Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинација на деца против корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од mKdevojce, 23 мај 2021.

?

Би се согласиле ли вашите деца да бидат вакцинирани против корона како услов за посетување настава?

  1. Да

    30 глас(а)
    18,4%
  2. Не

    133 глас(а)
    81,6%
  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Како што читам коментари по Фб не сакам ни да замислам како е да си родител кој си го вакцинирал детето, секако за негово добро. Толку гадни коментари, не знам...
     
    На nena2010, Tajnaotrovna, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    16.954
    Пол:
    Женски
    Вчера имаше една, незнам како и се воздржав да не и искоментирам.
    Нејзиниот став беше каква вакцина на деца, поарно да си прележи корона.
    Мислам колку треба да си луд? Јас познавам дете кое што се бореше со короната на клиника. Па висока тем кај мали деца кои последици може да ги донесе ( имам во фамилија особи , кои како мали од висока тем имаат големи последици).
    Нека помине само коронава насекаде.
     
    На Tajnaotrovna, WildMk и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    A кој да се вакцинира? 90 годишните само ако не да ги вакцинираме, еве не знам.
    После најстарите и хроничните 30-60 е баш возрасна група која најмногу треба да се опфати за масовна имунизација, зборувам за здравите луѓе, не за оние со медицински индикации. И во самите студии се најмногу опфатени и тие и треба да се таргет на масовна имунизација, зошто тоа се луѓето кои се реално најизложени (работоспособното население). Па и под 30, луѓето над 25 би рекла, оние кои работат, најмногу се ризик да шират.
     
    На Lianna Anna, Tajnaotrovna и Ahoy им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.443
    Пол:
    Женски
    Не читам многу фб, ретко го користам веќе од поодамна.
    Мене во лице ми го кажаа своето мислење. Не правев драма. Не ме повредија со зборовите, само ме зачудија дека баш тие луѓе имаа такво мислење (дел од нив дури имаа по некој болен дома од корона, со хоспитализации, последици). Не се ни дрзнувам да разубедувам во такви ситуации. Нивното лично искуство не ги разубедило, јас сигурно нема.
     
    На Tajnaotrovna и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    16.954
    Пол:
    Женски
    Да не бидам лошо сфатена, јас сум за вакцина, но неможеш некој со некој став во глава да го предомислиш и да го натераш на вакцина.НЕМОЖЕШ верувај. Фала Богу сите околу мене , фамилија и пријатели се вакцинираа, избегавам сеуште собири, кафани, седење во затворен простор со луѓе коишто сметаат дека корона е ништо и вакцините се глупост.
    Мојот став е дека баш младите треба масовно да се имунизираат, бидејќи тие се тие што по одмори се напикуват во клубови, излагаат по диска , се пикаат по станови ( 15-20 луѓе), пијат од едно шише итн , и истите дома со фамилија каде што имаат некој болен, постара особа или пак мало дете.
     
    На Lianna Anna, Tajnaotrovna, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    16.954
    Пол:
    Женски
    Абе болен од корона со 41 температура, болки во гради , едвај дише и не не корона нема, ова е настинка.
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.443
    Пол:
    Женски
    Истово мислење го имаше мајка ми, која има над 60 години, кога почна вакцинирањето на нивната возраст. Викаше јас пензионер дома седам а пред вас што сте на работа секој ден со луѓе, се вакцинирам . Ама проблемот е со постарите што најтешко го проаѓаат ако го фатат, затоа имаа предност.
    Сега веќе секој може ако сака да добие вакцина. Ме радува ете што вчера беше преполно со стари и изнемоштени лица кои без термин дошле да се вакцинираат. Некои бараа помош да ги запишат на листот, не гледаат, не можат.. Тие сигурно неможеле или не знаеле како да се пријават електронски еве сега имаат прилика.
     
    На Lianna Anna, Tajnaotrovna, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Јасно ми е, дека не можеш, апсолутно не можеш него да го убедиш.

    Туку во контекст на коментарот зошто 30, ми паѓа надвор од секој здрав разум зошто 30-50 е баш таргет за имунизација (после ризичните групи) - работат, економија зависи од нив, шетаат, имаат деца кои ги носат во градинки и школи, имаат постари родители и уште милијарда други причини зошто за. Не знам како гледаат луѓево, дека на 30 си дете, премлад си?

    Да се разбереме, јас не викам младите да се пред старите, сосема е во ред мислам прво старите да се. Зборувам повеќе од коментариве абе вие сте млади лесно ќе минете, што да се вакцинираш на 30. Ако не се вакцинират таа група на младо работоспособно население, не ми е јасно кого да вакцинираме, децата и старите само? Само старите џабе ќе ги вакцинираме, кога нивниот организам и секако дава послаб имун одговор на секоја една вакцина, па делумно пак зависат и од колективниот имунитет.
     
    На Tajnaotrovna и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.443
    Пол:
    Женски
    Нешто ми е познато тоа. За жал имав такви примери и јас околку себе. Се дружеа со хронично болни, ги убедуваа дека имале алергија а не корона. Додека на крај не се потврди со тест. Крајно себично, среќа не умреа некого...
    А од тоа „помладите полесно проаѓаат“ налет веќе. Кој тоа со сигурност може да го каже? Ми гарантира ли некој за тоа? И колку тоа треба лесно да пројдеш за да сметаш дека е подобро да фатиш корона отколку да се вакцинираш? Кое е мерилото?
    Видов што направи короната кај син ми (12 г) пролетва. Ќе не хоспитализираа заради крвта иако тој вака однадвор личеше релативно добро во однос на температура и дишење и се друго. Само немаше место во Козле тогаш.. од деца што беа во полоша состојба од него. Мораа да бираат лекарите кого да примат, кого дома да го пратат под надзор на родителите и матичните по телефон. Со коронава нема ништо сигурно, на игли те држи цело време. Таман мислиш поминало, пак нешто ќе се пожалеше. Налет. Еве уште вика мирисот не му е 100%, кога физички е поактивен вика осеќа затегнатост во градите. За долготрајни последици дали ќе има или не, допрва ќе видиме.
    Не се работи само да преживееш, треба тој живот да е квалитетен. Кога се работи за здравјето на децата и те како ќе се борам да им обезбедам подобро здравје. Вакцината ја гледам како средство за тоа а не обратно.
     
    На Ariel, Lella и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    16.954
    Пол:
    Женски
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    16.954
    Пол:
    Женски
    Абе кој гарантира кој како ќе помине. На другарка баба на 93 години го помина на нога, а на колешка маж и на 31 година умре.
    Болеста не бира никого и никој незнае како ќе помине. Фала Богу кај мене дома сите беа позитивни јас ништо ( кога се инфицирале не бев дома 2 недели додуше), ама и те како кај сите има последици.
    Млади особи кои ги познавам , па уште неможат да се оправат.
    Еве ти си сама на себе сведок како си поминала со детенцето и на кои игли си била додека да биде добро, и после ќе кажат некои без трошка мозок па нека прележи најубаво..
     
    На Cosmic Girl, Lianna Anna, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.443
    Пол:
    Женски
    Хаха, истото го кажа роднината што имаше алергија т.е. корона, откако сите ги зарази дома - ај бар ќе прележиме, немора да се зафркаваме со вакцинација после. (facepalm) Абе најубаво, милина една! :D (Инаку медицинско лице е, високо образовано)
     
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    И сега некој ќе ја земе како референтна точка зошто е медицинско лице и ќе ја кажува како аргумент, ееее ама доктор мене ми кажа поубаво да прележиш...
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.108
    Допаѓања:
    87.977
    Пол:
    Женски
    Поради кост/бенефитот вакцинирањето деца во многу држави е препорачано само за одредена категорија деца,кои се под одреден ризик,не за сите деца.
    Тоа е така бидејки ризикот од ковид е помал од вакцинирањето во оваа фаза,кога не се познати долгорочните несакани последици за кои е потребно време да се следат.
    Но ,ова што се случува сега е надвор од секоја памет.
    Од есен во САД ,а веке знаеме и во Еу ке почене вакцинирање и под 12 год.
    Coronavirus vaccines may be available in the fall for U.S. children as young as 6 months, drugmakers say. Pfizer and Moderna are testing their vaccines in children under 12 years, and are expected to have results in hand for children aged 5 through 11 by September.
    https://www.nytimes.com/2021/06/08/health/us-vaccines-children-fall.html
    Иако студијата е почната во март годинава.
    https://clinicaltrials.gov/ct2/show/NCT04816643
    Значи да,можеби ке бидат одлични вакцини,но да почекаме.
     
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    16.954
    Пол:
    Женски
    Тешко нас во вакви медицински лица. Али како каже докторот де.
    Рачунај на сите околу него сега им е во глава дека поубаво да си прележат , него со вакцина да се зафркаваат (facepalm)
    Изгледа онаа од ФБ што ја читав му е или сопруга или некоја блиска роднина :D
     
    На Tajnaotrovna, Ahoy, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. cvet.pet

    cvet.pet Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Машки
    Ако е веќе ЛИЧНА определба вакцинацијата, нека остане ЛИЧНА. Одлуките треба секој сам да си ги носи. Тоа што се случува по социјални мрежи е мизерија. Сите бараат "гаранција".Нема таква работа. Прашуваат тешки глупости односно има тоа и психолошка компонента, некој да ти каже "мислење" за нешто па ако е добро ОК ама ако испадне на лошо ќе биде "тој ми кажа", се бара оправдување некое за постапката. Да не бидам вулгарен ,ама за некои други работи толку се бараат мислења?!.Синот мој се вакцинираше со Фајзер, прва доза, супер е тој е многу самосвесен за се. Од 1 септември тргнува во средно и ги знае прилично и лошите и добрите работи, а ги гледаше. Брат ми и цела фамилија со децата од 4 и 8 год се заразија. Брат ми ден денес чувствува трајна замореност, не може д аземе на моменти воздух, жена му д-димерите и се превисоки, не може да ги спушти, едното дете тренираше пливање пред КОВИД 19 дасе зарази, сега продолжи ама е намален капацитетот на примање воздух. Така да кажувајте ми дека кај децата "лесно поминува". И највече од се ме нервира таа on line ординација. Се да ва мислење за се и сешто, секогаш е еднострано лично, и во последно време се гледа дека е од други причини.
     
    На Lianna Anna, Tajnaotrovna и BellaBibi им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Како баба некоја си по темиве со ова- "на здравје" :tmi:
     
    На mKdevojce и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    :D, така ме учеле дека се вели :D
     
  19. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.163
    Допаѓања:
    15.411
    Мене дури и ме плаши малку со тоа негово "на здравје". Не знам зошто некако creepy ми е :^).
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.314
    Со турски серии да не си растен:wasntme:?
    На здравје се вика ко ќе кивнеш, или не беше така? На здравје се вика и кога пиеш алкохол со некого ( здравица де). За вакцина може валидно да ти биде само за Спутник, јер таа е чист алкохол:D
     
    На Lianna Anna, mKdevojce, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.