Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинација на деца против корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од mKdevojce, 23 мај 2021.

?

Би се согласиле ли вашите деца да бидат вакцинирани против корона како услов за посетување настава?

  1. Да

    30 глас(а)
    18,4%
  2. Не

    133 глас(а)
    81,6%
  1. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Вакцинирање на деца треба да има откако ќе се одобри вакцината, не само од причина дали умираат деца или не, туку дека тие пренесуваат највеќе, а со пренесување, мутира вирусот, што може после да дојде период кога ќе биде измутиран да не може да се заштитиме со постоечките вакцини, ние постарите. Плус, има многу луѓе што стварно не можат, и не смеат да се вакцинираат, па мора да бидат заштитени со колективен имунитет(во кој спаѓаат и децата).
    Од друга страна, децата може најмалце умираат од короната, ама знаат да имаат и последици што се доживотни, што сепак вакцината штити и од тоа.
    И уште не разбрав како се има страв од ете според некои неиспитана вакцина, ама се нема страв од неиспитан вирус? Дали било кој од овие што сметаат дека вакцината е недоволно испитана, знае какви се долготрајни последици има од короната врз деца и возрасни? Повеќе верба се имало на вирус, него ли на вакцина...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.898
    Допаѓања:
    179.121
    Какви?8-|
     
  3. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.898
    Допаѓања:
    179.121
    Дали MIS-C е друго име за Кавасаки:drunk:?
    https://www.verywellfamily.com/a-pe...en-misc-kawasaki-disease-and-covid-19-5118266
    Кај се хоспитализираните од Кавасаки во 2020, ако во 2016 биле 5440. Тие се дополнителни на тие 3700 хоспитализации со МИС или како?

    Факт-чекирана информација:
    - How long will it take to recover? Most children with MIS-C recover in approximately 30 days with treatment.

    Ако е ова имунолошка реакција на вирусот, како што велат:
    ... that “most MIS-C illnesses are believed to result from asymptomatic or mild Covid-19” followed by a hyper-inflammatory response that appears to occur when the patients’ bodies have produced their maximum level of antibodies to the virus. Experts do not yet know why some young people, and a smaller number of adults, respond this way.
    - што гарантира вакцина која се плетка со имунитетот на деца, а истата е тестирана на деца 3 месеци или колку?
    Џизс, мислам глуп софтвер за 13 корисници се тестира подолго од ова.
     
  5. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Различно е Кавасаки од ова новото MIS-C, второто е поопасно и побрзо се развива.
    Вакцините не се од пред 3 месеци, туку со години познати технологии што функционираат, и што се безбедни за деца. Ако ете споредуваш со софтвер, рачунај го ова со корона вакцините како update на софтверот, а не како сосема нов софтвер. И пак ќе повторам, се преферира вирусот, ама не и вакцините? Зошто???? Зарем овој вирус истражен е, истестиран како софтвер (особено како што мутира од ден за ден)? Не е. Во секој случај вакцина е значително подобра од вирус.
     
    На DarkStormm, Lianna Anna, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.898
    Допаѓања:
    179.121
    Софтвер не е метафора, споредба е.
    Остај го тоа извртување тези дека се преферира вирус место вакцина, неколку прашања имам:
    - која мнра медицина е досега одобрена за употреба на деца?
    - дали треба и против грип да се вакцинираат деца?
    - што значи безбедна вакцина? Некоја дефиниција нешто?
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.898
    Допаѓања:
    179.121
    https://jamanetwork.com/journals/jamanetworkopen/fullarticle/2778347
    2 000 000 пцр позитивни деца во САД, 2430 (?) хоспитализирани во период од 7 месеци.
    upload_2021-6-3_20-26-52.png
    И со тие хоспитализации претерале,според студијата на Станфорд од пред неколку дена, речиси половина биле асимптоматски.
     
  8. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Види какви прашања поставуваш... споредуваш корона со обичен грип, и јас да ти кажам што значи безбедна вакцина, дефиниција за вакцина...
    Па покажуваш статистики за деца во моментот. Дали сфаќаш дека вирус мутира, и дека додека не се спречи, може да стане толку опасен и за деца, да дојде мутација што буквално белите дробови на деца ќе им ги изеде.. И дека ова се спречува само, и само со вакцина, никако друго.

    Треба да сфатиш дека вакцина е такво откритие, и да си благодарна секој ден што постојат. Зошто без вакцини. Јас не планирам да те едуцирам за бенефити од вакцини, каде фали мозок, не може да се додаде.. касно е. Не се мачи да ме цитираш, не враќам ништо после ова. Не си заслужна да губам време јас на тебе.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.898
    Допаѓања:
    179.121
    Ама секако, кога ќе поставиш логичко прашање на кое нема прикладен одговор, прашањата не заслужуваат одговор и се преминува во навреди. Дрско, арогантно и игнорантно(y).
    Не, не споредувам ковид со ,,обичен,, грип, што и да е тоа обичен. Прво, и тој обичен грип има потенцијал за опасни последици кај деца (минорни ама можни), второ единствена вакцина за респираторен вирус колку што мене ми е познато, е таа за грип. Овој вирис, за разлика од Н1Х1 кој таргетираше деца, не ќе да е многу поопасен за деца од сезонскиот грип, за кој види молимте, ЦДЦ исто препорачува вакцина:o. А тој, опасниот за деца, измутира до исчезнување без вакцина, па еве ве, здрави, прави и премудри.
    Историски, сите респираторни вируси за кои знаеме во историјата на човештвото, единствено слабееле со мутациите, не станувале јадачи на бели дробови и покрај немањето вакцини.

    И најпосле- не можеш да ми одговориш на прашањето за безбедноста на мнра вакцините за деца, затоа што има само еден факт- ниеден мнра производ, никогаш не бил одобрен за употреба евер, се до сега. Дури ни за лимитирана група со тешки заболувања како единствен спас. Ако ова не е факт, некој нека ме корегира, толку ми се моменталните познавања.
    За возрасните, секој нека си мери ризици и бенефити, за деца, здрави, прави, со супериорен имунитет (јер децата не се мали луѓе) ваков ризик е малку преголем јер е непотребен.

    Ај сега оди учи нови лабави флоскули, за да имаш муабет во следната прилика кога ќе дискутираме за факти:hai:
     
    На orevokrsacka и renata77 им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    33.607
    Пол:
    Женски
    Мене што ми падна во очи од табелата е раса на деца(facepalm).
    Зарем и во 21век уште на Америка и е битна расата|((facepalm).
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.898
    Допаѓања:
    179.121
    Расата е многу битна:!:. Имале проблем во тест фазите за вакцините, јер недоволно припадници од други раси им се пријавиле, ваљда некоја квота за се имаат.
    Расата е исто битна, јер индирекно посочуваат на социо-економските специфики, се претпоставува дека овие не-беливе имаат помалку стандард и поинакви работни позиции, за да се заштитат. Исто ко во Германија што помина информација дека муслиманите, кои се незнам колку десетини од популација, биле доминантен процент во хоспитализираните.
     
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    33.607
    Пол:
    Женски
    Ма глупости бе , чунки небеливе деца не се деца (facepalm). А муслиманиве овде може да завршиле во болница оти ценетите доктори не сакаат болни странци да прегледуваат:worried:.Мене бебето не сакаа да ми го прегледаат кога кажав, дека имаме симптоми на корона ,на итна ми рекоа да си го чувам дома сигурно плаче ради грчеви, не од корона(facepalm).После ќе зборат странците вакви онакви:puke:.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    5.352
    Кај сите болести е битна расата. Не само од социо економски аспект туку и генетски предизпозиции. Многупати кога сум читала за болести сум сретнувала податок таа и таа раса има толку проценти поголем ризик од икс болест.

    Зашто си за вакцинација на деца? Ја освен да потполнат дупка на сметка на баграта антиваксерска за да се дојде до тој фамозен колективен имунитет, апсолутно не гледам друга причина. И колку сум про вакцина за возрасните, еднакво против сум за деца. На деца со имунитет во градење да им дадеш вакцина за болест од која најмногу може растечен нос да добијат (карикирам) според мене е сулудо. Сметам дека е неетички да воопшто се вршат масовни студии за безбедноста на истата врз деца. Ако некогаш вирусов недај боже измутира до степен да стане еднакво ризичен како за возрасни, тогаш да, и треба да се размислува во таа нссока.
     
    На Kitten, Biljarkata, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Затоа што секоја раса има различни генетски предиспозиции.
    Во сите биолошки истражувања, расата се зема како параметар.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.112
    Пол:
    Машки
    Реков, не сега.
    Можда за година дена од сега, можда за две.

    Јас за вакцинација на деца можеби би чекал да се одобри некоја од Кинескиве вакцини, со оглед на тоа што побавно створаат имунитет и не прават бум во организмот кога ќе се аплицираат (како мРНК или векторските), затоа што децата немаат целосно развиен имунитет.

    И затоа сум сите возрасни да се вакцинираат прво, сите. За колективен имунитет се потребни 80%-90% имуни/вакцинирани, па нека тие 10%-20% што остануваат бидат деца и оние со сериозни контраиндикации.
     
    На LejlaD и le.soleil им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.101
    Допаѓања:
    87.826
    Пол:
    Женски
    Да, доколку се одобрат кинеските вакцини со платформа како и другите вакцини досега.
    Но се форсира само со фајзер за деца.
    Со Фајзер дете не би вакцинирала,со Модерна исто.
    А ке биде реалност од септември за во школо во западна Европа,во тој правец одат за разлика од Шведска.
     
    На LejlaD, Ahoy и green.eyes им се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Пред 2 дена излезе група експерти во Шведска со предвидување за силен четврти бран во кој најмногу би настрадале децата зашто возрасните повеќето би биле имунизирани. Од агенцијата за јавно здравје, оние кои ги прават проценките, статистиките, предлозите за воведување/укинување мерки цврсто стојат на ставот дека нема да се имунизираат децата.
    Баш ќе видиме како ќе се одвива работата. И јас би сакала да ми се заштитени децата на некој начин, ама само ако стварно има реална потреба.

    Од една страна им го разбирам стравот, има премногу деца со пост-ковид во Шведска кои сеуште не можат да имаат нормален живот :(
    И деца кои имаат уништено здравје после ковидот.
    За жал и починати деца од Ковид.

    Како и да е, тешка одлука ќе биде ако дојде време за тоа да одлучувам. Се тешам дека е меѓу помалите сеуште па не влегува во таа возрасна група што ќе се вакцинира по другите земји.
     
    Последна измена: 5 јуни 2021
    На WildMk, LejlaD, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    5.352
    Фајзер се најпроактивни во студии за различни групи на луѓе, први излегоа со студии за бремени жени еве и за деца. Бизнис моделот им е одличен и се позиционираат како прв избор баш заради тоа што имаат податоци од студии. Другиве вакцини колку што следам се пасивни и освен прелиминарните задолжителни фази не прават ништо. Или па не стигаат до медиумите. Страшна машинерија е фајзер и сигурна сум дека ќе најдат уште многу начини да заработат уште повеќе. Дискредитирање на конкурентите беше само прв чекор.
     
    На LejlaD, Ahoy и Cosmi им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.500
    Допаѓања:
    201.482
    Пол:
    Женски
    Мене тоа најмногу ме плаши, да не удри по децата :worried: ако возрасната популација, еве 20+ да е вакцинирана, а вирусот се уште го има, не се мали шансите да удри по најранливите.

    Од друга страна - децата најчесто се преносители - можеби и нема да има четврт бран, оти ќе нема што да пренесат, ако возрасните се имунизирани.

    Јас не би ги вакцинирала децата.
     
    На renata77, LejlaD, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски

    И нив им беше таа логиката, дека најподложни на инфекција ќе бидат тие по 18. Се надевам грешат во прогнозата и дека сепак нема да има есенски бран.

    Затоа е добро во што поголем процент да се вакцинира возрасното население.
     
    На LejlaD, mal.ecka и Ahoy им се допаѓа ова.