Извињавам се, не сум видел. Не е СЗО само за одобрување на вакцини, секоја држава си има своја институција за тоа, пример кај нас МАЛМЕД. И да беше одобрена од СЗО, сепак секоја држава треба посебно да одобри одредена вакцина да се користи во државата. И Спутник ги има поминато сите фази на тестирање со објавени резултати во The Lancet, ама се' уште е во фаза на разгледување и во ЕМА и во СЗО. СЗО мислам дека се очекува да ја одобри во јуни, ама не сум сигурен.
Така лагано би си ги вакцинирале децата без ни малку да ве копка дали и какви последици би имало од вакцините? Океј, разбирам луѓе во години и луѓе со болести да се вакцинираат. Едноставно стравот од смрт преовладува секогаш, за да не настрадаат од вирусот би примиле не една, туку пет вакцини. Татко ми и двете баби едвај чекаа да се боцнат на пример. Ама јас на мои 22години, мои врсници, па еве сега и за мали деца се зборува, зошто да брзаме да се вакцинираме, ако сме прилично здрави и со јак имунитет? За патување? Па еве ПЦР ќе направам, ако е само за тоа.
Фајзер прави испитувања за да продолжи со вакцинација и за деца над 12 години. Јас сум во рани 20ти, и се вакцинирав. Колку и да имам јак имунитет, сакам заштита. Сакам да се врати животот во нормала, не сакам ограничувања. И ова е патот до целта.
Во Шведска засега нема да вакцинираат под 18 години, освен деца постари од 12 кои се со многу голем ризик од тешка форма на ковид, т.е. деца со одредени хронични болести. Само по препорака на специјалисти ќе се вакцинираат тие деца. Засега не кажуваат кога би почнала широка вакцинација на деца над 12 години.
Одлична стратегија на Шведска за разлика од Германија,која ке почне од јуни за над 16 ,а од есен и за над 12. Јас би ги вакцинирала за едно 2-3 год од сега и не со Мрна вакцина.
Денес и ECDC препорачаа да се почека со вакцинирање на деца-прво за да се вакцинираат што е можно повеќе возрасни и вишокот од вакцини да се распредели во земјите каде има недостаток на вакцини. Второ, имаат резерва према тоа дали навистина е потребна масовна вакцинација на деца, барем во овој момент. Се надевам Швеѓаниве ќе си останат на ставот и нема да тргнат по другите земји ако евентуално некој почне да вакцинира.
Од друга страна ја имаме продаденава политичка фигура, упс лекарка. https://emagazin.mk/doktor-sofi-anova-i-decata-treba-da-se-vakciniraat-protiv-kovid-19/. Како може да излезе со такво тврдење кога уште траат испитувањата па уште се нема конкретен, единствен став/заклучок на темава на пошироко ниво. Од таквите едноставно ми се .
Да беше лекарка со кредибилитет и совест ќе се повлечеше од директорската позиција после случајот со Тамара а не да се појавува на ТВ секој втор ден. Да бевме нормална држава и оставка ќе си дадеше. Ама тоа е веќе друга тема. Јас лично не ја доживувам како лекар од доверба како што се претставува, туку сосема спротивно.
Кај вас короната ко кец на десетка дојде за да си ја покријат ,,способноста,,. Пак, држи се до темата, за деца збориме.
Јас воопшто не се согласувам, веројатно затоа што имам најдобро мислење за Софијанова, за жал од блиско искуство. Оф топик. Он топик, и' верувам на Софијанова. Јас сум за вакцинација на деца, ама не сега, туку кога ќе се вакцинира најголем дел од возрасното население. Вакцинација на деца со хронични болести сега да, инаку нема потреба. Сега за сега.
Како бе така? Нели бенефитот од вакцина треба да го надмине ризикот од болест- тоа е вакциналната логика. Ризикот кај деца е 0,00колку? Што е бенефитот, ај потсети ме.