, туку поради лично убедување.
     
    На CameliaMiller, Tanjamm и Cka им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.517
    Ама он у тоа верува. Подобро е тоа отколку за пари.

    И другарка ми сакаше да вади, па на средени документи, тој што посредуваше и побара секс ако сака пасош. Ја фати инат, колешка и му даде, а она се заколна дека пасош не вади никогаш. И работи со наш, после две години мака, за разлика од колешка и. Значи можело.
     
    На SeaMermaid и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Попрво ќе се омажам за документи, него пасош што ќе извадам.
     
    На MarijaMi90, Tanjamm, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    Значи за тоа што државава е у гомна не ви се криви политичарите туку оние кои земале бугарски пасош за да си одат од овде? Аман бе луѓе. Сериозни сте со муабетиве?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    За државава да биде ваква, сите придонесуваме. Политичарите не се од Марс паднати, ние ги бираме. И им дозволуваме да си играат ку* та*ак!!!
    Секој треба да си преземе дел од вината. Сите кои поткупуваат, фаќаат врски за мочање, не почитуваат закони итакодаље. Така што, да и "блгарчињава" наши имаат одговорност, особено за сегашнава политичка состојба. Има едно чудо отидени во странство без бг пасош. Можеби е потешкиот начин, ама може. Нашиве амеби си одбрале полесен пат и притоа уште и ти какаат над глава како си прост, неевропеец, неснајден, непатриот....
    Мислам!!!
     
    На Tanjamm и CameliaMiller им се допаѓа ова.