1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.933
    Допаѓања:
    12.590
    Верувам дека ако има некој способност, ќе се снајде и со македонски пасош. Пример, меѓу две вклучувања тука отворив мејл, и ми стигнало известување дека сум одбиена за семинар во странство. Бараат 10 луѓе, а се пријавиле 55, е јас сум во тие 45 одбиени. Наведено е дека имало многу квалитетни апликации. Штета, ама толку ми е капацитетот кога ќе се измерам со странците, а нудеа хонорар за два дена колку мои 2 плати. Одлична сума. Епа испуштив, ама пак ќе пробувам.

    И да, каде и да одиш се планира што и како. Не може како мува без глава. Каде, што, како ќе работиш, за колку пари, колку ќе ти останат чисти, дали ќе напредуваш, која е жртвата што ќе треба да ја направиш итн.
     
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.586
    Допаѓања:
    39.576
    Пол:
    Женски
    Најголем дел од Македонците одат да работат во ресторан,бургери, или некоја физичка работа,додека се снајдат. Не е баш дека може и со мк пасош да се работе ако те бива. Маж ми има извадено пред 10 години и до сега неколку пати има работено во странство благодарение на тој пасош. Сезонска работа работеше колку да закрпеме нешто дома. Со мк пасош тешко тоа.

    Инаку не знам дали знаете дека пред многу години луѓето со српски презимиња многу тешко добивале бг пасош, а може и да не добијат. Со мк презиме полесно се добивало. Сега не е така.
     
    Последна измена: 15 јули 2022
    На deskarada, lovely91, ladydy13 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Koлку сезонски работници знам со мк пасоши, ехеее.
    И несезонски, ене го кумот мој работи во Германија со мк пасош. Работник е, не е директор... ама ни тука не беше, толку му се квилификациите. Ваљда без образование не ги ставаат шефови со бугарски пасоши.
     
    На Tanjamm и An-na им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.586
    Допаѓања:
    39.576
    Пол:
    Женски
    Со виза работат. Бидејќи пишав за мм, го викнаа да работи во Англија неколку месеци оти имаше бг пасош,да го немаше немаше ни да го викнат. Он го извади оти член од фамилијата му вети работа во странство. Ама ништо не бидна од тоа. На мм тие колегите што работеа во Италија сите се со бг пасоши и го викнаа оти и он е. И плус тоа не е само Германија за работа. Мм никад нема работено таму. Ама знам луѓе без бг пасош што работат таму. На сите не им е приоритет Германија кога се спомне странство
     
    На ladydy13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.083
    Допаѓања:
    87.653
    Пол:
    Женски
    Колку можат да работат со мк пасош 3 месеци?
    Повеке од тоа не можат.
    Без еу пасош е многу многу потешко за работа бидејки има кадар и конкуренција со еу пасош па ти биди со не знам какви квалификации,магистратури, докторати..
    Тие што извадија бугарски си работат и живеат годиништа надвор.
    Нашле начин бидејки оваа држава мислеше само за партиски војници.
    Државава знаеше дека наназад 15 години се земаат бугарски пасоши,зошто не направи да ги спречи,кога ни се случуваше бугаризација пред очи?
     
    На sj *O*, Tinkerbell11, ladydy13 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Јасно не е само Германија, ама човкот што го спомнав е во Германија, затоа.
     
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.586
    Допаѓања:
    39.576
    Пол:
    Женски
    Во Германија најлесно може да се оди. Затоа и сите таму одат.

    Мм многу се изнервира кога го доби пасошот и сите кои му ветуваа и збореа Само ти извади пасош, ние ќе ти најдеме работа тука, го извисија. Многу пати велеше да знаеше немаше да го извадам,или барем неколку месеци да поработам, да не ми се џабе фрлени парите. Еве работеше неколку пати и тоа е. Сега некако не сме многу одлучни за странство. Јас понекогаш сакам, ама се плашам, а знам дека овде иднина нема
     
    Последна измена: 15 јули 2022
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.944
    Пол:
    Женски
    Дај не зезај.. Едно чудо луѓе работат со години со МК пасош со виза. И не, не се медицински лица или ИТ, обични работници се. Истите и кај нас се дефицитарни веќе. Плочкар, струјаџија, водоводџија, возач, итн... на секој чекор бараат, покрај гореспоменатите медицински и ИТ струки.
    И уште ова... државата ја правиме ние, па така истите кои земаа пасоши изминативе години од било која причина, допринесуваат за денешниве случувања, а допрва ќе видиме што се ќе излезе од тоа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Дефицитарни? Да.
    Вработуваат? НЕ. Пред две години беше 3.000 евра мито за медицинска сестра да се вработиш плус мора в партија да одиш по митинзи и да имаш пријатели. Секаде на државно иста приказна. После ваделе бугарски, а што да прават? Не викај дека народот е виновен за се што се случува
    Толку
     
    На sj *O*, deskarada, mira.mira и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.083
    Допаѓања:
    87.653
    Пол:
    Женски
    За обични работници можеби да,зошто им требаат,мој бивши сосед на 60 работше со мк пасош,ама чистач на оџаци.
    Немале работници.

    Многу помалку работат со мк пасош.
    Затоа ги вадат.
    И за висока струка било кој профил е многу полесно со Еу пасош.
    Школска моја заврши архитектура тука додека пробуваше со мк пасош да се вработи Данска не добиваше понуда,го доби пасошот пред две години ене ја во Копенхаген сега.
    Или другиве факсови како јазици на пр.англиски.
    Со филолошки од кај нас и мк пасош нема шанси да најдеш работа ко професор по јазик во Германија,Шведска….итн.
    Со бугарски се селат и работат.
    Значи до утре да збориме со мк пасош е многу потешко.
    Не вадат од што навистина се чувствуваат ко Бугари туку од потреба да го олеснат отворањето врати.
    Партиите се криви.
    Бугаризацијата долго време трае,со намера на Бугарија,сега данокот ке го платиме.
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.944
    Пол:
    Женски
    А кој ако не народот?
    За да заминеш странство, особено ИТ или медицина не ти треба блгарски пасош, можеш и со наш. Е сега, можеби потешко ќе ти е... затоа, оправдувањава ич не ви држат вода. Сте го одбрале полеснипт пат, притоа не водејќи сметка како вашите дела ќе се одразат на другите. Толку!!!!
     
    На Tanjamm и Mikha4 им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.586
    Допаѓања:
    39.576
    Пол:
    Женски
    Тие дела се резултат на власта во државата. Било која
     
    На sj *O*, Miss666 и ladydy13 им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.944
    Пол:
    Женски
    А власта ја прави кој?
     
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.586
    Допаѓања:
    39.576
    Пол:
    Женски
    Ама тоа се знае кој. 30 г една иста слика е со било кој и да избере народот
     
    На sj *O*, Miss666 и ladydy13 им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.933
    Допаѓања:
    12.590
    Имам комшија во Германија со македонски пасош. Откако фати пандемијата не е дојден воопшто. Не 3 месеци, тој 3 години е таму со македонски. Се средува преку амбасада, е сега што и како не знам. Братучед ми со македонски си доаѓа на 6 или 9 месеци, темпира кога таму или овде има празник. Седи една недела и пак назад.
     
  16. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Не можиш ако не лижиш г*з да имаш добра работна позиција и плата. Со 18000 сметки не се плаќаат и деца не се гледаат затоа си одат луѓе. Не се прајте ко да не знајте што се случува во Македонија.
     
    На Кена Рис, sj *O*, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Леле жено жити све, ставот ти го знаеме сите на форумов и у реду е, знаеме дека ти познаваш такви шо џабе го имаат, познаваш такви шо со македонски пасош кај и да е милијардери ќе се направат во странство, ама чудо еден со бг пасош шо работи во странство и му е убаво, не познаваш.
    Знаеме дека ти е топ во државичево, ама жити се пропагандава и муабетиве, не ти ги можам. Човек колку и да сака да игнорира и да прескокне мислење, неможе, бре очобол.
    Продолжи да си се лажеш дека ќе те примат негде и кликај си апликации ајде, дур се мачиш некој со пасошот ќе си го подобри и својот живот и на наредни поколенија и прва прилика кога ќе му се даде државјанство ќе го фрли бугарскиот, уживај.
     
    На fast_and_curious, sj *O*, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.933
    Допаѓања:
    12.590
    Едно кажувам, имаш ли знаење, квалификации, саглам професија, и со македонски можеш сегде. Се средува документација. И не е само работа, има и студии во странство. Не е пропаганда. Само пасош не те прави човек во животот. Слободно нека си го подобри. Да, си кликам апликации, ама не се тие ни за Мекдоналдс, ни за чистење вц, за една профилирана бранша се, веројатно не си ни чула за неа и дека такво нешто постои. Јас не знам такви што нагло се збогатиле само на основа на бугарски пасош, а ако знаеш сподели искуство, ќе научиме нешто. Таму кај што јас аплицирам нема врска пасош си кажав. Да чистам вецеа и да бидам келнерка, да правам сендвичи немам намера, дур некој велиш си средил со бугарски. (ова па секој го може скоро?).

    Многу си залетала со муабетот. Милијардери? Кај кажав такво нешто. Таму заработуваат овде трошат, тоест овде имаат удобен живот. Преживување и удобност е разликата, не па милијардери збориш. До такви во живот нема да поминеме.

    И знам и со бугарски на кои им е ок, имам пишано. Роднина така се исели. Но, 5 години седеше во куќа со странци, Босанци, непознати луѓе во Германија, и учеше јазик, а мажот работеше. Кој личен простор го имаш 5 години во една соба со дете и маж, и 20 непознати во куќа, цели фамилии. По 5 години сега работи и ок им е. Тој е влогот. Секој си прави избор и си бира. А зошто да бидам како глушец кога можам да аплицирам за доусовршување, па да ми се плати се, буквално се, од билет, до одлично сместување, до хонорар, и плус ќе стекнам контакти за цел живот. Затоа ќе си кликам апликации, колку и да изгледа смешно некому.
     
    Последна измена: 15 јули 2022
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Имам. Извадив уште во 2017. Мислам дека сум од малкуте останати овде со таков пасош. Македонија не е држава. Немам предности тука со наш пасош, а во странство ако заминам ништо ќе немам. Го извадив за црни денови ако дојдат и искрено веќе одамна се дојдени, само јас никако да си заминам. Сите што извадиле имале причина, или егзистенција или заради тоа што овде системот не функционира. Плаќаме здравство, нема термини, не упатуваат на приватно да правиме анализи, лежиме во болница условите се катастрофа, луѓе умираат од банални причини. Цел систем функционира со познанства и врски. Работни места дури и во приватни фирми почнаа партиски да се делат, зошто веќе се наполни јавниот сектор. Сега скоро мој близок аплицирал за на бензинска, менаџерот му рекол не може да вети ништо, градоначалникот се вмешал 50% од вработените да бидат негови луѓе.. Можеме да зборуваме што сакаме, ама најголем дел од луѓето избегаа од тие причини, не е само економскиот фактор и нискиот стандард на живот.
     
    На sj *O*, tessie, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Прв братучед на мм, во Швајцарија, работи со машини, поточно, багер, чат пат кран. 6000 франки месечно, без викенди.Викенд ако сака му плаќаат плус. Во мкд, истово едвај 30000 го фаќаше, зимно време дома на минималец. Ваму нема разлика, зима лето. Жена му работи нешто, пакува незнам, 3800 франки месечно. Трошоци имаат да речеме кирии, здравство, горе долу 4000 до 5000 франки месечно. Него месечно можда и 4000 франци чисти му се, тоа се 4000 еур. Ене го на Малдиви, 24 дена одмор уплати. Двајцата коли имаат, 2020 година. Колку луѓе од државава со просечни плати може да си ја дозволат една Албанија секоја година, не па подалеку?
    Да не беше пасошот, ништо од ова.
    Знаеме шо сакаш да кажеш, ама жено исто верглаш нонстоп. Ваков пример ти немаш за со бг пасош или си ту мач џејлоус па да признаеш дека некој "на полесен начин успеал" ?
     
    На fast_and_curious, DarkStormm, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.