Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинација на деца против корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од mKdevojce, 23 мај 2021.

?

Би се согласиле ли вашите деца да бидат вакцинирани против корона како услов за посетување настава?

  1. Да

    30 глас(а)
    18,4%
  2. Не

    133 глас(а)
    81,6%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Денес и' стигна термин на ќерче.
    Што значи, веќе вакцинираат и 15-годишни.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.112
    Допаѓања:
    88.020
    Пол:
    Женски
    Да добиваат термини но многу малку се појавиле на термините.
    Ако ја вакцинираш,проверете антитела прво,да не го поминала веќе.
    Има деца со игг 30 без симптоми што го поминале.
     
    Последна измена: 4 август 2021
  3. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да, но не заради незаинтересираност. Сите тие се веќе вакцинирани во Србија. Таму вакцинираа малолетни уште од кога дозволија Македонци да им идат.
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.112
    Допаѓања:
    88.020
    Пол:
    Женски
    Не верувам.
    Бидејќи вкупно вакцинирани под 16 год.во Ниш досега се 12 деца.
    Здружението на педијатри препорача само за деца со хронични проблеми и гојазни.
    Хрватска има надополнување и сеуште не препорачува поради помалку искуства со вакцинирање деца
    Ние имаме здруженија на педијатри :|
    Да дадат било какво мислење.
     
    Последна измена: 4 август 2021
  5. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Ама во Ниш не одеа толку луѓе, колку во Врање. Јас кога бев во Врање имаше доста.
    Може да ми пратиш линк ако има некои статистики? Дека мислев дека нема никаква евиденција за Македонци вакцинирани во Србија.
    Еве, барем ја коа бев стварно имаше и прашав дали идат и од Србија доста, ми рекоа да. Чудно.
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.112
    Допаѓања:
    88.020
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има евиденција за македонци,сигурно има.
    Вкупен број беше 12 деца под 16.
    Германија.
    https://www.dw.com/en/germany-top-v...ds-off-endorsing-vaccine-for-teens/a-58745325
     
  7. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Сепак мислам дека е потребно, барем оние 12-18 год. Тие најмногу се движат дека се дружат. Плус е потребно за колективен имунитет, дека џабе возрасните се вакцинираат ако децата сеуште го шират. Вака ниту училишта не може да се отворат и психички најлошо врз нив влијае ситуацијата.
    Дури во Кина вакцинираат деца над 3 години со Синовак и Синофарм. Тоа не би било лошо да се примени и кај нас, со оглед на тоа што се базираат на најдолго користена метода. Иако не верувам поради големите западни пропаганди за Фајзер.
    Едит: Сега видов дека во Обединети Арапски Емирати ја дозволиле Синофарм за деца над 3 години.
     
    Последна измена: 5 август 2021
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.112
    Допаѓања:
    88.020
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се сосема во право,нема податоци и сеуште е рано за боцкање деца со мрна вакцини.
    Сеедно што се дружат,трансмисија ќе има и да се вакцинирани,возрасните ќе се вакцинираат и тоа е тоа.
    За децата ковид е блага болест.
    Студија на 250 000 деца објавена во Лансет.

    https://www.thelancet.com/journals/lanchi/article/PIIS2352-4642(21)00198-X/fulltext
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.420
    Зборуваш како да се работи за вакцина која го спречува ширењето. Значи си терате и слушате само на вас како што ви чини.

    Кој дел не е јасен од тоа дека вакцината не го спречува ширењето на вирусот, туку тврдат дека штити од тешка клиничка слика а тоа кај децата е исклучителна реткост.

    Зошто да ги жртвуваме децата за тој имунитет кој не знам како би се постигнал со оваа вакцина која не ја спречува трансмисијата.

    Ти сигурно немаш деца па затоа толку си силна со ставовиве.

    Како за парацетамолче да се работи мајка му стара, толку сте лабилни и самоуверени дека слободно може да се вакцинираат децата. Па дури и 3+ :tmi:
     
    Последна измена: 5 август 2021
    На Selest, Kitten и Cosmi им се допаѓа ова.
  10. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Со вакцинираност се намалува трансмисијата. Плус невакцинираноста на децата може да ги направи децата возможно место за мутирање на вирусот.
    Не може да се тера бескрајно. На децата им е потребна дружба, образование, социјализирање. Психички безброј последици.
    @mKdevojce како збориш, како сеедно да ту е дали детето ќе ти се зарази или нема?
    Животот мора да продолжи во нормала, а вирусот да се стави во контрола. Тоа е возможно само со вакцинација на се' поголем број луѓе.
     
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.420
    Може линк до изворот на информацијава?
     
  12. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Секој невакциниран има поголеми шанси да овозможи мутација на вирусот.
    Логично е. Колку повеќе се шири низ телото, толку повеќе се размножува и повеќе примероци се создаваат, од кои некој може да биде мутиран.
     
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.420
    Од друга страна пак, некои научници како пронаоѓачот на ХИВ вирусот на пример, тврди дека вакцините ги создаваат мутациите. Или пак сега секако ќе кажеш дека тој нема поима што збори. И да, за да излезеш со вакви тврдења треба да имаш доблест и да го кажеш изворот од кадешто си ги прочитала.
     
    Последна измена: 5 август 2021
  14. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Ок, ќе истражам кога ќе можам. Првично не ми прави логика бидејќи вирусот мутира додека се создаваат нови примероци, т.е. кога клетките ги создава. А каква поврзаност има со вакцината баш ќе видам.
    Прв пат слушам, и не ми е толку сигурно бидејќи сепак само еден го тврди тоа, за разлика од многу повеќе кои кажуваат спротивно.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    179.353
    Има ова некоја врска со титарот идентификуван со ПЦР? :?:
     
  16. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Искрено, не можам да кажам бидејќи не сум толку стручна. :D
    Тоа што го пишав погоре е објаснување кое го гледав за тоа како се создаваат мутации.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    И дека се медијатори на Ковидот во ист процент како возрасните.
    Ја пренесуваат болеста.
    Знајш шо ќе биди ако почнат на школо со физичко присуство, башка шо делта сојот е позаразен од другите?

    Overall, 258 790 UK children aged 5–17 years were proxy-reported between March 24, 2020, and Feb 22, 2021. Positive SARS-CoV-2 testing was reported in 6975 children​
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Затоа и нема да почнат... За жал.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Па то ќе напрајме.
    Да се повтори, оти малку ни беше една година.
    Македончето 500 години ја трпеше Отоманската имеприја.
    Ехеее... уште 499 имаме фира.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    179.353
    Што треба да значи цитатот со прокси? :^)
    Еве ти уште еден- Data for this study used proxy-reported children (aged 5–17 years), who could not give consent directly. Therefore, consent was from the proxy-reporting adult who was the app user, with governance granted to allow proxy-reported data usage in this circumstance. Full consent details, particularly pertaining to proxy-reported individuals, are provided in the appendix (p 1).