Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Вакво е мислењето кај тебе и за било кој друг пасош да го поседуваш или конкретно за бг само?
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Конкретно за бг.
    Јасно е мислам.
    И ене ги, имале малцинство во Македонија според нивна евиденција.
     
    На Tanjamm и Mrs. right им се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Зарем немаат? Мислам, со сигурност 70% Македонци што зеле не се во МК, ама сепак штом фигурираат и имаат и такво и такво државјанство, тоа си влегува во систем исто.

    Бугарија има право да бара што бара. Морал во политика нема, исто како и бесплатен оброк.
    Земаш друго државјанство, имаш и задолженија, не само права.

    Идејата е да го направат тоа што го направија Албанците.
     
    На Tanjamm, Mrs. right и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Имаат и си имаат легитимно право да си бараат права за фантомските бугари овде :)
    Ама... сами сме си криви. Да ги укинеа двојните државјанства, ич немаше мува да ме лази.
     
    На Tanjamm и Mrs. right им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.759
    Допаѓања:
    14.209
    Уште ништо не бараат. Ова е само голицкање. Допрва ќе бараат. Со 120.000 Бугари, ќе си бараат јазик, квоти во администрација. Јас да сум на нивно место кантони ќе си барам. Друга работа, ние да сме во позиција да сме населени во пола Тирана, Атина, Белград или Софија, ќе молчиме? Да сме како Албанците, да имаме толкав појас како западна каде доминираат демографски, ќе молчиме? Да сме дале 120.000 пасоши, ќе молчиме? Ептен сме никој и ништо, инаку немаше да молчиме. За ваков народ и оваа држава е премија. Македонците во Бугарија одамна се побугарчија, сега во Албанија тоа се случува со правдање економски причини. Волку продаден народ е реткост. Дај му мастика, ќе го купиш. Македонија во иднина ќе ја нарекуваат веројатно како Босна, ничија земја, сечиј проблем. Бугарите барале сега да купат народни носии на кои имало левови. Си имаат агенди.
     
    Последна измена: 20 јануари 2024
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    41.120
    Пол:
    Машки
    Немаме ние Бугари. Дали 3000 се изјаснија како такви на пописот. Ако овие се изјаснат како Бугари кај нас, тогаш може да бараат. Сега може само да лаат.

    Овака, по твојата (скарана) логика, каде сите овие 120 000 се напишани на иста адреса во Софија, имаме и ние право се да бараме, и јазик, и права, и кантонизација.
    А, да. Ние секако имаме Македонци таму сигурно цел милион. Ете ги Омо Илинден, секогаш гласни, ништо не добија. Им кршеа штабови, ги угнетуваа, протеруваа, закануваа.
    Каде е ЕУ да реагира?
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.759
    Допаѓања:
    14.209
    Џабе ми кажуваш мене. Знам јас дека нема 120.000 Бугари. Арно ама тие 120.000 Македонци не беа киднапирани, па присилно однесени во Бугарија, не беа тепани да се пишат Бугари, туку очи истераа, се направија да се пишат Бугари. Самите се криви. За мене човек што потпишал лажна изјава за националност е ситен криминалец, а не е крупен оти немал пристап до голема сума народни пари, инаку крупен ќе е. Бугарија е ЕУ, ние сме трети земји. Па нашава Влада не ги ни спомнува тие Македонци, треба да се буниш да реагира некој. Македонците во Бугарија си имаат поубав живот од овдешниот и не ги занима дали ќе се Македонци или Бугари. Тие што се бунат за македонските права не се 10 души во Бугарија. Од нив Стојко Стојков е стабилен човек, а другиот Кирјаков ги пцуеше и навредуваше нив. Каде беше тој милион кога се отвораше клубот Никола Вапцаров? Исто ти е и во Грција, имам стрина Егејка, утре да им речат на тие Македонци да се спојат со Македонија, ќе плачат за Грција и за тие услови. Некои не ги интересира ни македонскиот јазик да го учат. Ако животот во Бугарија е убав, Бугари се, ако животот во Грција е убав, Грци се, е сега во Албанија ќе е иста песна. Работата е што Бугарија ги има во рака тие Македонци, има нивни податоци, изјави, во секој момент може да извади листа колку пратеници се пишале Бугари, градоначалници, министри, а ние што ќе вадиме како доказ? Еден клуб сме отвориле, брее, па тие овде 3-4 отворија. Кој е протеран и каде? Таму се, си молчат, си го гледаат животот, што ќе им даде Македонија кога и овде Македонците се граѓани од 3-ти ред. Стојко Стојков не знам дали е пред пензија или е влезен, другиот претседателот на клубот многу стар човек, накај 80 години може е, не говореше на македонски јазик, на бугарски даваше изјава за македонски медиуми. Да дојдеа 20.000 Македонци од Бугарија на отворањето на клубот, да бараш права, вака што ќе бараш?

    Две Илинден има во Бугарија, организација и нерегистрирана партија, па и за тоа Кирјаков се бунеше по македонски медиуми, пушташе соопштение да не ги мешаат. И што кога тие луѓе ќе ги нема? Прашањето ќе се затвори трајно, а овдека дотогаш не знам колку Бугари ќе има.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Помалку, 2000 и нешто беа.
     
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    41.120
    Пол:
    Машки
    Епа, со толку само на овакви пропаганди како горе може да останат. :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.759
    Допаѓања:
    14.209
    Според бугарскиот попис на населението, во земјата има 1.143 Македонци.

    https://faktor.mk/popisot-pokaza-kolku-gragjani-vo-bugarija-se-izjasnile-kako-makedonci

    Сметајте дека во таа бројка барем 100 се Македонци од Македонија со македонски пасоши кои отидоа да студираат во Бугарија и таму останаа. Знам и такви, две сестри од овде, отидоа да студираат и таму си останаа, си имаат убави плати и не мислат за враќање.

    Статистички пак испаѓа дека има повеќе Бугари во Македонија, од Македонци во Бугарија, а Бугарија е доста поголема од Македонија и плус е и во ЕУ, сега и во Шенген ќе влезе.

    Не што посакуваме ние, каква е реалноста. А реалноста е дека Курти сака да учествува на избори во Македонија, албанската власт ќе следела како ќе се одвиваат изборите во Македонија, дека имале малцинство, секој ден некој Македонец станува Бугарин, ние ќе сме уценеле некого. Ниту било, ниту ќе биде.
     
    На s.a.m.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.035
    Допаѓања:
    9.856
    Пол:
    Женски
    Ах, па тие што не извадија бугарски пасоши иако беа во можност, ова општество да не ги награди или фала да не им кажаа сограѓаните што гледаат по туѓи дворови.

    Само од инает е човек да оди да си извади, ама долги и досадни биле веќе процедурите, па некако не вреди за маката.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.759
    Допаѓања:
    14.209
    Србија се потресе за бројките, оти неколку илјади во Јужна Србија земале бугарски државјанства, имаше по медиуми дека не е шега тоа. Не се работи за Срби, се работи за српски Бугари, значи од 13.000 вкупно, скоро пола си земале бугарски пасоши. Нагласено беше Јужна Србија, а српските Бугари се во два града, Димитровград и Босилеград, ако проверите демографија, ќе видите дека таму се, тие се, Бугари се. Нашиве што се шетаат по Германија со бугарски пасоши, во чија амбасада ги менуваат тие пасоши кога рокот ќе им истече? Па во бугарска. И замислете тој народ дели лекции по лицемерие. Абе како се за ќотек, за протерување од западните земји со трајна забрана за влез во шенген, и за одземање на сите права што таму си ги стекнале, ууффф. Само да се протера домче, бришење од систем дека работеле таму, не, не, измамнику, не утре германска пензија да лапаш во Македонија. Одземи му имот ако таму нешто стекнал, сите права одземи му ги, и протерај трајно, а не ем се продало ко крава на сточен пазар, ем лекции ќе држи и ќе продава фанатизам.
     
    Последна измена: 9 август 2025 во 18:43
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.450
    Допаѓања:
    22.239
    Пол:
    Машки
    Тања полицемерни ми се вработениве во државна администрација под превезот на патриотизам и ми држи лекции како се сака Македонија. За неколку мајка, а за повеќето МАЌЕА. :)


    Па сеа види ти НЗС
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.759
    Допаѓања:
    14.209
    Напротив, ако немаш бугарски пасош како глуп те сметаат па дури и со сомнеж се обраќаат тука на форумов. За идентитет ќе зборуваат после. Час Бугарин, час Македонец, час во Германија глуми лажен Германец, нема ни свест ни идентитет, има само желба да се шират ненормални појави, да се нормализираат истите, па згора и се мислат нешто посебно, мислиш светот треба да им ликува. А за права во Бугарија, тоа треба жестоко бунење, отпор, протести, бојкот на избори, институции, а не измислување приказни дека им кршеле штабови, немало штабови еден клуб имаше со квадратура на бања, и жена го скршила со камен излогот, најдена беше таа и го признала делото. Лично очекував дека Бугари ќе излезат масовно и ќе има ќотек, но не, немаше такво нешто, освен 10 будали со Џамбаски што си стоеја настрана, проблем не направија. А Апасиев како провоцираше и зема усб на бугарски граѓанин и црвена младина закачи транспарент со провокација дека ни пиринска не била нивна, што да ти кажам, косоварите така прават. Милион биле, пола милион биле, 300.000 биле и освен Стојко Стојков, еве 30 години друг не се јави да даде изјава.
     
    Последна измена: 9 август 2025 во 19:04
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.759
    Допаѓања:
    14.209
    Ако ми се обраќаш мене, не работам јас во државно, нити сум работела. Цело време сум во приватен сектор. Менување на идентитет се минимизира тука, мислиш геврече си купиле, ситница. Која ти е вредноста ако си се продал за пасош? Додуша и револуционерите оделе на печалба во Бугарија, на школување, не земале пасоши, ама веројатно се пишувале Бугари значи се било исто со векови овдека, продадено ст, за ситно, и се нормализира, морало.