Ок, јас ги измешав брзините, ми помина времето за едитирање. Фајзер, модерна, исти цурац...се одјавувам од темава...до утре, задутре
https://vecer.mk/balkan/kovid-sosto...eni-deca-na-respirator-priklucheni-i-bebinja/ eve kako kosi voa kovidov,mladite i decinjata se na meta sega,strasno….i seuste ligevo ne veruvast deka kaj decata dava isto strasen ishod …uzass
Греота, душички. Допрва во наредните години и децении ќе се воочуваат и испитуваат евентуалните последици од овој вирус. Сега од оваа перспектива, додека уште трае борбата со пандемијата, не може да се видат последиците.
Резонот на Фаучи за вакцинирањето деца: A lot of good reasons why you should vaccinate your child ...Најмалку 100 милиони долари гуд ризон за оваа возрасна категорија, веројатно и повеќе...само во САД
Тоа што го говори за инфицирање на други луѓе што се поризични е точно. Сега имаме случаи каде што едно дете болно во школо го инфицира другарчето, а другарчето ја инфицира бабата на 70 и нешто која прима хемотерапија. Така што тој дел од моабетот држи вода, е сега дали вакцинацијата спречува инфекции е прашањето на кое што тој не одговара. А тоа е клучното.
Стално во приказната за децата има некоја 70 годишна баба со хемотерапија. Дали вакцинацијата спречува трансмисија е прашањето. Инфекции сигурно спречувала во првите 2 недели по втора доза, баш сабајле негде прочитав. Абе ајде Кој сака нека вакцинира, ама перење мозок и уцени, ноу, ноу...
Не измислувам приказни јас. Карши мене се детето и бабата. Во комшии. Во истиот случај е заразена и учителката (по втор пат во 10 месеци. Вакцинирана не била зашто нели природниот имунитет е подобар. Двата пати со симптоми сериозни).
А познати се смртни случаи од реинфекција? Сериозно прашувам. Оти од другиов имунитет, стекнат од вакцина, познати се.
Според извештајот од ИЈЗ има 5 смртни случаи од 555 реинфекции (стр 6 од документот http://iph.mk/wp-content/uploads/2021/09/info-COVID-19-do-26.09.2021.pdf).
ОК е ти знаеш најдобро се. Јас и маж ми исто се заразивме од синот кој тогаш имаше 4 години. Мајка ми од бебе се зарази. Ама нема везе јас само за рекла казала сум. Ти све издржано пишуваш. Пишав и претходно дека е спорно дали вакцините спречуваат трансмисија е клучно. То нормално се фати да го спориш тоа што не ти одеше во прилог.
Зпшто досега децата не ги вакцинираа против грип за да ги заштитат бабите и дедовците за кои и обичниот грип е ризичен?
vo Danska sekoja godina se vakciniraat decinjata vo gradinka radi influensa,zatoa sto osven kovidot i taa pravi golemi respiratorni problemi kaj malite deca od predskolska vozrast
Сите деца ги вакцинираат против грип? Овде во Шведска само деца кои се во многу ризична група се вакцинираат против грип. Инаку се препорачува за лица постари од 65 години и лица со хронични болести, без оглед на возраст.
Дискусија на нивоу- ти све знаеш, јас све знам Јас не реков дека знам најдобро, ниту нешто ми оди во прилог. Јас не сум производител на вакцини, не сум зависна од политичките одлуки и немам апсолутно никаков интерес, со или без вакцини. Единствениот мој интерес е моето дете и да донесам најдобра можна одлука во врска со неговото здравје врз база на достапните информации и искуства. Не знам зошто упорно се повторува приказната кој се заразил од дете, секако некој ќе се зарази од дете, и тоа дете од некого се заразило. Тоа нема врска со темава. Приказната која се продава- вакцинирајте ги децата за да не ги заразат возрасните е таа која е многу шуплива. Прво, возрасните, особено ако се во ризична група, треба да бидат вакцинирани, и таа вакцина треба да ги штити. Второ, таа вакцина аплицирана на деца не иде без ризик. Притоа товарот на ризик паѓа на детето, а кој е потенцијалниот бенефит, и дали здравствено, за и единствено во однос на тоа дете, тој здравствен бенефит е поголем од здравствениот ризик? Не знам која и дали некоја вакцина спречува трансмисија, и немам намера да си правам истражувања- детево го заразило таткото, претходно било со дедото, дедото бил вакциниран, итн...Тоа е рекла-казала. Исто рекла-казала е: знам вакцинирано 12 годишно дете, имаше вакви и онакви последици по таа фамозна вакцина. А утре, истото тоа вакцинирано дете ќе се соочи со вирусот, јер вакцината не штити вечно, нели. Ако од Фаучи главната поента е децата главно поминуваат без компликации, дури асимптоматски, ама вакцинирајте го ради баба му, тоа не е валидна поента. Ете, немаме баба во приказната, а да експериментирам со детето не би.