Каде е студијата за деца? Сега прочитав, Синовак ја одобриле или одобруваат за деца во Кина, студија и достапност ќе има, исто колку и за возрасни претпоставувам.
За резултатите објавено е на нивната страна. Самата студија дали е објавена по журнали искрено не знам. За кинескиве не сум видела по научни списанија ама ваљда доставиле нешто до СЗО штом ја одобриле...
Во Кина мислам дека и Синофарм е одобрена за 2+, со претпазливост кај 2-5 годишните, како така да имам прочитано... @Cosmi не само во Западна Европа, Филипче најави и за кај нас, со цел децата да се вратат во школо...
Да најави но сепак незадолжително и без услови. Ќе дозволат нашите ако дозволат на запад, бидејќи секако ке има некој што ќе сака да боцка дете со Фајзер.
И Европа има свое ЦДЦ се вика ЕЦДЦ. Покрај ризичните групи адолесценти, за здравите бенефитот од вакцината го сметаат за лимитиран https://www.ecdc.europa.eu/en/publi...ations-covid-19-vaccination-adolescents-eueea The vaccination of adolescents at high risk of severe COVID-19 should be considered a priority, as with other age groups. The overall direct benefits of vaccinating adolescents will mainly depend on the incidence of SARS-CoV-2 infection and on the prevalence of underlying conditions increasing the risk of severe COVID-19 in this age group. The individual direct benefits from COVID-19 vaccination in adolescents are expected to be limited in comparison to older age groups.
И Германија се повлече од почетното одобрување за вакцинирање на сите деца над 12. https://www.reuters.com/world/europ...pproval-covid-19-shot-adolescents-2021-06-10/
Па уште со ова да направат малверзации им остана, после криминалите со тестовите и болничките кревети.
Синовак мислам дека ќе беше подобар избор кај деца, вака не знам дали некој ќе вакцинира дете со Фајзер...
Не ја сфаќам стратегијата освен потрошувачка на фајзер вакцините. Ни јас не верувам,можеби ќе има ситна бројка. https://360stepeni.mk/d-r-panovski-...tet-treba-da-se-vozrasnite-i-ranlivite-grupi/
Не сум за вакцинација на деца, ама тие деца што немале никаков контакт со вирусот се ризична група. Како би ги заштитиле, а тоа да не е вакцина? Ќе треба ли да ги изолираме (не ми се допаѓа тоа), пак да се учи од дома и градинки да работат само за тие што го поминале вирусов? Ич не сум паметна како би било добро. Ако се вакцинираат 80% од популацијата на возраст 20+, што со децата и тинејџерите? Дали ќе има зголемен ризик за нив, или не?
Можеби одговор дава состојбата во Британија. И покрај делта сојот нема хоспитализирани деца. Што не беше случај претходно,и кај нас и секаде имаше хоспитализирани,познавам и лично детенце на 5 год со високи ддимери,температури ,чуда,две недели лежеше.
Ќе видиме. Јас искрено се надевам дека нема да се остварат прогнозите за делта сојот кај нас. Навистина не сакам да ги боцкам децава, ама и сакам училиштата да работат како порано. Мислам дека на сите ни е доста од пандемијава.
Како што оди ситуацијава изгледа станува факт дека кога тогаш и децата ќе треба да се боцнат, барем оние над 12 години, инаку не може да се достигне колективен имунитет, а и се стравува од мутации кои строго би ги нападнале децата ако се остави простор на вирусот само таму Само не знам колку е паметно да се аплицира Фајзер кај деца, можеби подобра варијанта ќе беше Синовак, затоа што и таа е одобрена за деца, во Кина 3+, во Индонезија 12+. Инаку во Индонезија делтата хаос прави кај децата
Ама условите во Индија и овде не се исти. Децата таму и овде. Јас се мислам како на себе да не ставам Фајзер, не па на дете. Маж ми од Синовак нема никава реакција. Освен што му било жешко, ама и 40 степени беше кога стави.
Мислам дека нема шанса во Македонија да достигнеме 80% вакцинација и имунитет. Голем дел од луѓето се сосема незаинтересирани за вакцина, а добар дел од прележаните се вакцинираа, така што и тука мањкаме, па мислам дека аплицирање на децава за целта колективен имунитет не е оправдано. Од друга страна па, и јас да би имала деца би била загрижена со новиве мутации на вирусот кои покажуваат дека е сменета популацијата која е афектирана, во смисла на тоа дека сѐ помлада популација е зафатена од вирусот. Јас генерално не сум за вакцинација на деца сега и веднаш, ама сепак е факт дека непрележаните, дали деца, дали возрасни, ќе се најмногу на удар во следните бранови. Се надевам некако дека нема да има потреба од боцкање деца Ама не сум убедена дека е реалистично. Стварно преку глава веќе.
Ај како нема да се постигне. Во денешното интервју Даниловски убаво објаснува дека природно веке го поминале 60% од народот плус вакцинирани, ке се стигне до 80% нека не отекуваат со делтава. Тие нека гледаат над 60 год.да се вакцинирани сите. Многу брзоплето Филипче со одлука за вакцинирање деца. Вои најмала рака требаше да почекаат со одлуката. Во Хрватска на пр.ваква е одлуката