Нема шанси да не е известен, освен ако не живее во услови од 60-тите, без интернет и тв. Секаде излегуваат со информации кога и каде ќе се вакцинираат децата, со потпис од родител или не. Плус школото е должно да извести кога ќе дојдат тимови за вакцинација. Ако некој упорно воопшто не чита весници, не гледа вести, нема појма што се случува кај детето во школо, нека му биде. Нема кај не се достапни информациите, едноставно невозможно е да не знае дека ќе има вакцинација. Вчера имаше систематски кај син ми во школо, меѓу другото ревакцина ММР имаше. Месец дена претходно добивме прашалник дали ќе се вакцинира, и ако да, детални прашања за здравствената состојба, историја на болести, реакции на лекови идр. Плус инструкции колку време пред и после тоа да не прима никаква друга вакцина, и во кој случај би ја одложиле ММР. Транспарентни се за вакви работи.
Не е точно тоа. Конкретно за вакцината што се примаше порано на 18 годишна возраст кога им текна дека може да ја примаме и на 14/15 години во деветто одделение или прва година средно кога пристигнаа тие од болница да не вакцинираат сите професори и родители беа изненадени. Никој не беше известен.
Не знам што има врска ова со темава, освен што сите карактеристики наведени како опис на култови, ти успешно ги покажа во мислењата овде. Искрено се надевам дека нема никој успееш да регрутираш во твојата секта.
Да бе јас сум што мене ми е погрешно ова доле(коментар на поставени вести и текучи дешавки )не овие што го прават и поддржуваат и не гледаат ништо погрешно во ова а до тебе скраја да е-не (можда поради природна дарба или dare I say секташки менталитет )Ајде прочитај малце што се дискутира страници наназад и да постојат вакви мислења на тоа се надоврзав .
Страници наназад само ти пишуваш и одозгора лажеш. Еве имаш и во последните мислења некој пишал како оди вакцинацијата на терен, што не е некоја тајна, секој со деца знае, а ти упорно и намерно шириш паника, непоткрепено со ниту еден доказ или разумен аргумент. И не, ако пишеш "овде нешто мириса", не е валиден аргумент.
Ај информирај се пред да се брукаш понатаму вака.Ова ти е објавувано со владини кампањи и мејнстрим медиуми.Не ги пишувам јас само коментирам.Ако некој лаже онда види со нив таа работа Едино ако ти смета реалноста и не би да ја прифаќаш,ама не можеш да ја негираш жал ми е а и тоа не е мој проблем.
Ако не се повторило повеќе ова, веројатно си ја научиле лекцијата па известуваат од секоја можна страна месеци однапред Верувам дека се случило, ама верувам и дека не се случува веќе
За ништо родителите не разговараат со децата овде. Им наредуваат, не ги прашуваат. Ако се бунат, ќотек јадат. Ќерка ми ја прашавме дали сака да се вакцинира, или не. А да беше и без дозвола од родител, прво со нас ќе се консултираше. За се' нас не' прашува. Ама за тоа треба да ти верува.
Така беше во наше време, што ќе кажат-тоа, не смееш да прашуваш или да се буниш Се надевам сменети се барем малку работите, барем тие што ги гледам околу мене.
Дете мало не смее во ништо да се вклучи без дозвола на родител. Над 14 години веќе се смета дека одредени одлуки може само да ги донесе. Над 16 скоро се третира како полнолетно пред закон. Затоа и има во одредени земји дозвола само детето да одлучи. ГИ пишаа примерите погоре. А такви глупави заплашувања од типот буууу сега ќе дојдат децата ќе ви ги вакцинираат нема да се случат. Не претерувајте. И сега кај нас тие под 18 години за КОВИД се вакцинираат со потпис од родител/старател. Во школо вацинациите се по календар за имунизација и родителие се известени дека децата ќе им бидат вакцинирани по календар. Значи никој не доаѓа така да се бапне во школо па да вакцинира. Календарот од диспанзер за вакцинација се носи во школо при упис. Нас сега не ни го зедоа, мислам дека на прв систематски ќе го земат. Значи јас знам дека детето ќе ми биде вакцинирао во школо. Кога точно не знам за датум, ама знам. Ако дете е алергично на нешто треба да знае. Во принцип за да не се најде во беља. Јас лично познавам деца што се алергични на нешто и што самите веќе при крај на градинка знаат да кажат тоа не смеам да јадам. Или да отрчаат до родител и да прашаат дали тоа смеам да јадам или не?
Само што никој од "болница" не оди по училишта да вакцинира деца. Секогаш вакцинацијата се правела во школските амбуланти, каде при, недај Боже, анафилактички шок, има соодветна терапија. Башка што вакцините се чуваат во фрижидер, како ги транспортирале? Малку приказнава не штима.
и никој не кажавте стриктно вие како родители дали ќе ги вакцинирате или ги вакциниравте вашите деца?цело време дискусијава се одвива шта би би кад би …ме интресираат исксутва ,ако некој може даде,ви благодарам дечки
Вакцинирани се на време со сите вакцини досега, кога ќе има вакцина против ковид и за нивната возраст достапна, ќе бидат вакцинирани.
Имено, според дискусијата со @green.eyes се потврдува она што претходно го кажував, тамошните деца генерално се посамостојни. И не, не е проблемот во нашите деца, туку во нас родителите.
Веројатно се мисли на медицински лица во бели униформи Не можам да тврдам дека не се случило, сепак сум овде само 7 и пол години. Звучи неверојатно, не дека не Искрено, не знам сеуште Јас без размислување се вакцинирав, сопругот исто. За децата најискрено се надевам дека нема да дојдат до толку ниско во старосната граница (синот има 7 години, ќерките една и пол година). Се тешам уште така Ако излезе некоја мутација што е многу опасна за децата, да, би го вакцинирала синот. Мене лично повеќе ми е страв од пост-ковид кај децата отколку од самиот ковид, па тоа ми е голема причина зошто би се одлучила да го вакцинирам.
Не мислев на тебе, туку на приказната на членот. Нас до средно вакцинација ни вршеа исклучиво во школски амбуланти, со претходен систематски преглед. Родителите секогаш беа известувани за тоа и дури бевме во основно одевме со родителите. Во средно бевме сами од клас, ама сепак родителите беа информирани.
пост ковидот и тоа како е загрижувачки,не само за дечињата и за нас возрасните исто,јас сеуште немоџам да се управам