Ама немам појма кој е Вејкфилд и ич нема да го сурфам Доволно беше тој со ммр шо не го знаев, па вчера го научив. Што треба да каже дека не мислам дека ммр предизвикува аутизам, ниту дека верувам дека мнра предизвикувале стерилност ( и тој вчера го најдов, ок бивш директор на Фајзер, ваљда нерешени сметки имале, можеби). Ама исто така не можам да замижам на информациите кои излегуваат, и во моментов фали моментот, бенефитот е поголем од ризикот, јер ризикот кај деца е минимален. Да за н1х1 вакцината зборам, и да, таа ,,лажна,, пандемија, за која сзо не е многу чиста, ја проценуваат дека имала меѓу 150.000 и 500.000 фатални исходи
Ама тој ја почна сторијата со ммр. Кого научи ти, да го научам и јас. Вејкфилд е синоним за мрп, уствари за релацијата меѓу аутизам и мрп. Во Лансет ја објавија студијата, мислам негде во 90 - тите. И почна масовна паника. Да се промовира модата, стара од времето кога грипот косел се пред себе, ама не, ги труеле со морбили. Натаму ја знаеме историјата. Во случај да одлучиш да гуглаш, чисто информативно, Andrew Jeremy Wakefield. Мене сите моменти ми фалат, јас дистанцата озбилно си ја сфатив.
Тој ли е тој? Ете вчера го спомна, го изгуглав и го забораив Појма немам ни тој вториот кој е, пиши екс фајзер анти-вакс, прво ќе ти излезе, толку е небитен што инстантно го заборавам. Дистанца, сонце и чист воздух, не за џабе не лечат со чист воздух овде На планина бил уште почист
како може така да не се вакцинираат па ко ќе им текне да се вакцинират. За да не се вакцинира и треба документи за контраиндикација за имунизација а не ако така им текне
Како услов за посетување настава , не би прифатила . Да не бидам погрешно разбрана , јас секако би ги вакцинирала моите деца против корона . Она што ми пречи е " УСЛОВ ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НАСТАВА " . Секое дете ИМА ПРАВО на образование ! Без разлика дали е вакцинирано или не . Да , епидемиите се шират можеби и најмногу низ децата , бидејќи на дете ( особено во градинка ) сепак не можеш да му објасниш дека треба да држи растојание , да носи маска постојано итн ., но не ми се допаѓа условување . Тоа е до свеста на родителите . Сметам дека треба да се шират повеќе информативни кампањи околу вакцините , не само против Ковид-19 , туку и за било која друга вакцина .
Многу ме интересира кој е тој еден што гласал со "да" и зошто‽ Мислам дека на анкетата треба да се додаде опција "не знам" како во другата тема. Плус, за да не се осеќам дискриминирано. @RainBow
Ц Родителите имаат одговорност, децата до 18 години не. Плус... да не се повторувам и претходно е зборувано на темава, да размислиме за дискриминацијата која им се прави на децата кои ете нема да бидат вакцинирани. Нема да посетуваат училиште или? Ќе ги казнуваат? Како ќе го решат ова? Нели сите деца имаат право на задолжително образование? М?
Онлајн. Како го замислувате тоа со правата? Во демократија со права доаѓаат и одговорности. Тоа е 'цената' на живеење во заедница. И Амиш да си, ако не им ги почитуваш правилата ќе те исклучат од заедница.
Абе ај.... Многу лесно се преоѓа тенката линија па од добробит се оди кон штета. Како во случајов. Децата имаат право на училиште исто како и другите. Не може едни онлајн, други на училиште. Нели за инклузивност се залагаме? И пак ќе повторам: децата немаат одговорност, не до 18 години. Освен можеби некаква одговорност имаат на 16 години, така што... Не за џабе се нели деловно неспособни итн...
Децата имаат право на образование, затоа ќе им биде обезбедена онлајн настава. Исто децата, треба да не се отворен ризик по здравјето на другите деца и нивните фамилии. Во право си дека е тенка линијата, ама мора да има заштита, пошто во заедници лесно се шират зарази. И тоа е факт кој е постар од човековата раса.
Како го замислуваш тоа со одговорноста? Кој термин е одговорност- responcibility, accountability, liability? И кој им спаѓа на децата а што има на другата страна, наспроти тоа од децата? Не збориме за ммр овде, ако не ти е јасно. Информирај се малце пред да влезеш во празни демагогии.
Не се демагогии. Има пандемија, смртоносна е, вакцината е начин да се спречи. Децата ќе ги сносат последиците од одлуките на родителите. Тоа е...
Вакцина која не е доволно испитана и не гарантира заштита од заразување туку ветува полесна клиничка слика доколку се случи истото. Исто така станува збор за вакцина против вирус кои децата доста лесно го прележуваат т.е без тешки клинички слики и последици. Каде е тука општествената неодговорност? Ако јас на пример спаѓам во ризична група како возрасен, тогаш јас треба да се заштитам а не да барам да бидат вакцинирани сите деца околу мене за да не ми го пренесат вирусот.
Според законот , немаат одговорност до 18 години . Родителот е тој што е одговорен за детето до полнолетство на истото , што значи - последиците ги сноси родителот . Како ќе се одвива онлајн наставата , кога имаме социјални случаи кои за жал не можат да си дозволат компјутер и интернет .. ? Како би ја следеле наставата тие деца ?
Но сепак , детето ќе остане без образование . Затоа ова " УСЛОВ ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НАСТАВА " толку ми боде очи .
По која логика е правната постапка наспроти очигледни факти? Не ја разбирам паралелата со нинбершки код и ковид вакцинација. Ги разбирам етичките моменти и сите прашања кои што знам, веројатно неминовно се отвараат во врска со вакцинацијата. Разбирам дека преовладуваат емоции многу повеќе кога се работи за деца и дека е стварно тешко да се остават на страна истите во врска со одлуката и покрај фактите. Ама никако не ја разбирам врската меѓу кодексот и нешто што е апсолутно фактичка состојба од другата страна. Кодексот е валиден во фаза на истражување, под присила, без здравствена заштита, манипулација, експериментирање во животозаканувачки услови, загрозување на безбедноста, секако со нула информации за истото. Нешто од кое и произлегува, ужасни злосторства и експерименти, најбрутални форми на тестирање луѓе до смрт во името на нацистичка медицина. За да ти стане појасно, читај за Менгеле, еден од многуте. За права и слободи воопшто да не зборувам. Не знам како се игнорира постојано фактот, дека во пандемија важат други закони, со цел заштита на населението, а нинебршки код произлегува токму од спротивното. Во ред е да се испитува и преиспитува медицинска етика, ама не знам како е во ред, да не се прави дистинкција меѓу злодела од минатото и денешната медицина. А ако веќе се осмелува некој да го зема кодексот како валиден против вакцинација, логиката вели истиот да се употреби и против сите лекови, медицински испитувања во врска со истите и се останато. Чајче. Пошо скроз е доволно.
Чисто логички- мнра е технологија која е пуштена во употреба и одобрена од здравствени регулатори вон пандемија? Во било каква форма, како апче, дали е користена како терапија на лимитирана група на луѓе и дали е следена нејзината безбедност во подолг временски период? А што со нејзините ефекти врз категоријата деца? Логичко ми е прашањево, површно информирана сум и навистина не знам.