А за Мрна вакцините не се нови туку се работи на нив уште од 1998 година. https://www.wbrc.com/2021/05/26/cov...ould-anything-developed-this-quickly-be-safe/. @WildMk така е ама нека сносат последици. Нема да бидат рамноправни со вакцинираните. И со право. Замисли дете кое од реални причини не смее да прими вакцина, оди во школо со дете на мама и тато антиваксери кои се со 2 разреда школо ама имаат нет дома. Невакцинираното антивакс се разболува од вирус. го фаќа другово, другово умира. И сега?? Убиство од втор степен. Загрозување на јавно здравје.
Мхм, а кои се тие реални причини ќе ми ги наведиш те молам? Најсериозно прашувам Пошто од она што јас го гледам вакцините не се докажани дека се небезбедни за било која категорија на граѓани therefore само "антиваксери" не би примиле
Нема што да прогуглам, јас немам примено одредени вакцини поради алергија. Конкретно за ковид ме интересира кој поточно не смее да прими ниту една од постоечките?
Штом fact-checkers велат дека не е точно нема сила што ќе ги убеди во спротивното. До вчера беа теориите на заговор виновни сега сметаат и студиите.
Не дава тетка Меркел. Вика во ЕУ, за жителите на нон-ЕУ земји влез само со грин пас и тоа кинеската и руската вакцина не важат.
Грин пас ќе содржи и инфо. за негативен тест не постар од 48-72ч. Синофарм ќе важи, затоа што е одобрена од СЗО, а ќе важат вакцини одобрени од СЗО и ЕМА.
Епа за каков избор зборуваш тогаш? Значи тогаш не можеш да кажеш 'Ако сакаш вакцинирај се, ако не, никој не те тера' . Сфаќам дека сакате да се јачите на овие теми како најначитани и како само вие да имате право а другите не смеат да зуцнат против Ковид политикава ама барем доинформирајте се до крај.
Информирана сум ама изгледа ти не си информирана дека секоја одлука си носи последици. Дали се согласувам со тоа дека за патување треба пасош за вакцина, не се согласувам, дали е факт дека мора да си вакциниран, е. Не може некоја Нена да се контрира со сили посилни од неа. Не сакам вакцина, нема да патувам, или ќе трошам секое патување плус пари за тестови, карантини и чуда. Тоа е тоа. Сурова реалност. Не се вакцинирав за патување се вакцинирав за себе си. Зашто верувам во тоа дека само со вакцина ова ќе се истреби.
Добро, штом ти велиш дека е факт, нека биде така. Страв ми е да не ми удриш ќотекот затоа не ве закачам веќе. Не сакате теории на заговор ниту пак сакате кога ви цитираат студии. Вакцинирајте си се и уживајте во вашите привилегии а ние бедните ќе се задоволиме со трошките што ќе ни ги дадат.
Како бе од деца стигнавте до ковид пасоши? @RainBow Вируси и бактерии викате предизвикувале миокардитис? Каква врска би можела мнра да има со стрептокока? Дали аденовирусната вакцина би можела да тригерира миокардитис? Дали покрај херпес зостер ковид тригерира и херпес симплекс? Дали и вакцината некако го следи истиот образец? Значи образецот е следен- имаме вакцина, тестирана на 2000 деца 3 месеци и ја шибаме во употреба. ЕМА е свесна дека постојат некакви сомнителни пост хок појави од употребата на истата во УСА, и затоа блиско ќе ја посматра ЕМА не е свесна за досега пријавените сајд ефекти кај возрасни, јер датабазата ништо не значи. А и децата не се возрасни нели, апсолутно ништо не е познато како сајд ефект. 3 месеци на 2000 деца е совршено добара тест процедура, за да се пушти на отприлика 100 милиони деца (велат децата се третина од нашата популација, не сум проверила) јер бенефитот е поголем од ризикот. Во меѓувреме, покрај Израел и Швајцарија го пријавува мојот омилен херпес зостер како можен сајд ефект кај 50тина вакцинирани, ама и тие се возрасни, башка не се ЕУ, кој ги врти...И така
Овие од Израел значи само нешто да се истражувало-децата до 9 години немале некоја битна улога во ширењето на Ковид. Young children not only are at low risk for developing COVID-19 but also don’t play a significant role in the spread of SARS-CoV-2 while attending school, finds a study recently published in the Journal of American Medical Association (JAMA). However, the same might not apply to teens and adolescents. За да ги избегнат потенцијалните ,,можеби,, сајд-ефекти, за кои самите предупредиле во Април, размислуваат на помладите да им даваат само една доза.
Многу нелогичности има. Се ова стана циркус. Политика е одговор на твоево прашање и само политика. Како им оди во прилог така прават.
Јас сеуште чекам @Ahoy да ми одговори на прашањето. Кога нешто не му одговара на тема вакцини одма се јавува а кога не, никаде го нема.