1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Вакви со бугарски не знам. Повеќето се тука, ги земале или за резерва или без идеја што понатаму. На некои им треба излез од криза, ама сакам да ти кажам пасивни се. И тука имале шанса за подобра заработка, но се зезаат буквално. Тоа што можат утре го оставаат за догодина. Други со тон пари, земале бугарски како резерва. Нив не им треба Запад, овде им е Запад. Кога имаш пари, бизнис, недвижнини, лесно се дише. И не е невозможно и со македонски да отидеш.


    Како да не, љубоморна? За што? Што немам пасош? Имам пари за на Малдиви ама сум со други приоритети сега. Тоаест избегнувам и сончање. И мој колега одеше на Малдиви со македонска плата. Кој какви приоритети има.

    Ич не е лесно 4 години да чекаш дали ќе биде пасошот, и да подмитуваш, ама па не е лесно и да си некој добар ИТ или да студираш медицина и најмалку 5 години да учиш германски, за да стигнеш до говорно ниво. И тука е релативно за кого што е полесно.

    Секој има различен пат до странство. Еве познавам девојка што студираше јазици, па замина како бебиситерка во Британија, па запиша и факултет таму за да може да остане уште, па се омажи со Британец и трајно се исели. Можеби сум строга како карактер, но мене па ми е смешно демек или бугарски пасош или готово, глад, смрт, крај на свет.

    Неодамна гледав на Зевзекманија девојка што отишла на обука во Јужна Кореја, па го научила јазикот на курс таму, се омажила таму и баш изгледаше задоволна од животот во Сеул. Не знаеме животот кај ќе не однесе.
     
    Последна измена: 15 јули 2022
  2. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.020
    Допаѓања:
    10.510
    Пол:
    Женски
    Ама не сакаат сите дипломи да имаат, и интелектуалци да се. Мора да има луѓе и во професиите што се без дипломи и квалификации. Секој заслужува полн фрижидер, и барем малку помалце нервози во животот, тука кај нас потешко може да се најде.

    Ајде ти живеј со 20,000 денари плата да те видам, тогаш друго ќе паламудиш. (facepalm)
     
    На sj *O*, tessie, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Те читам цело време истото па истото и не можев веќе да не коментирам.
    Мислиш дека тој шо вади бг пасош само седи и чека да поминат 4год дури стигне пасошот и ништо не прави?
    Ај не бидете толку наивни.
    И цело време истото ИТ, факс за јазици. Епа не можи сите да бидат ИТ и да учат јазици. Ако не ај нека се затворат другите факултети, го најде ти чарето.
    Јас гледам дека цело време со медицина бегаат, отколку да се влечкаат по штабови или за да добијат специјализација треба најголемиот пријател во партија да го фатат.

    Ако имавме нормална власт сите години, ќе бевме како Словенија и никој немаше да му текни па бг пасош да вади.
    Ама не, најлесно е сега народот да се укриви кој бара услов за подобар живот, ама не не учел ИТ.

    Знајш колку од други држави вадат бг пасоши?
    Колку срби, руси.
    Ама не, Македонија е марионета на сите и секој си игра како сака.
    Кај други не смеат ни да писнат.
    Како ви е на некои се така розово овде бравос, дајте ми ги на еден ден само наочарите ваши.
     
    На NoirSerpentine, buba4e89, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Ај не ме зезај, мене овде во друга тема ми се степаа феминките дека било успех дури и по 40 години ако најдеш за првпат работа за минималец. Тек 20.000 денари. Па тоа како богатство ќе му дојде.
    И со диплома човек е никој и ништо, не може да се снајде, не па без. Што ми се истресуваш тука за економијата наша? Јас за тоа не сум крива и патем сум дете од работничко семејство, не ќерка на директор, пратеник, лекар...
     
    Последна измена: 15 јули 2022
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Денес имаш пари, утре не, така да.... Не е моја работа, а ни твоја па да тумачиме зошто некој има или нема бг пасош. И ај просветли ме мене вака простичка шо професија имаш, за која ете ја не сум чула. И баш спроти твоите тврдења и аргументи што се стандард за луѓе што немаат видено и незнаат, јас една само познавам со бг пасош, во Германија што работеше во Мекдоналдс, девојче од 20 години, што после си усоврши јазик и сега е во туристичка агенција, ниеден незнам на пример што чисти. Мада незнам што е толку понижувачки, пре би чистела во Австрија, Германија, Швајцарија и да земам 3 пати повеќе од тебе овде, со досега нечуената и невидена струка, а сум стручна за царина на пример, ама немам 5000 еур во џебче за да ме вработат и затоа гордо со пасошчето ќе си го фатиме патот со маже, за фрижидерот да ми е полн и да не се тресам дали ќе ми стигнат пари до крај на месец. И да, незначи дека тој шо чисти или пржи компири по странство, во меѓувреме не се усовршува себе за нешто друго.
     
    На sj *O*, tessie и deskarada им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Така е, парите денес ги имаш, утре не, како брод на немирно море. Наше е да се прилагодуваме. Не реков дека си проста, далеку од тоа. Тајна е, и не е само до професијата туку е спој на професија и уметничко хоби кое го работам долгииии години. Не е лошо да чистиш, и нема ништо лошо, ама да речеме ако имаш опција да работиш нешто што во старт е 3 нивоа над тоа, зошто да чистиш, па макар и да си кликаш апликации ко што на шега велиш за да стигнеш до таму.
     
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па ти тврдиш дека тие со бг пасоши тоа го работат. Јас знам дека нема, ама ко пример ти го дадов, нонстоп истото во пишуваш.
    Ете чувај си ја тајната, ама молим те друг пат одбери други зборови, не така надмени ко за НАСА да работиш.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Па молим те и ти не се потсмевај. И твоиве зборови се надмени. Далеку сум од НАСА, ама ако има добра шанса за нешто плус зошто да не се зграпчи. Велиш кликај си таму. Ко да тоа е некоја игрица на мобилен. Ние од форумот што немаме бугарски не сме врзале никого со синџири, на крајот и јас да сум со празен фрижидер ќе барам чаре, ама без таков пасош. И повеќето што имате бугарски и се изјаснивте, велите немам 3.000, 5.000 евра да ме вработат. Како да го елиминирате во старт приватниот сектор и сакате само државно да работите.
     
    Последна измена: 16 јули 2022
    На SuperGirl24 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Епа моите мислења, се реакција на 10тици твои кај што едно исто верглаш и буквално ги правиш будали тие што земале бг пасош. Знаеш колку Руси имаат, Срби, Монголци и незнам ти кој? Еден куп луѓе од многу држави го прават истото, ваљда не се сите будали. И неможеме сите да сме ит и медицински персонал и тоа го пишуваш ко крај, нема друго.
    Значи ја ти пишав за стипендијата шо те одбиле да си кликаш, не за тоа што работиш. Ја еве ќе ти верглам дека имаш и друго чаре освен да кликаш и да те одбиваат, и? Да си во друга држава исто ќе заработуваш ко тука? Мало сутра шо би рекол З.З.
    Мислам во ред е, сите го сфативме твојот став и луѓебо што читаат, а не се членови сфатија дека знаеш еден куп што џабе го земале, па имале пари, ама земале, па шо ќе им е итн. Каква професија и да имаш, тоа не те прави тоа што си. Малце извади го македонското од тебе, гледај си за тебе, не за комшиите или братучедот на другарка на другарка ти.
    Иначе гледам си се едитирала, жено за тоа сум стручна, тоа сакам да работам, во тоа се вложив.
    И за приватен сектор не ми збори жити се, до утре ќе си реплицираме. Ја си знам
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Нека не се будали, нека се предавници да речеме. Почни да работиш на план за заминување, ќе имаш и ти пари за 25 дена одмор на Малдиви. Дури и си избројала. Гледам не си нешто поарна од мене, водиш сметка кој каде работел, ти оценуваш дали напреднал, колку плата земал, трошел, колку му останало. Ги прашуваш ли? И каков е тој стручњак за царина без ден искуство пракса? Велиш немам да платам да ме вработат. Да имаше ќе патеше да те вработат и тоа е ок? Кога нешто не ви се допаѓа "аман не пишуј за комшиите, не за пријателите, јас родена сум директор да бидам". Цел форум е составен од икс туѓи искуства и приказни. Дозволен е за лажни Европјани со бугарски пасош.

    Сите со бугарски се исперчија горе долу во темата, демек види ме што сум. Ти спомна милијардери, ако има такви нека кажат рецепт да се обогатиме сите колективно.

    И што се замарате за Руси, Монголци, Срби колку земале. Вашата Македонија диши на шкрги, не тие држави. Македонче, до гуша во кал, и вели ама види ги другите како оправдание.
     
    Последна измена: 16 јули 2022
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    А јас пишав негде дека немам пракса? И човекот сам си кажува, редовно се слушаме. Ти можеш до утре да пишуваш, ама моето споделено мислење за успешен човек што го знам и твоите муабети за овој и оној, ко за на чешма не се ни малку слични. Не разглабам повеќе, ете и од мене повеќе знаеш за мојот живот, што треба ја да направам, ама да си одам од овде со бг пасош никако. И да, владата е крива за све ова, не ние обичните смртници.
    И луѓе со дупли државјанства не се предавници. Оној со германско и македонско државјанство за тебе не е предавник? Никој не е откажан од македонското за да земе бугарско, дупли имаат сите.
    И не, не ти се правдам со други народи, гледај малце пошироко, шо не оди бугарчето да бара права во Русија, а? Или знае што ќе ги најде.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.519
    Аууу, еве ви пример дека само со изјава се станува Бугар. И со еден муабет си ги правиш и родителите бугари и после и децата.
    Немој вака да пишуваш, нашиве бугари ќе ти се свртат како не е можно со малку труд повеќе да се вработиш у странство. Морало да си бугар. Ама полесно е да си продадеш газ отколку малку труд повеќе.
     
    На Daniela93 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Не сакам да се карам и навредувам, ама Македонија пропаѓа од самопрогласени стручњаци кои се со празен фрижидер, немаат 3.000 евра за да платат да ги вработат, ама имаат најмалце 1.000 за пасош. Дури и да ја мразам Македонија од дно на душата, немам јас 800 евра за посредник од Делчево, па 300 за другар му Милчо од Ќустендил, па частење оти мњ влече ко мутава овца од шалтер н шалтер. Пари за фрлање немам. Ако денес работам, сакам од тоа по месец дена пари да земам, а не ќе биде за едно 3-4 години. И смејте се колку сакате за кликање апликации, не е исто кога одиш таму како господа на готово, со дадено сместување, платени сметки, организирана обука и плус хонорар. Тоа воопшто не е исто како мачна работа на багер или пакување и стоење 8 часа, а пола пари пак за сметки и храна ќе отидат.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.020
    Допаѓања:
    10.510
    Пол:
    Женски
    Тука сите пари на тоа ќе ти отидат, а истата работа ќе ја работиш. Мислиш нешто друго може да работиш тука? :rofl:Прмер што може да работи еден наставник по македонски јазик и литература додека чека вработување по струка?
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    И ти по мое си самопрогласен стручњак шо те одбиваат од семинари. Да беше толку стручна немаше да те одбијат. Ти да беше толку образована, ќе можеше да дебатираш без навреди, ама толку ти е.
    Некој мора и со багер бе златна да работи, патишта не се прават со кликање за семинарчиња, би требало да се научиш да не омаловажуваш струки и луѓе што си нашле поштен начин да заработат.
     
    На buba4e89, sj *O*, Аргентина * и 2 други им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Не,не е поштено да подмитуваш и даваш лажна изјава, туѓа земја да те искористи за свои интереси.
    Предавство се вика тоа.
    Тука не ги вбројувам оние кои навистина Бугари си се чувствуваат.
     
    На Tanjamm, Mikha4 и Cka им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ај важи. Предавници се оние во влада, шо све уништија. Дупло државјанство не е. Оние со германско и македонско предавници се? Или тие за браво се
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.519
    Да си жива и здрава
     
    На Tanjamm и sonuvana им се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Во ред е дупло државјанство добиено на легален начин.
    Лажни изјави и подмитување за лична корист и во корист на туѓа држава, не е во ред.
     
    На Tanjamm, Cka и Mikha4 им се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    А знсеш колку од тие што имаат сега германско, австриско, словенско незнам какво, се откажале од бугарското за да го добијат кога дошло време?
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.