Јас имам 17години и се вакцинирав со Фајзер првата доза немав никакви реакции само болка во раката 2 3 дена, а втората многу полесно ја поминав 24 часа и ми помина раката.
Комисијата за вакцинација во Германија, ја смени препораката, согласно нови информации. Вакцината е препорачана за деца над 12 години. За разлика од претходно, кога препораката беше само за деца со претходни индикации. https://www.rki.de/DE/Content/Kommissionen/STIKO/Empfehlungen/PM_2021-08-16.html
Немаше да даде препорака уште долго ама притисокот од политиката беше многу посилен од ставот на комисијата.
Чудна си и ти. Битно да се напише нешто во секоја можна тема да форумов. Изгледа работиш на таргетот од 30 000 мислења.
Напротив, цврсти беа на ставот дека нема доволно податоци за општа препорака. И во секоја изјава строго го напоменуваа ова, дека нема да има општа препорака се додека е лимитиран бројот на информации, без разлика на притисокот. Ама, се додека ги имаа истите ставови, се важеа за релевантни, независни и не паѓаа на притисок. Сега, кога се смени препораката (акцент на препорака, се уште не е задолжителна) врз основа на повеќе достапни информации, одма се менува наративот и им паѓа релевантноста, пошо нели манипулација и политички притисок. Сакам да кажам, ви се важат само кога го потврдуваат вашето мислење.
Нашето мислење не е под политички притисок, а и интересот ни е јасен Justification лудило: The very rare heart muscle inflammation observed in connection with the vaccination, especially in young male vaccinated persons, must be regarded as side effects of the vaccination. In the majority of cases, the patients with these myocarditis were hospitalized, but had an uncomplicated course under the appropriate medical care. Conversely, recent studies from abroad indicate that cardiac involvement can also occur in COVID-19 diseases. (кај деца? Баш ќе го проверам ова) In addition, no signals of further serious side effects after mRNA vaccination have so far occurred, especially not in children and adolescents. Finally, current mathematical modeling, which takes into account the now dominant delta variant, showed that there is a significantly higher risk of SARS-CoV-2 infection in a possible 4th wave of infections for children and adolescents. It remains uncertain whether and how often long COVID occurs in children and adolescent- И за ова имам бројки постирано, од УК, погоре
Да, имаше случаи кај деца со ковид кои имаа срцеви проблеми, кои првично им наликуваше на кавасаки синдром. Ова уште од почетокот на пандемијата е, не е ново.
Да, тие случаи баш ги анализирав во податоците од УСА на почетокот на темава. Кавасаки има исчезнато, скоро истата цифра на случаи сега има ковид предзнак.
Ќерка ми (15г)прими и втора доза Фајзер во четвртокот. Од симптоми, болка во раката и поспаност првиот ден.
Во Норвешка почнала вакцинација во средните училишта (16+), кој сака нормално, од вчера. Во првото училиште каде се спроведе ова во Осло, се вакцинирале 400 од 600 средношколци, со Фајзер.
https://www.google.com/amp/s/www.bbc.com/news/health-58438669.amp Највисокото здравствено тело Во Англија повторно не даде зелено светло.
Каснат комшиите Овде веќе над 50% од 16 и 17 годишни деца се вакцинирани со една доза, околу 8% со две. Има притисоци да ја симнат старосната граница да почнат од 12 години, уште се преиспитуваат. Не го гледале добробитот да се вакцинира тој дел од популацијата, многу покорисно ќе било возрасните без медицински проблеми кои не се вакцинирани да се вакцинираат.
Ова вистина е. И греота е што децата треба да ги ставаме во ризик, затоа што има возрасни кои не сакаат да се вакцинираат. Ама кога си притиснат во ќош ...
Логично е, да се дополни процентот потребен за колективен имунитет. Секако јас ќе се жртвувам и ќе се вакцинирам на сметка на тоа да си ги заштитам децата и да не мора на нив да градиме колективен имунитет. Ама што знаеме па ние овде…..
Норвешка веќе вакцинира и 12+ мислам, ама за сега според премиерката 12-15 ќе добијат само една доза, за втора ќе одлучеле покасно.