1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    А не мислиш дека се е смислено и нарочно направено? Дајте бе доста со поделби олабавете глави. Аман доста. Вмро- Сдсм, патеиоти- комињари, сега која поделба.. И сакаш после држава.. А бе Албанциве си се држат и си одат кон целите ние сами себе си ќе се изедеме.
     
    На Tanjamm, SummerGirl и tessie им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Што е намерно?
    И каде во мојов пост ти виде партиски поделби?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    Смислено е одамна од некој одозгора да се доведеме во дереџе да се земаат бугарски пасоши за да дојде до момент Бугарија да си прави ова што го прави. Системски е се сработено. Не е ништо случајно. А за поделби не реков дека ти спомна, туки како пример дадов дека само се делиме меѓу себе по секакви основи.
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Абе малце сами кон себе да се свртевме, се' некој друг ни' е крив.

    Да, сите имаме прво индивидуална одговорност за се', од заокружување на ливче, до пасош вадење.

    И да, криви се политичарите што сами ги бирале и бираме, битно уште ботовине се караат кој е крив, вемерото или сдсот (facepalm)
     
    На Tanjamm, MarijaMi90, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    Па тоа бе.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Е да де, ама да не ги правиме жртви со бугарските пасоши оти не се.
    Барем јас што ги знам, далеку беа од леб за живот да немаат.

    Ок што сакале подобар живот, ама малце самосвест дека не може да ти диктира Грујо, Бранко или некој трет колку треба или не треба да си го сакаш идентитетот.

    Малце прст на чело дека ние им даваме моќ.

    Малце да излеземе од улогата на жртви.
     
    На MarijaMi90, An-na и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    Сериозно мислите дека луѓето со бугарски пасош се виновни за ситуацијата?
    Секако дека не е невозможно да се работи со виза, ама зошто некој намерно би го одбрал потешкиот пат?
    И не, не е проблемот процедурата и чекањето, ниту тоа што првата виза е за 6 месеци и за неколку месеци пак треба да спремаш документации за продолжување.
    Проблемот е во тоа што ја немаш слободата што ти ја дава бугарскиот.
    Што ако сакам да сменам работа? Пак од почеток. Или уште полошо, ако сакам да ја сменам државата.

    Така што, пак ќе кажам, со виза сум, не по своја желба. Го чекам само денот кога ќе можам да земам германско државјанство, чисто за слободата што ја сакам.
     
    На nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Индиректно?
    Да.

    Покриви се оние што ги натераа да бараат комшиски пасоши, а и што дозволуваме двојно.
    Јас сум против двојно државјанство.
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    Можеш да си против ама цел свет прифаќа и двојно и тројно државјанство.
     
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Никој не дава така лесно државјанство... се си има цена. Кога тогаш ќе си го побара Бугарија арачот од тие што им даде државјанство. На кој начин, и што точно, не знаеме, ќе видиме... ама тие си имаат план некој. Затоа што не постои друга држава во светот што дели така државјанство, не е од шо се бугарите толку срцки.
     
    На Tanjamm, CameliaMiller и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    Па тоа зборам јас. Се е претходно смислено и со амин и од нашиве.
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Секако, тоа е само мое мислење, дека нашата држава не треба да прифаќа да можеш да имаш И македонско И бугарско државјанство.
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    Најискрено? Се каам што останав овде. Се каам што не искористив шанса и со бугарски пасош да се тргнам од овде. Ама имав надеж. 20 години подоцна се каам како никој.
     
    На dafe993 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Твое право Нена.
    За мене лично е најголемо понижување да се пишам Бугарка.
    Лично за мене велам.
     
    На Mrs. right, mssuniquee, Andzelka23 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    И за мене беше. Затоа и не се пишав. Затоа и останав овде. И се каам. Што имав шанса, не ја искористив. Оваа држава не е држава за да сакам да живеам овде.
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    За тоа се согласувам.

    АМА, пак за мене лично, гомна политичари не се причина доволно.

    За селење? Да.
    За побугарчување? Не.
     
    На Mrs. right и An-na им се допаѓа ова.
  17. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Еднаш се пишав, засекогаш се спасив. Јас барем така гледам на тоа.

    Ова што го напиша ти се зборови на мајка ми. Никогаш не е доцна. (fingers)
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    За што ме цитираше, да се пофалиш?
    Ај честито, шо да ти кажам.
     
  19. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Се надоврзував за муабетот дали и за мене е најголемо понижување. :|
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Супер шо не е, за мене уште е.
     
    На $ophia му/ѝ се допаѓа ова.