Вакцинација на деца против корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од mKdevojce, 23 мај 2021.

?

Би се согласиле ли вашите деца да бидат вакцинирани против корона како услов за посетување настава?

  1. Да

    30 глас(а)
    18,4%
  2. Не

    133 глас(а)
    81,6%
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.151
    Пол:
    Женски
    За ова тотално се сложувам. Ич не би вакцинирала дете, иако верувам дека не сме баш блиску до колективен имунитет. Секако дека нема да знаеме додека не се направи масовен скрининг, ама за тој масовен скрининг нема ресурси. Пари како пари ќе се најдат, ама нема луѓе што би го спровеле тој скрининг.
     
    На mareane, NarCis@ и JuLleE им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Јас само не се сложувам со делот за годините. По таа логика и ние на 30тина не треба да се вакцинираме зошто за 5 и 10 години не е убаво да ни се појават нус ефекти, а уште ќе сме млади и треба да ги вакцинираме само тие над 60.

    Ама има разлика во испитувањата и студиите, сите испитаници во клиничките студии се во најголем број луѓе од возрасната категорија, 20-60. Многу помала е бројката на деца во тие испитаници. Затоа сметам дека дополнително треба да се истражува зошто не е исто делувањето кај возрасен човек, каде поприлично слично се однесува организмот, и дете во развој, каде лудуваат хормони и има многу непознати од организам до организам. Секако и тоа е под знак прашалник. Јас не негирам дека Фајзер и мрна може да е иднината на вакцините и да излезе нешто многу добро од целата таа работа. Баш и мислам дека многу голем потенцијал се гледа во моментов во други сфери и за лечење на други болести. Ама сеуште не знаеме.

    А инаку ако сите се плашиме од можните нус ефекти и чекаме 5-10 години да видиме што ќе биде, тогаш нема ни потреба од вакцини, зошто сите ќе прележиме скоро со сигурност во тој период, ама која е цената што ќе ја платиме за тоа? Оти не е само за дали ќе прележиш или умреш, знам луѓе на мои години со едно белодробно крило што останаа. Каков квалитет на живот ќе има тој човек?

    А плус, прашање е дали тие би се поврзале со вакцината воопшто за да знаеме.
     
    Последна измена: 14 јули 2021
    На LejlaD, mareane и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Не знам што да одговорам стварно за возраснитe :(
     
    На LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира како по 5 или 10 години ќе поврзете болест со вакцината? Како ќе докажете каузалност и кој доктор ќе се смара по овој период со причинско последични врски на оваа релација? Можеби е валидно, само ако се следи одредена група испитаници, па дури ни за тогаш не сум сигурна.
    И покрај препораката на СТИКО и РКИ, во Германија се вакцинираат и здрави деца.
    Иначе на СТИКО, аргументите им се издржани, а тоа е дека нема доволно податоци. Тие што се достапни се многу малку за да се извлече заклучок за "компромис" меѓу пресметан бенефит и ризик. И од истите, миокардитис во случајов, моментално подлежи на ривју.
    Од другата страна, се потенцира фокусот кој е и треба да биде на придобивките на другите, за целото општество (колективен имунитет). Идат со аргументот дека ако процентот од вкупна популација треба да е 80, тогаш во истиот спаѓаат и деца и се плашат дека децата ќе бидат таргетирана група за вирусните варијанти ако останат незаштитени.

    Меѓу другите аргументи е и етичкиот дел и е скроз релевантно. Треба прво останатото население да биде имунизирано во доволно добар процент. Не може да се вакцинираат деца, а ваму постарата популација да не е покриена ниту половично.

    Плус, наместо се ова можеа едноставно да се нсочат на еднаква распределба на вакцините. Пристапот да им беше на сите овозможен. Пошо ништо не сме направиле ако одредени држави постигнат колективен, а останатите не можат да покријат ниту половина. Од нив ќе циркулираат мутации и ќе се пренесуваат насекаде. Во оние вакцинално покриени, секогаш ќе има и невакцинирани, кои лесно ќе можат да закачат од тие области и да пренесуваат. Вакциналниот процент треба да е висок на глобално ниво, имаме пандемија, не епидемија. Ако на глобално ниво се постигне добар процент, ќе имаме ендемски области тука и таму, изолирани случаи кои лесно ќе можат да се контролираат. Во таков случај, мислам дека сега ич немаше да зборуваме за деца.
     
    На Cosmi, mareane, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    И не само тоа, туку и има можност да се појави мутација за која вакцините (дали сите дали дел) се значително помалку ефикасни. И така, ништо не сме направиле со целиот вакцинален труд.
     
    На mareane, Ahoy и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Скроз така. Ќе се вратиме на нула и ќе и дадеме одличен аргумент на антивакс пропагандата дека вакцините не делуваат. Не дека е така, туку затоа што ќе искористат за да прикажат нереалност. Секоја мутација е нова загриженост, оти е потенцијален ризик. Пошо секоја нова варијанта, може да има и нови (ризични) својства на вирусот, на кои вакцините не делуваат. Ништо невообичаено или драматично ново, вируси мутираат. Ако остане вирусот, (а се надевам нема) понатаму вакцините сигурно ќе бидат прилагодени на варијантите, нешто како редовно ажурирање на вакцината за грип еднаш годишно. Ама сега имаме проблем, трка меѓу имунизација и нови форми на вирусот. Кој попрво.
    Ќе почнеш со транспарентност и прикажување реална слика. Нема на АЗ да и правиш сопки ради политички бенефити и нема да ја експонираш МРНА ко да има злато у неа, чак што више да правиш микс со истава. Наместо тоа, обезбеди и втора доза од првата вакцина, за да имаат луѓето соодветна ревакцина. Па дури и мене што сум скроз провакс ми е пречудно! Нема да ограничуваш пристап до вакцини. Ќе ги дозволиш и кинеските вакцини и руската, на глобално ниво. Нормално е да се има повеќе доверба во кинеските, позната е платформата. Пошо никој не сака да биде дел од статистика. Нема да условуваш и манипулираш, а ако веќе идеш на таков наратив, бољи да ја направиш задолжителна. (Вариола Вера сценарио) Активно ќе споделуваш релевантни информации за сите вакцини и ќе се бориш против антивакс пропагандата со факти, не со манипулативна психологија. И редови друго... Не ме свиѓа едноставно како изиграа.
     
    На IRBBB, mareane, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Ко Макрон :D

    Гуглај, мрза ми е да барам линк :bandit:
     
    На LejlaD, mareane и WildMk им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    118.836
    Пол:
    Женски
    Хитлер за нас :)
    Стојанка од Свирипичино е најгласна на фб:
    Ne primam jas ot toj otrov!

    И тоа ти е. А може да се постигне имунитет на стадо. Ама не знам зошто ова политичариве толку килави се :doh:
    Ете јас да сум Венко пример и да зависи животот на мајка ми и татко ми (и на други мои блиски) од Стојанка од Свирипичино и таквите ко неа? Не бе чоек, не. Има да се вакцинира и оро да игра.
    Изгледа затоа не сум Венко :(
     
    Последна измена: 14 јули 2021
    На LejlaD, mssuniquee, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Најново шо чув, имало луѓе што бегале од вакцинирани и покрај нив носеле маски, да не се 'заразеле' со вакцината. Значи не со ковид, со вакцината. :drunk:

    Овај интернетот стана место за ранење на психозите на луѓето.
     
    На LejlaD, green.eyes, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Ма може и во право е природава што се труди да не истреби.
     
    На M.B., LejlaD, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.297
    Допаѓања:
    16.309
    Па исто смешно е како тоа што вакцинирани бегаат од невакцинирани. Ем се имунизирале ем пак се плашат дека ќе се заразат. 8-|
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    ако си вакциниран ти, можеш да ја пренесуваш заразата на други, а другите ако не се имуни, ќе се заразат и можат да умрат.

    Одговорност се вика тоа.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Are U sure? :^)
    Пошо ја други сознанија имам. Нели со вакцинација се прекинува ланецот на ширење? Нели ако си имун, можеш да се заразиш од вирусот, ама истиот нема да се шири во тебе, па така и нема да се пренесе на друг?
     
    На Kitten и mKdevojce им се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.297
    Допаѓања:
    16.309
    Зошто природата ја обвинувате а не тој што го пушти од лабараторија вирусот? Нели истраги прави СЗО во Кина поради тоа што има сомнеж дека е од лабараторија излезен. А и се повеќе докази има за тоа. Ама тоа е друга тема.
     
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.297
    Допаѓања:
    16.309
    Која пожртвуваност значи. Јас мислев дека луѓето се вакцинираат за свое здравје а они да ти го правеле тоа за да ја заштитат Стојанка која не сака да се вакцинира. Браво. Секоја чест на гестот.
     
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Веројатно е така. Не дека менува нешто сега во оваа ситуација.
    Ама не ни мислев на короната. Има многу поопасни вируси кои природно се развиле кои имаат огромен морталитет и кои стварно можат да нѐ истребат, а не нѐ истребиле или благодарение на медицина или благодарение на тоа дека не доживеале пандемиско туку само епидемиско ширење.
     
    На LejlaD, venus♡ и Ahoy им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    На кратко, благодарение на вакцините :)
     
    Последна измена: 14 јули 2021
    На LejlaD, green.eyes, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Не е така сосема. Колективниот имунитет го спречува ланецот, не индивидуална вакцинација.

    Секогаш ќе постои одреден број на вакцинирани луѓе кои воопшто нема да заболат, ама има и такви кои ќе заболат кај кои вакцината може ќе ги намали симптомите, ама нема да ја спречи инфекцијата, што значи вирусот се уште се реплицира во организмот, ама место милијарда, ќе направи милиони копии, карикирам. Тие милиони копии повторно можат да се шират на ист начин како и кај невакцинирано лице. Ама %-от на такви лица е помал и копиите кои ќе се развијат се помалку, значи и помала моќ на трансмисија ќе има. Не е вакцината бетонски ѕид што ќе спречи трансмисија. Ако се сеќавате, кога колективниот имунитет падна под бараните 95% мислам се за морбили, вирусот почна да се шири меѓу вакцинираната популација. Клиниките беа полни со болни од морбили кои се вакцинирани и кои пренесуваа на други лица.

    Да, секој се вакцинира за да се заштити од сериозни симптоми и последици, ама не значи дека ако се вакцинирам немам шанса да заболам и да пренесам. Ама таа шанса е намалена, а и во моментот кога најголем дел од популацијата е имуна, на овој или оној начин, вирусот барем нема да се шири неконтролирано или и да се појави, лесно ќе стивне.

    За секоја болест впрочем мислам дека важи, поправете ме ако има вакцина која 100% штити од болест и трансмисија. На идивидуално ниво мислам.
     
    На IRBBB, LejlaD, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    И на вакцините и на лекови, пример ХИВ :)
    Ама да од овие што имаат способност за епидемиско и пандемиско ширење, вакцина.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Не, туку вака - наводно кај вакцинираните се создавале мутациите на ковидот бидејќи вирусот се борел да преживее, па побрзо мутирал за да го прелаже имун. систем кај овие со чип, па после овие го ширеле наоколу.
    Па дури во некои земји во некои угостителски објекти не пуштале вакцинирани, по желба на газдата секако.
    Следно чекам масовно млатење по улици меѓу двата табори. :^)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.