1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Не би извадила бугарски пасош, освен ако не морам.
    Досега, не сум морала.
    Ги разбирам луѓето кои сакаат да избегаат од недојдијава и разбирам зошто вадат бугарски пасоши.

    Само сакам да кажам дека, не треба да се чудите кога бугарите бараат права за 'бугарското малцинство' во државава.
     
    На sj *O*, Dumbledore, Cosmi и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    5.028
    Дечки, немојте нас да не гледате како предавници на државава дека имаме извадено бугарски пасоши- предавници на државата се политичарите кои ги гласаме изминативе 30 години за подобра иднина, а сите останавме со прстот в уста додека тие ги испокрадија нашите пари.
    Сигурно дека од убајна ние не си заминавме од Македонија, сигурно дека од убајна не вадевме бугарски пасоши. Верувајте дека ако беше обратно и ако Македонија беше во ЕУ, бугарите ќе вадеа масовно македонски пасоши баш ради истата причина- и кај нив не цутат рози и цела младина им е испозамината низ светов.

    Ќе ви ја кажам мојата причина зошто вадев бугарски- дипломирав со одличен просек и НИКОГАШ не добив шанса да почнам со работа во секторот, зошто? Не бев политички активна, не одев по партии, не лепев плакати, не се пикав по кабинети, не сум „од браќата“, немав 5-6 илјади евра да ги закачам на некоја си таму икс личност за да ја ПОДМИТАМ за да работам тоа што го завршив со ќеиф, со знаење, со просек, со вложени пари од моите, со нервози за професори и оценки. Аплицирај ваму-таму никој не те прима оти на сите огласи стои дека вработувале 1 македонец и 2 албанци кои од претходно се знаат кои се, ти џабе губи време да даваш пари за да ги испособереш сите „документи“. Доаѓам од помал град така да ги знам скоро сите вработени во секторот и многу добро знам од каква позадина доаѓаат, па така си се вработиле.

    И сега јас сум предавник што сакам да имам нормален живот, да најдам добра работа, да имам убави можности, да можам да си дозволам утре дете да гледам, да имам стан/куќа, кола и платени сметки и храна? Гледајте го малце пошироко проблемот, а не одма да покажувате со прст. Погледнете што се дешава во Македонија и после наоѓајте кој е крив кој е прав. Очи испокопавме наши со наши, па после со сите соседи и цел свет. Ние ќе се расправаме, ќе гниеме по затвори ама политичарите после пресови ќе си седат во најлуксузни кафани и ќе трошат НАШИ пари.

    Ве разбирам и вас што имате поинакво размислување ама помлади сте, уште живеете кај мама-тато и најверојатно сте се уште средна школа или факултет, ама верувајте кога ќе се соочите вистински со животот, кога ќе стоите пред предизвикот да најдете добра работа (да го работите тоа што сте го завршиле и сте вложиле многу труд), тогаш ќе го разберете сето ова што го имам напишано.
     
    На Golden, senza.parole, Doc и 35 други им се допаѓа ова.
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Веќе го спомнав ова, никој немам видено да обвинува луѓе кои извадија бугарски пасоши за да заминат од економски причини. Потполно ве разбирам, посебно агонијата од тоа што овде систематски сѐ пропаѓа од непотизам и нечии алчни амбиции тотално незаслужени.

    Но пак ќе речам, поради политичари и бизнисмени патриоти кои користат ситуација преку бугарски пасош, и вакви како членката која навредуваше дека сме глупави зошто ќе сме чекале повеќе на аеродром или за виза поради мк пасош не можам да премолчам.
     
    На sj *O*, Tanjamm, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Бре... 13 години постои форумов. Мислев до сега се научивме дека треба само да пријавиме мислење и да си кажеме свое без да го цитираме спорното мислење и само да продолжуваме расправија.
    Пријавете навредливо мислење, не цитирајте и реплицирајте, еве, 4 страници отидоа во ѓубре.
    Банирана е од цел форум @Traveler91, бидејќи по опомени и опомени пак со истото.
    Ако дискутирате нека биде без навреди.
     
    На sj *O*, Tanjamm, felisitas и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    5.028
    Ова не го спомнав, бидејќи немав потреба да го дискутирам искрено. Ќе чекаш на граница со секаков пасош, јас не знаев кој вади бугарски за шетање, ете имало :D Исто е на секоја граница и нема кај не можеш да одиш со македонски пасош, тоа е апсурд. Дај Боже да имаш доволно можности и цел свет да си го прошеташ со македонски пасош, тоа не е спорно во тематикава.

    За политичарите… no comment, кажано е се за нив :( Кој разбра- разбра.
     
    На Elennaa, sj *O*, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Aj за егзистенција ќе разберам, за шетање - не, ама ќе се потрудам :D :D :D ама знам неколку што го имаат извадено онака, да им седи дома.... може ќе затреба.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. G.Müller

    G.Müller Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    33
    Моите дедовци биле партизани ама јас не сум фанатик и будала да се препотувам мртвите предци дали ќе се превртат во гробот. Знам дека и да беа живи не би ги погодило.
     
    На sj *O* и Аргентина * им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    55.256
    Пол:
    Женски
    Од една страна можам да видам зошто вадат луѓето ваков пасош и се обидуваат да преживеат, ама за мене лично е големо понижување и никогаш нема да се наречам бугарка.
    Ако толку не можам да успеам во државава ќе се иселам таму каде што не е задолжителен тој пасош. Не е само ЕУ на светов прва и последна.
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.944
    Пол:
    Женски
    Кој зошто и како вадел бугарски пасош ич не ми е гајле, се додека не ме допира мене лично, a и државава. А, се знаеше дека кога / тогаш ќе се спомне и тоа прашање.
    Ај, тоа... туку ми се приповраќа од б'лгарчињата наши кои се најголеми патриоти од странција. Јадат го*на за државава, за името, за петко, за станко... пошо они нели ногу ја сакаат Македоња, ама ради политичарите се исселиле и дека не биле партиски поттрчковци.... А, едно чудо знам кои тука буквално дремеа во штабови, па кога се смени власт фатија џаде. Истите тука фаќаа врски за до вц, ама таму се најголеми еуропејци :D
    Тоа до државата не е, до вас е „господа„ Всушност, државата ја правиме сите ние кои живееме или сме живееле тука ;)
     
    Последна измена: 12 јули 2022
    На S.W.A.G, Ahoy, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Секако, но она што сакам да речам со други зборови како тоа стратегијата не е обратна скоро 2 децении, не бугарите како тоа не го гледаат, туку македонците.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Имам бугарски пасош од 2017 година. Сега веќе имам извадено и на ќерка ми. Извадивме покрај татко ми оти тој има, и за да може да не повлече на запад и да неаме никакви проблеми со влечкање, средување документи за виза. Конкретно во Германија во местото каде што сме ние освен McDonald's ретко која друга фирма ќе те вработи без дозвола за работа и која самата таа фирма треба да ти брка докоменти за да ти среди виза. Ние не бегаме само ради тоа што се мали платите во Македонија, бегаме оти има подобро здраство, подобра собраќајна култура, подобро школување, подобри закони во секоја област(барем според мене). Никој не ти гледа како си облечен, шо телефон носиш и каква кола возиш. Имам уште многу да пишувам ама мислам дека не е тоа темата.
    ИМАМ БУГАРСКИ ПАСОШ И МИСЛАМ ДЕКА Е НАЈДОБРАТА ОДЛУКА.
    Не ме интересира политика, нити сам се залагала за некоја партија, нити пак иам објавувано по социјалните мрежи нешто во врска со тие работи.
    (доколку некој не му се свиѓа моето размислување нека не ме реплицира тоа е само мое мислење и мое изглагање и така јас ги гледам работите)
    Убав ден на сите.:)
     
    На angie88, Doc, ladydy13 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Немам и нема да извадам. Никој близок во моето семејство нема. Сметам дека немам потреба од таков пасош, со својата струка, образование, стручност и искуство не би имала проблем да се вработам надвор од границите и со нашиот. А главна причина за оние кои го вадат мислам дека е егзистенцијата. Има пониско квалификувани кадри за кои е тешко да дојдат до подобро вработување како тука така и во странство.
     
    На Tanjamm и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.110
    Допаѓања:
    124.791
    Пол:
    Женски
    Немам и нема да извадам.
    Кој си ја сака државата и кој е трудољубив и борбен и тука ќе успее да постигне нешто.
     
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Како се добива бугарски пасош? По потекло на предок? Се извинувам ако е глупо прашањето, досега мислев дека е така...многу така добија хрватски и словеначки ЕУ пасош, па по таа логика...
     
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    24.920
    Пол:
    Машки
    Не сум извадил. Млад сум а и не ми затребал досега. Апсолутно ги разбирам луѓето што вадат бугарски пасош, знам премногу луѓе од мојот град што извадија и скоро сите извадија за подобар живот.

    Не ги разбирам патриотите со бугарски пасош ама тоа е друга тема на муабет. :D
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Јас само едно не сфаќам.

    Разбирливо и во ред е, индивидуално да се откажуваме од идентитетот и да бидеме Бугари за подобра иднина на нашето семејство, ама не е во ред ако колективно ни го тоа направат поради истата причина за подобра иднина (да кажеме дека навистина ќе влеземе во ЕУ). Окееееј. :D

    И јас не сакам да го прифатиме предлогот ама не се правам на Тошо дека демек на овие со бугарски пасош ептен им е битен македонскиот идентитет ама од зор изјавуваат дека се Бугари. Мислам, секако е од зор, ама дека им е битен македонскиот идентитет... тешко. :D Ај ако не да им олесниме и да не протестираме против предлогот, па да не мораат од зор да идат на интервју за бугарски пасош. :D
     
    На Ahoy, MarijaMi90, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Нема шо колективно некој за мене да одлучува. Нели напредно општество сме, демократија, ова она.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    За некој кој веќе е решен да се откажи од идентитетот, што е битно дали насамо ќе го направи тоа, или колективно?
    Решен е.
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Многу назадно размислуваш за демек напредна личност. Се бориш за правата секој да се осеќа како сака, освен македонецот.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Не збораме за мене.
    Збораме за оние кои се веќе решени да се откажат од идентитетот.

    Зошто ним им прави разлика дали е индивидуално, или колективно?