1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вадење на бугарски пасош - причини и последици

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 11 јули 2022.

  1. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    А второто лижеш за да обезбедиш повисока платичка и функција и за децата и за целата фамилија. За мене е исто, за тебе не мора да е. И ако некој земал за да си обезбеди подобар живот за себе и за фамилијата, ако. Мене не ми смета. И мило ми е што успеал.
    Зошто сите ги правиш бугари? Чичко ми има, неговите деца немаат. Автоматски се бугари? Јас колку што знам не. Македонци се. Патем, двојно и тројно државјанство знаеш дека постои?

    Жено имам во блиска фамилија човек што зема пасош врз основа на крштеница на татко му, од бугарска црква, потпишана од бугарски поп. Не зборам од рекла казала. И не реков дека сме бугари, туку дека врз основа на таков документ се добива бугарско државјанство и пасош. Читај убаво и не скокај.
     
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    А ти жено шо мислиш дека си со бугарско државјанство, шпанец? Шо си ако не бугарин.

    И да, ако татко ти се пишал бугарин, значи и децата потврдил дека се бугари исто така.
     
    На CameliaMiller, Feminka22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Ако не сте свесни што направивте, чекајте, следните месеци, ќе видите. По логика на сиромаштија сите до еден требаше да земеме и бидеме Бугари. Е сега ние ќе бидеме суровото што гори покрај сувото. Се прошверцавте на грб на цел народ. Последици ќе трпиме сите.
     
    На Feminka22 и st-el им се допаѓа ова.
  4. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Абе си го вртиш муабетот како што ти одговара, алал да ти е. Еве и тебе ќе те прашам, за двојно државјанство си слушнала? Нашиве мажени Германија, германки се? По документи имаш националност и државјанство? Или уа бугари сте сите.
    Не, не сме! Само немаме розови очила и ја гледаме суровата реалност каде обичниот човек се труди на секој начин да си обезбеди услови за подобар живот. Реалноста во која мора да си нешто на некој за да живееш нормално! Уа бугари, македонци патриоти до крај па макар и да умреме за едно парче леб.
     
    Последна измена: 17 јули 2022
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Веќе пишав, ама кој да чита. Од било која држава точно е пропишано по кој основ се зема државјанство, по основ на брак, престој, работа... Секоја држава си има строги услови кои треба да ги исполниш и да останеш да живееш таму. А за бугарско со само една изјава дека ти и твоите сте бугари, се знае со какви претензии. Кој е будала тука?

    И не е за нормален живот, кој убедуваш овде, туку оти сте неписмени да пополните апликација за виза и работна дозвола, па полесно е да се молиш на бугар за пасош. Ај мрш
     
    На CameliaMiller, Feminka22, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Не сакам да се карам, ама двојно, тројно, овде си Македонка, таму Бугарка. Правиш замена на тези. Си дала лажна изјава за националност, а сите кои се омажиле за Хрвати, Германци, Британци, земале државјанство со реални и транспарентни процедури, не со поткуп, и тие се Македонки со германско, хрватско државјанство. Не извртувајте не е исто. Таму ќе се окозиш дури земеш државјанство, а не плаќаш и за 3 години, опп пасош.

    Глупаво е да споредувам со минати времиња, ама бабиве наши дека немаа бугарски, па гледам не исчуваа по 5 деца. Вие толку ли бре леб не можете да си донесете? Што не кажете, ќе дониравме за вас ако сте толку загладнети бре.

    Какви примери сум сретнала, во некоја македонска провинција, па им текнало од што да вадат пари, дали лешник, дали аронија, сушари за овошје, па се срамам од самата себе, си велам колку сум проста, неинвентивна, немам идеја да си инвестирам, а не е скапо. Си велам освен да работам за плата, не ме бива за бизнис. Нели се преиспитувате? Засрамете се, во ера на фриленсери кога од секоја географска точка можеш да работиш и кешираш, сто пати кажавте леб сте немале.
     
    Последна измена: 17 јули 2022
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема такво нешто.
    Во пасошот не стои македонец со германско државјанство туку германец.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    За пари даваат ли пасош?
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Прво, јас не сум дала никаква изјава, препрочитај убаво што пишав.
    Друго, не се сите способни и со доволно знаење да бидат фриленсери. Не ги бива сите за фриленсери јбг. И немаат сите доволно средства да вложат во приватен бизнис. И запрашај се зошто е тоа така? Бидејќи кога некако ќе се снајдат, на врат ќе им висат овие што се нешто на некој. Па ќе мора да работат за нив. Абе толку летате во облаци? Каде живеете свесни сте? Реалноста ја гледате? Не е скапо вака од страна. Ајде почни па кажи.
    И на крај се оние што единствен излез гледаат во тоа да отидат со бугарски пасош во Германија за да заработат паричка повеќе. И пак ќе кажам, мило ми е за нив. Па да се плукнам во тој патриотизам што те тера да живееш со минималец. Државата ја продадоа тие горе во фотељите и тие што слепо ги следат и слушаат. Тие што и сопствената мајка си ја продаваат за личен интерес, за некое евро плус. А не комшијата што земал пасош и отишол да работи физичка работа за да обезбеди за себе и децата.

    И ако си толку способна и имаш можност, донирај! Знаеш колку фамилии живеат на раб на егзистенција? Донирај, плати им сметки, купи им облека, наполни им фрижидер. Дај им работа! А оние другите што се снашле со помош на тој фамозен бугарски пасош, ама ич немаш право да ги напаѓаш дека се бугари, дека се продале и себе и своите деца и фамилии. Оти еве можеби и нив не ги бивало за бизнис и фриленс.

    И верувај, да имав и јас пасош, а реално имам можност да го земам, одамна ќе бев далеку од оваа вукојебина во која најгласни се тие - нешто на некој.

    @Mikha4 способни се, ама на лотарија ги бираат. Знаеш?
     
    Последна измена: 17 јули 2022
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Неможеме бе, несакаме бе да садиме Аронија, несакаме да продаваме Ореви на пазар, сакаме да си одиме од овде и да си работиме во некој погон, во некоја фабрика во Австрија, ете тоа сакаме. И? Ти ли ќе им кажеш на луѓево шо да прават со животите бе? И иначе на политичарите ова им е целта, народот пак да е крив, они си ја тераат нивната. Владата и сите што ја воделе државата се криви за ситуацијава во која се наоѓаат луѓево. Мораа да потпишат предлог? Не.
    Колку на попис се изјасниа овде Бугари? Двајца без тројца?
    Политичариве сите ги заболе за нас и затоа луѓе си одат од овде, разберете. Има луѓе шо едноставно нејќат да живеат овде од разни причини не само финансиски разбираш ти?
    Сфаќате дека народот во новонастанатава ситуација не е крив? Пак ќе речам шо не одат во Русија да бараат права и да влезат во устав?
     
    Последна измена: 17 јули 2022
    На deskarada и Orchidea им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ако незнаеш да дебатираш, не вреѓај. Мислам, има некои правила на форумов.
    И не на секој му одобруваат визи.
    Не, не е за нормален живот, за онака од пусти мерак е (facepalm) ако сите услови за живот во државава, вас ви се погодени, на некои од нас не ни се. Почни од здравство.
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Те разбирам, ок, не се паничи. Само сметам дека муабетот со празен фрижидер е преувеличен. Смири страсти, не тепаме, не врзуваме, не боли. Еве сум сретнувала лица што куцаат, значи инвалиди, и дури знам и еден слеп масер, значи работи на клиника државна и плус приватно. Кога ќе видам каков елан имаат, насмевка на лице, волја за живот, за работа, па јас кога кукам сто стапа треба да ми удрат. Ајде малку оптимизам и дајте си кураж. Полека, никој не ти кажува што да правиш, само ми е неверно 2 вработени да не можат да чуваат едно дете или да се со празен фрижидер. Мислам дека празниот фрижидер се користи за да предизвика емоција на допрено дно.

    Без нервози. Татко ми цел век вака пцуеше политичари, а да се запнеше со златниот занает да даде максимум, гарсоњера ќе ми купеше само од дополнителна работа. По старост ум му дојде, ама не чекајте, не за добро на политичари, за себе.
     
    Последна измена: 17 јули 2022
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Да со две плати од по 19000, да платиш сметка за струја, вода, интернет и тв, кредит од 4000 ден, градинка 1500, да наполниш фрижидер ЕДНАШ во месец (зборам со основни работи, не со претерување) и други споредни работи, башка што сакаме секој месец по некој денар да ставаме на страна, за недај боже. Плин во кола за мене, ај мм блиску работи, пешки оди. Плин лани за 900 денари цела боца беше, сега 1700. 3 пати во месец ја полниме цела. Знаеш шо ни останува? Ништо скоро. А кај е да излезеш? Кај е да си купиш алишта? Кај е за детето некоја играчка, патики што да е? Уште од сега штедам за зимоска чизми и јакна да му купам. Се молам да не ме викаат на свадби и крштевки.
    Еднаш еден човек ми рече "без 4000 еур на страна, човек ништо не е" и сега сфаќам дека е во право. Како воопшто да дојдам до 1000 еур на страна со овие плати, не па со повеќе? Е затоа народот си оди.
     
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Јас не знам да дебатирам или не ти одговара муабетот сега. Ниту пишав навреди, ниту дека сите услови ни се погодени, можеш колку сакаш да релативизираш овде, ама јас не можам да оправдувам пишување бугари за "да се најде", "за секој случај", "ме мрзи да чекам на аеродром", "не ми се аплицира за виза, којзнае колку е тешко тоа". Посебно па што ваквата игнорантност нѐ доведе до ситуацијата во која сме денес.
    Сигурно нема да ве жалам, тешам и тапшам по рамо, кој се спасил, се спасил, што ви е потребно мое оправдување или конфирмација овде на форум? Имате бугарски форуми, нека ви плескаат таму.
     
    На CameliaMiller, Tanjamm, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ако неписмени не е навреда незнам што е. Можда има многу пописмени од тебе, во тие што ги правиш неписмени ама добро.
    Знаеш ли колку едуциран кадар е излеан од државава и зошто?
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    На дното на светските листи сме по писменост, треба ли да се лажеме сега?
     
    На CameliaMiller, Tanjamm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    никад не би извадила, не ме интересира, не сакам да го имам...
    причините се кеш логично, а последиците?
    бугари во Устав.
    продадена држава ради продаден народ :puke:
     
    На Andzelka23, sonuvana и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Давам идеја, не се карам, не ставајте на срце се. Не мора да е бизнис со отворена фирма. Има разни начини за екстра приход. Полека, еве да не се навредуваме, да коментираме смирено. Едно девојче рече погоре, не сакаме диплома, не сакаме да сме интелектуалци, сакаме нормален живот. За жал, во секој систем има некои вредности, па така татко ми градежник се мачеше со мала плата, а сега ќе се мачи со 14.000 пензија. Види кај е судијата, лекарот, како и со колку живее. Фино би било да е Македонија подобра и од Германија, да има работа за секој, пристоен живот, ама не е така и нема да биде. Правите споредба со Русија со 154 милиони жители, и некоја смешна бројка бугарски пасоши, па Србија, нација со 9 милиони сосе дијаспора, плус пола Босна е нивна и дел од Црна Гора, а имаат некој број бугарски пасоши. Тие во Босилеград се навистина Бугари. Ќе дојде редот и за Србија да ја кошкаат, гледајте ќе видиме. Македонија има 1.8 милиони, мешана е, одбиј пасошите, испаѓа ни 50% нема Македонци. Дали Србија е во ваква позиција? Не.
     
    Последна измена: 17 јули 2022
    На sonuvana и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Е добро, среќа ти си од тие пописмените изгледа.
    Јас себеси не се сметам за неписмена, а ти таква ме направи погоре. Личност што чита едно 70 книги годишно и што знае други 3 странски јазици. Ама ок
     
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не ми одговорија погоре, ај тебе ќе те прашам. Еден куп Руси и Украинци имаат бг пасоши, е сега што не бараат таму да влезат во Устав? Или знаат што кретени ни ја водат државата па удри овде?
     
    На deskarada и forumce им се допаѓа ова.