Да. На почетокот ептен лесно делеа. Потоа као стегнаа малку ама... први братучеди зедоа државјанство со документи каде што името на дедо ми беше напишано на бугарски. А знаеме дека во втора светска војна еден период бугарите биле окупатори тука и се било на бугарски Дедо ми сигурно се превртува во гробот сега, пошо го направија бугар
И ние да бевме во ЕУ и бугарите би вадиле кај нас пасоши. Јас немам бг пасош ама сум во ЕУ со виза и искрено жалам што немам. Да имав ќе бев во друга држава за подобар живот. Да беше арно во мк никој не би заминал.
Да може ама да одам 3 месеци да поседам некаде и да си одам. За работа секаде барат Еу пасош, а на црно тешко веќе да фатиш некаде работа плус ризик е.
Има фирми што вадат лични документи и за Македонци и за Срби и за Албанци, секако три месеци во Швајцарија и на било кое друго место не можеш без работа да останеш финансиски е невозможно да се издржиш.
Да ама јас немам никаков контакт со тие што вадат документи плус повеќе се градежни фирми. Како и да е секој што има бг пасош не го извадил од арно и затоа нема да ги судам тие што имат.
Еве тие што извадиле нека кажат основ по кој им се давани. Јас знам дека даваат изјава или документи дека предците им се бугари.
Претурете дома, наоѓате сведителство од баба ви дека учела на бугарски во време на бугарската окупација, плус некоја изјава се заверува на нотар, подмитуваш на 5-6 места бугарски државни службеници кои се врзани и знаат што прават, чекаш неколку години и ќе ви дадат. Знам и Срби што земаа, а имаат презимиња на ич. Апсолутно мислам дека ќе дојде ден кога овие лажни Бугари ќе бидат фатени во замка и лично уценети. Имаш адреса фиктивна во Бугарија, а плаќаш ли данок на пример на државата Бугарија? Што ќе ги снајде допрва останува на фантазијата на Бугарија. Само наивните мислат дека некој негде дава гратис, без интерес.
Со документи, во кои предокот напишал дека е Бугарин е поинаку, без оглед дали навистина истиот се чувствувал така...и други држави даваат по тој основ. Но,само со изјава е чудно. Како и да е, потомците на сегашните сопственици на бугарски пасоши, се подмирени,т.е определени...
Епа три генерации стануваат бугари наеднаш - оној што аплицира, родителите и неивните деца. Све за љубав.
Брат ми кога вадеше бг пасош пред 7 год на интервју што беше го прашале как се осешта как блгарин или македонац. Тој рекол Блгарин, го прашале каква е неговата фамилија тој рекол Блгари. Плус ги прашуват за нивните државни празници на која дата се. И уште нешто братучетка ми на адресата во бг што била пријавена уствари било место на пошта мораше лани адреса да менува.
Се знае зошто се зема бугарски пасош. Куферите и во странство. Јас имам и не ми е галје воопшто за политичките позадини, за скоро се селам и ако го немав бугарскиот не знам што ќе правев сега, имајќи предвид до каде дојде Македонија со нашиве политичари за жал. Оти реално сите што не осудувате зошто ги гласате политичкиве партии?
Јас пак сите што ги знам со бугарски пасош извадено уште се во Македонија. Дел ги спречи короната, па сега се мислат што како, а други ваљда го имаат за да се најде. Не знам. Имам двајца први братучеди од поблиска фамилија што извадија последниве години. Едниов едвај зуцнува за тоа, кажа и да не зборам наоколу дека имал, што значи не дека самиот се радува за тој момент. Е сега има факултет што не се бара во странство, не е баш квалификуван и ко што гледам, не се форсира да го поправи тоа, па затоа останува пасошот ко потег. Му нуделе камион да вози, ама он ќе почекал. Па ако сакаш камион да возиш, реално што ќе ти е селење, пошто нема некој лош живот во мкд. Ги разбирам само овие што стварно немаат друг излез и се решаат да заминат и чао тути, а вака турни ме да кинисам со пасошот во фиока, не ги разбирам. Јас се стресирав со мм три години за една од најтешките работни визи во светот, ја добивме, дојдовме, сменивме се од корен, не се препознавам годинава која сум и што сум, но здравје за 4-5 години ќе имаме нивно државјанство. На работа не ме прашаа што пасош, па и диплома имам, те гледаат дали те бива, а ако те бива, нема да почнеш со било каква работа. И да, тоа би бил потешкиот начин за селење, ама е сигурно послатко.
Оти полесно е да се удри по туѓ грб отколку по свој. А факт е дека политичките партии нѐ доведоа до ова дереџе.
Јас знам еден куп вакви. Значи не е само мој впечаток и не сум само јас опкружена со вакви луѓе. Најсмешно ми беше кога другарка продаде недвижен имот и зема неколку илјади евра. Ја прашав има ли план некој во што ќе инвестира, и ми вели па маж ми има бугарски, и јас да извадам, па да бегаме од тука. Тој возел камиони во странство и се откажал. Сега работи тука за мали пари. Тој се откажал, направил таков избор, а имал шанса да дојде до пари. Не знам дали другарка ми воопшто ја почна процедурата, ама по 3-4 години изговор ќе биде нешто друго дури и да земе пасош. Да продадеш недвижен имот и цел да ти биде да земеш бугарски пасош мене ми е тотална глупост. Тоа е за мене фрлање пари во ветер. Без имот останала, имот на одлична локација, а пасош и да земе дали воопшто ќе го материјализира.
Во право си. И со и без пасош не се трча како теле во шарена врата во странство. Тоа се планира време уназад се разгледува и слично. Кој и да се залета со каков пасош и да е ќе се заеби. А на тие што му стојат пасошите во фиока можеби планираат нешто, не е само замини неинформиран работава. Еве пример на моите му стој во фиока 20 години пасошот еве мене ми извале покрај нив и ќе го искористам.