1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Шо ми е гајле мене дали ним им прави разлика или не!!! Ти ете пример сакаш, откривме по постовите, сакаш да не напрат бугари… зошто твоето сакање да треба јас да го прифатам и да си го игнорирам моето?
     
    На Ева33 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.933
    Допаѓања:
    12.590
    Верувам дека има примери како девојката погоре која во мал град имала проблем со вработување, но такви примери би имало колку? 4.000, 5.000 во Македонија, а не 120.000. Мислам дека масовното вадење на бугарски пасоши се должи на менталниот склоп на Македонецот. Ем сака се по скратен пат, да не се мачи, ем гледа кој што прави и така постапува и тој. Значи нема став, нема мислење. Ако стане тренд да се скока во бунар, ќе скока и тој, иако е животозагрозувачки. Е така налупаа толку пасоши, иако разбирам дека во некое пехчевско село, животот е угоре високо, удолу длабоко. Мојот газда велеше дека ќе си извади, ќе се правел прав Бугарин, арно ама од шетање по Европа не нашол време веројатно да се треска до Софија. И нема бугарски пасош. Што ќе му е бугарски со толку капитал? Сега оди на протести против француски предлог. Тоа е таа македонска кратковидост и нестабилност. И гратис да ми дадат мене не ми е потребен и не знам за која цел би го користела, хипотетички.
     
    На FreeToGo, SuperGirl24 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  3. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    5.028
    Точно, врз основа на старо потекло може да се добие.
    Пред многу години давале државјанство само со потпис дека си бугарин така имам слушнато, не знам колку е веродостојно. Потоа имаше период кај што издаваа државјанства и со помош на лажни крштеници од некои посредници од источна Македонија, но сега е прилично стегнато- исклучиво со стар документ за потекло или евентуално преку родител, дедо, баба со бугарски документи. И да, многу луѓе имаат земено словенечки и хрватски документи на истиов начин, ама за нив уште не е дојдено време да се дискутира :) Дури и со воодушевување се кажува дека некој си Петко имал словенечки документи, алал да му е и блазе си му :D

    Нема да се објаснувам дали ние сме го избрале ‘полесниот’ пат и дали не сме се труделе во Македонија доволно, само ќе кажам еве вие што доаѓате со добра и перспективна образовна позадина спасете ја државата, останете во Македонија ако се чувствувате задоволно- никој не ви брани :) Нашите факултети и труд не беа доволни за да успееме, ама среќа ете ве има вас во голем број, па ништо не е загубено се уште.
     
    На lovely91, MilaSs12, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Така е...поради тоа и прашав...како и да е, се е тоа човечки, секој се обидува да се снајде.
    Сепак тоа не е причина за едно големо НЕ во моментов, бидејќи прашање на опстанок е сега.
     
    На sj *O*, Tanjamm и Кена Рис им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Кај пишав дека 'сакам да не напрат бугари'?
    Ај цитирај да видам.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.083
    Допаѓања:
    87.654
    Пол:
    Женски
    Не те обвинувам.Ги обвинувам овие што се направиле Бугари и сега попуваат од надвор,и сега се патриоти,бранете ја државата.Дистанцираност во овој случај е најдобра.
    Инаку има разлика Словенецот нема да те словенизира,Бугаринот тоа го правел со политичка цел.Бтв словенечко и хрватско државјанство екстремно тешко се добива и со потекло.Многу малку имаат добиено,многу ригорозни закони имаат.
     
    На sj *O*, Elennaa и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    И покрај тоа што се иселив од државата со виза, криво ми е што немам бугарски пасош. Студирав во Бугарија, и сепак не извадив пасош. А искрено, далеку е полесно и помалку комплицирано со европски пасош.

    Ги разбирам сите кои се решаваат на тој чекор, без разлика на причината. Некои си вадат чисто онака да им се најде, и можам да им кажам браво за тоа. Не знаеш што носи животот и дали утре ќе имаш потреба од ЕУ пасош. Ако не ти, можеби ќе им е од полза на твоите деца.

    И не, не го гледам како понижување, Искрено ме боли кога гледам како ни тоне државата се повеќе и повеќе, ама јбг, секој гледа да спаси глава.
     
    На Tinkerbell11, LucyLu, lovely91 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    takvo e vremeto jbg
     
  9. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    ne bi rekol
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.933
    Допаѓања:
    12.590
    Хрватите мислам дека не даваат така лесно пасоши како Бугарите. Имам вујна Хрватка, ама братучед ми не успеа да извади хрватски пасош. Хрватите немаат претензии на македонска култура, историја, територија. Не ја обвинувам девојката од погоре, може немала избор, ама човек со тон пари не е да нема избор. Друго како човек кој почитува закони, никад не би потпишала лажна изјава, не би извадила фалсификат документ, не сум криминалец да вршам кривично дело.
     
    Последна измена: 13 јули 2022
    На Mikha4 и Cosmi им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.944
    Пол:
    Женски
    ????
    Ова нема врска! За Словенија со сигурност знам дека се ептен ригорозни. Маж ми со потекло (такто словенец) го одбија еднаш, па по втор пат доби. Воопшто не е исто со бугарите кај кои се добиваше државјанство на жими мајка. И јасно е зошто бугарите го правеа / прават тоа, а нашиве лабилни „патриоти„ се фатија на мамката ;)
     
    На JuLleE, Angie1432, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Каков глуп муабет од небесни пропорции. Токму затоа што не е за тебе не ти пиша дека ти мора да извадиш туку тоа што нејзе и' било приоритет, а ти го омаловажи со нафрлање произволни размери и епитети. Ако тебе не ти е приоритет, не значи дека на друг не му е. Надоградување во патување секогаш е добро во животот и човек што патувал ниикогаш нема да се обрати на овој начин.
    Патем, може да има роднини и затоа и' се привлечни дестинации и е важно колку време ќе помине во нив, ама не, полесно е да се омаловажи некој, а не да се праша.
     
    На sj *O* и Аргентина * им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Муабети од типот ,,кај шо сум била ја и колку пати сум била ја таму, ти никад нема да можеш да идеш", баш зрачат со енергија на личност која се надоградува себе преку патувањата.
     
    На Bitter-Sweet, SuperGirl24, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.
  14. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Одговорот на тоа баш и не зрачеше дека е на повисоко ниво, плус што навреди еден куп луѓе во обид да се покаже нешто повеќе и поразлично од нејзе со останатие генерализации.
     
    На Tanjamm и sj *O* им се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Мене не ми смета што вадат пасоши ми смета мрзеливоста и неамбициозноста кај младите, што се научени ќе вадам БГ, ќе си платам ич да не се замарам.

    И што со тој БГ пасош? Ем ќе дадеш пари, ем неизвесност дали ќе го добиеш, ем ќе чекаш 3 4 години, зошто? За да стискаш сендвичи во Мекдоналдс.

    За тоа време можеш да научиш јазик, академија за програмер, средно медицина, занает и да извадиш виза за квалификуван кадар. Со БГ пасош се процедурите во ЕУ полесни, но не знаете какво ниско мислење имаат за Бугарите и Романците во ЕУ. А друго е кога ќе кажеш имам виза за квалификуван работник.

    Уште попоразително е што тие истите млади луѓе скоро сите завршиле факултет (ај постарите немаат избор).
     
    На christinnn, Amellie13, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.933
    Допаѓања:
    12.590
    Убаво си кажа. Ама на кој му гори под нозе ќе замине веднаш, не да чека 3 или 4 години. Не ја сфаќам логиката на тоа чекање, па одење од шалтер на шалтер, па подмитување во Ќустендил, па во Софија, па фалсификување документи.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Делумно тоа е точно, но делумно и не е, затоа што на листата за вработување првин предност имаат домашните државјани, потоа останатите од ЕУ (на пр. бугарски во Германија, Данска, Франција и тн.) па дури потоа останатите, на пр. македонските.
     
    На fast_and_curious му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.124
    Пол:
    Женски
    Немам и нема да имам. Можам да одам кај што сакам да одам и без него. Мислам, Македонка сум, нема потреба да се правам нешто друго. :mm:
     
    Последна измена: 15 јули 2022
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.882
    Допаѓања:
    132.470
    Бугарите со намера барат изјава каде што ќе кажеш дека дедо ти, татко ти е бугар... сега кога ќе извадат документите колку од овие со пасоши кажале дека и нивните предци се бугари, ќе има повеќе бугари од македонци у државава. Они со јасна цел бараат да бидат ставени во уставот.
    Исто така ќе ги условат овие со пасошите дека ако ненаправат не знам што, а што ќе влијае на бугаризацијата на македонците, ќе им ги одземат пасошите оти дале лажна изјава и ќе одговараат за тоа, па овие ќе мораат и против македонците да одат, а тоа сигурно ќе го направат, без исклучок.

    Е тоа што кај нив не постапјат македонци и не смеат да постојат, а ние ќутиме за тоа покажува кој какви претензии има.

    Сите што зеле пасоши се мотивирале од лична корист, знаејќи дека штетат на државата. Истото ќе се слуува и понатаму, оти за лична корист повторно ќе го направат истото, и пак ќе го направат, не им е гајле за другите.

    Затоа да ги оставиме на страна овие пробугарчениве, они и бугарите ќе ги предадат, како што си ги предале родителите и државата, за следна финансиска корист. Единствен начин да не наштетите на семејството и државата, а да одите надвор е да вложите во себе. Оти не е невозможно , ама потешко е. За краткорочни пари, нема смисла да се прави предавство на семејството.
     
    На Srckata28, mssuniquee, Daniela93 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Сакаш ли да кажеш дека се давале пасоши без проверка и докази, само врз основа на изјава дека дедо, прадедо биле Бугари?
    Можно ли е тоа правно?
    Јасна е нивната политика и за жал долгорочно планирана очигледно.
    Сите треба да излезат во одбрана на македонскиот идентитет, бидејќи и повеќе од јасно е, дека во спротивно истиот нема ни да постои...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.