1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Не знам...и за ова со лажниве изјави вчера дознав...како и да е , колку и да оправдуваме човечки слабости, тежок живот, грозни политичари и сл....од некои вистини не се бега...
     
    На Tanjamm и Mikha4 им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па тоа беше порано. Сега бараат доказ. Од рекла казала, тоа е. А иначе, секој си го бара чарето. Ова трае години и не само со Македонци. Вината се бара во тие што ја водат државата, а не во обичниот народ. И политичарите знаат дека ова се случува години, шо не превземат нешто? Знаеме дека ништо неможеме да смениме, а јас мое дете несакам да расте и да живее како мене. Сакам да има убав живот и права ко секој човек. Тоа овде го нема. Да бидеме реални. Ја и мм млатиме ко црнци, оди работи и приватно, 5 дена во неделата за спиење иде само, еве го денес отиде пак и пари не стигаат. Мое дете море нема видено одкога е родено. Зошто? Зошто немам врски да се вработам ко што треба, а не да ме заебава некој за минималец. Затоа секој си го бара чарето.
    И уште ќе ми кажуваат овде дсли сум самопрогласен стручен кадар или не. 11 години се заебавам по приватњаци, 5 години стаж немам.
    Обука за едно, обука за друго, неплатена пракса и после некоја со никакво знаење ќе влезе на местото, зошто тато се знае со директорот.
     
    Последна измена: 16 јули 2022
    На sj *O* и forumce им се допаѓа ова.
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Има однапред дефинирани услови во секоја држава за да се добие државјанство. Дали по основ на престој, работа, брак, потекло, било што да е треба да го докажеш при аплицирање. Тоа што македонци лажат дека нивните се бугари што е? И да не се правиме наивни дека не сме ги знаеле ставовите на Бугарија спрема нас.

    Колку?

    Е па сега бараат доказ, откако отворија процес против каракачанов и компанија за издавање лажни документи. Проблемот е што нашите овде спијат бидејќи дотичните ги кажаа кои им се посредници овде и наместо обвинителство да работи им дозволија клуб да отворат во Битола. (facepalm)
    Ама македонче лесно се дефокусира.


    Многу си контрадикторна, се жалиш на состојбата во државата и дека ти е тешко по приватни, ама решение ти е поткуп за да те вработат. Извини ама знаеш дека административци моментално земаат помалку од минимална плата?
    Не е решение поткуп и навреди тука па и оправдување на криминал, туку бунт против неправдите, на пример ти направи нешто за тие 11 години што не си целосно осигурана и платена? Или си молчиш и трпиш а овде се истресуваш?
     
    На Daniela93, An-na и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Да, не сум експерт никаков и затоа од 55 кандидати, си одбрале 10, а јас сум во тие 45 одбиени и јас немам никаков проблем да си признам дека сум неспособна во однос на тие луѓе. Да Глупа сум во однос на нив и немам проблем да признаам потфрлање. Лесно е во свое село да си прв, биди надвор негде прв да те видам. Таму се натпреваруваат навистина квалитетни луѓе, и треба уште фурни леб да јадам. Последен пат кога не ме одбија, пред и потоа многу работи се сменија на подобро.
     
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Се откажав, ете тоа направив.
    Ќе си го барам чарето во други граници. Иначе ја ќе ти кажам сите што ги знам, сите се откажуваат од бугарското чим земат друго. Никој не си отишол од убавина бе. Мислите сите се пресреќни што земале таков пасош? Опкружена сум само со стари околу мене, чии деца се по Шведска, Германија итн. Ниеден не вика дека е горд и пресреќен, сите викаат да земам државјанство од тука и им го фрлам, има и такви што го фрлиле веќе. Знаеш колку сакаат да се вратат? Ниеден. А зошто е така?
    Јас овде пишувам што ми бараа за да влезам на царина, вие мене ме напаѓате као ја да сум крива што све е така во оваа вукојебина. Истите тие што ме обучуваа за работата дур бев на факс, истите рекоа 5 бона да си дадеш и тука ќе си.
     
    На NoirSerpentine и sj *O* им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    Администрацијата земала помалку од минимална плата.
    Па кога ги ставија сите неписмени без школо што трчаат по партии и митинзи што сакате повеќе?
     
    На deskarada, Tanjamm и Mikha4 им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    @Mnik извини ако те навредивме. Повеќето сме го поминале тоа што го зборуваш или слични искуства сме имале ако не било исто. Во Македонија за да напредуваш без врски, партиски и роднински треба железни опинци да обуеш, или да си коњ кој воз ќе повлече од шини. Но, тоа не ми е мотив да потпишувам лажни изјави ама никаде, оти може да одговарам. За стручњак, ако не работиш во струка не можеш да се потковаш со знаење, дури и да си дипломирала со десетки. За мене да си стручњак значи најмалце 10 години да си во таа бранша, да ти го верификуваат трудот со награди, па дури и да предлагаш новитети и реформи во фелата, е тоа е стручњак. Ти ја разбирам маката, извини уште еднаш, и не ставајте на срце бре се што ќе прочитате на форум. И не ми е јасно зошто мислите дека некој на анонимен форум ве лаже и ви се фали. На форум сум кажала работи кои никој за мене не ги знае.

    Немам ништо против багеристи, ама јас не сум тоа и џабе е што и да нудат.

    Сами ако сте млади и без искуство работете на црно, после никако, ама никако, зашто на сите ќе ни треба пензија.
     
    Последна измена: 16 јули 2022
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Муабетот ми е дека и да дадеш пари, нема ништо лукративно во државна работа, освен што ти е сигурна работата и најверојатно ќе дремеш негде.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Лажат? Јас колку што знам бараат било каков бугарски документ. До која година биле овде окупатори т.н. администратори? Бугарска црква и попови? Побарај од некој твој дедо или баба родени 30ти 40ти години, ако не друг, сигурно имаат документ за крштевање од бугарска црква. И многу други имаат вакви документи и затоа добиваат.
    Или нечиј трет братучед земал, па преку изводи докажуваат дека се роднини и зимаат.
    Тоа што на интервју викаат дека се бугари за мене е исто што и лижење газ на шеф/газда овде кај нас. Секој сака подобро за себе и за своите, нели?
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Веќе пишав дека има судски процес против каракачанов за издавање лажни документи баш за македонци. Читаш што ти одговара само? Д а ј прескокни ме жити сѐ, какви бугарски цркви. Ако сме биле под нивна окупација неколку години тоа не нѐ прави бугари. По т а а логика сите сме повеќе турци тогаш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Да. Брат ми носеше од чичко, вујко, братучедовци за да докаже дека има некакво потекло Бг, плус изјава оти се осешта Блгарин и ете ти пасош. Јас кажав и пак ќе кажам. Жалам што на времето не сум извадела Бг пасош.
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.683
    Пол:
    Женски
    Па сега не е исто да се декларираш своеволно ко Бугарин и да се лижеш кај шеф.
    Првото значи и дека децата и цела фамилија Бугари ги правиш.
     
    На CameliaMiller, Cka, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Немаат 3000 евра да ги вработат а имаат 1000 за пасош? Сериозно? Тебе значи нормално ти е да плаќаш толку пари за да се вработиш?
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Во Македонија едно 10 луѓе, ако не и повеќе живеат од процент од посредување за пасоши. И како што коментирам по социјални мрежи, еден од Крива Паланка ми се закани ќе сум си имала проблем со Каракачанов, да ме опомене, се следеле. Ова беше баш кога изби скандалот и апсеа, пред 2-3 години. Продадено Македонче, се осудува да ми се заканува во име на Каракачанов. Му реков не одам јас во Бугарија, не знам тој твој Каракачанов каде ќе ме најде. Му ругам бизнис. Класичен предавник со тапија. Тие со пасоши се вадат на политичари, ама и политичарите немаат одврзани раце со таква бројка на пасоши. Колку се едните криви, толку и другите. Амнестирање од одговорност нема. Не сте заработиле чесно, туку на наш грб, на тие што сме чесни и не паѓаме во искушение да даваме и заверуваме дека сме бугарски происход. Се прават споредби со Словенија, само уште македонскиот народ да е како словенечкиот. А тој со заканите, требаше јавно да го објавам можеби.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Таа така кажа, немам да ме вработат. Не 3.000 евра. 5 денари не давам јас лично. Шкрта сум. И не работам државно.
     
    Последна измена: 16 јули 2022
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Е така. Сѐ е до мајндсетот никаков. Кога професоркана рече дека од емотивни причини си идат луѓе, не беше скроз грешка. И тие имаат центар во главата. Дај си на наши бе. Да те вработат. За тоа за што си учел. Во држава во којашто плаќаш даноци и за која твои претци гинеле. Зашто да дадам ако сум квалификуван?
    По светов има нормални општества кадешто на странци им одбивале работни визи поради тоа што имало невработени државјани од иста струка. Работа на државјанин којшто придонесува и плаќа даноци на таа држава е право, а не привилегија. Општества кадешто граѓанинот се чувствува на прво место и од прв ред. Напраи го чоекот да се осеќа како странец во сопствена држава и очекувај невозможни работи.

    И работење по струка не е луксуз, туку луѓето всушност студираат во одредена област за да се оработоспособат за истата и на тој начин да придонесат за заедницата. Ќе заборавев, вложување на време, средства и труд во тоа оспособување. Но, не, од несвидл'к поарно да има потпросечни келнери и продавачи коишто не ги бива оти нели работа во струка е размазеност.

    Релокација како независен момент е многу стресна работа, макар и престој, околина и работа да ти се средени. А, замислете луѓе сѐ тоа отпочеток. Да, лесен пат избрале,рајт.
    Многу полесно е да направиш услови нормални и достоинствени за сопствените граѓани.
     
    Последна измена: 16 јули 2022
    На Mikha4, Mnik и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ај не испревртувај и минимизирај. 3000 еур се далеку помалку од тие 5000 кои ги пишав и се уште подалеку од 1000 еур.
     
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Како жити све некој во Германија што млати 10 саати на ден, на твој грб заработил?
     
  19. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Тешко вас
     
  20. Doc

    Doc Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    Јас ги подржувам сите кои вадат или сакаат да извадат бугарски пасош , не ги сметам за помалце македонци ако извадат пасош со цел да отидат да работат во странство да пробаат да си го подобрат животот. Некои би давале аргумент дека само ако се остане тука и се работи би се подобрила состојбата во државата , но јас не се согласувам целосно со тоа , џабе се вложува труд и се плаќаат даноци кога тие што се на власт тие наши пари ги трошат на лично обогатување и да си обезбедат доволно пари за неколку генерации додека другите мака мачат да се изборат за гола егзистенција и нефункционални институции .
    Институциите се катастрофа , пред некој ден додека бев во пошта, човек доби срцев удар и падна во безсознание и се јавија во брза помош , они им кажаа дека немале возило во моментов , они да го донесат(facepalm), човекот после 20 минути се освести и го однесоа со такси, не дај боже на некого така да му треба итна медицинска помош и да му речат така. За правда и полиција нема потреба да зборам , сите знаеме стотици примери какви се , така да воопшто не ги осудувам луѓето кои гледаат начини да си го подобрат животот и да живеат во поздрава земја него нашава.
    Ние како македонци сме биле стотици години под турска власт и други поробители и пак сме успеале да си го задржиме индентитетот и никаква хартија нема да го промени тоа , дали ќе се извади бугарски па после 5-6 години ќе се земе на пример Шведски пасош , повторно ќе бидеме Македонци кои живеат во Шведска или јас со Македонски пасош се преселам во Шведска и извадам Шведски ,не гледам некоја разлика , гледам снаодливост , заради што не можеле преку работна виза да имигрираат нашле друг начин да имигрираат. Бугарија се виде колку доби од тие пасоши , на пописот имаше околу 3000 бугари , од тие поголемиот дел сигурно биле кои во моментов се во постапка да вадат бугарски пасош , така да што и да бараат од Македонија , ако само 3000 Бугари живеат нема никакви аргументи да бараат нешто , што да напоменам нашава мила власт не мрда со прст за илјадниците Македонци кои живеат во Бугарија и дијаспора насекаде во светов ,кои и до ден денес милиони од нив се декларираат како Македонци.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.