Не е 0.00 ама блиску до 0.00 е https://www.thelancet.com/journals/lanchi/article/PIIS2352-4642(21)00066-3/fulltext
Аха... а ова исто ќе важи и за починатите од вакцината? Упс... заборавив, нема починати од вакцина, само од ковид
А штетата од масовна вакцинација? Ако сите деца се вакцинираат тоа значи дека нема да има ниту едно мртво дете?
И од многу антитела имало зијан, замисли.Велат можело да води до прекумерна реакција и воспаление на срце. Израел наоѓа веројатна поврзаност меѓу Фајзер и миокардитис кај млади мажи, во Америка се истражува и Модерна. Ако не ви се чита, 2 фатални исходи, кај здрави, млади мажи. Веројатно немаат врска со вакцината. https://www.sciencemag.org/news/202...s-heart-inflammation-and-covid-19-vaccination
Чекај, што значи ова? Клиничката студија од тест групите ќе биде готова откако ќе извакцинираат се во реалниот свет ,или јас нешто не разбирам?
Па и масовната вакцинација може слободно да биде дел од студијата. Таман ќе се добијат реални податоци од терен. Само прашање е колку ќе бидат релевантни оти нели досега се прикажуваат само со розеви очила.
Ако добро разбирам од текстот и бустер дози после 6-12 месеци испитуваат во рамки на клиничкава студија. Не сум сигурна дали на тоа се должи, ама зборувам за овој дел:
Абе арно ни праеја во комунизмот. Ќе дојдат на школо сестри и доктор и денес, сите од трето одделение се вакцинираат. Никој нема да ти кажи, ни кога ќе е вакцинацијата, ни за што е вакцината, ни ништо. Сега, наеднаш, сите 'права' имале. За да имаш права, треба да си ги заслужиш со бидување одговорен! Не оди едното без другото. Сто пати реков. На кој не му се допаѓаат правилата на заедницата, можи слободно в планина... оф-грид да живее. Таму ќе имаш права колку што сакаш и нема да имаш одговорност кон никој и ништо. Само да не испадни дека мечките се проблем. Сите зинат газот за удобностите кои ги нуди општеството, а никој не сака да преземе одговорност за истото. Јас! Јас! Моите права! Себичњаци! Затоа и имавме неконтролирани бројки на заразени со месеци. Оти имале сите 'право' да се собираат по гости и да се пикаат во гужви.
По другите теми многу реални и издржани коментари пишуваш. Во оваа категорија како да не си истата личност. Ништо лично, само една мала забелешка.
Се нервирам за неодговорноста на народот. Година и пол се молиме да држат дистанца, да носат маски, да не се собираат во групи, посебно на затворено. Ништо, ама ништо не послушаа! Истото е и ова. Ако покажат студиите дека вакцината е безбедна и за деца, зошто да не ги вакцинираме? Ќе им ја остајме пандемијата во наследство? Тешко нив ќе биди. Испореметена клима ќе наследат. Недостаток на питка вода ќе наследат. Екстремни временски услови, ќе наследат. Воени подрачја ќе наследат. Свет во кои умираат деца од глад, ќе наследат. Мислам дека доволно 'поклони' им оставивме. Не им треба и мутиран ковид или некое друго чудо што ќе ги покоси за една година.
Ко прво не сме живееле ние во комунизам, социјализам беше. Друго, си заборавила дека најавуваа кој ден ќе дојдат од амбуланта за систематски и вакцинација, си носевме и лажички од дома. Имаше деца што не ги примаа вакцините од одредени причини. И трето, тие вакцини го задоволуваат периодот за тестирана вакцина од 6 до 8 години. Мене оваа изјава на Пановски во една емисија ми кажува сѐ! Не одам понатаму во дискусија дали ќе вакцинирам дете. Мојот одговор е категорично НЕ. https://m.facebook.com/watch/?v=232828698369640&_rdr Последните 2 минути се клучни, од 15та минута до крај.
Неверојатно, сите значи со теориите на заговор. Пановски пропагира забранет лек во ЕУ ХБО збори дека немало етика во фармацијата Ќе гледаме парт2
Ги вакцинирам децата редовно по календар, не сум антиваксер, ама оваа вакцина ќе ја прескокнам. Нема да дозволам моите деца да примаат недоволно испитани вакцини. И од мене категорично НЕ.