Возрасните не сакаат да се вакцинираат. Од утре за секој се отворени пунктовите. Нема повеќе пријавени. Ако не се вакцинираат доволно од возрасните, ќе побараат и децата да се вакцинираат... а и ќе мораат. Некој мора 'да ја наполни дупката' до 80%.
Првпат после почeтокот на вакцинацијава сум во дилема .За детево 16 години.Сите сме дома вакцинирани секој најбрзо што можеше,кој преку сајтот,кој преку работа , фак. без дилема и околу изборот на вакцина.А и сите имаме различни примено.Без никави нус појави. Ама за најмалово навистина незнам.Да беше со кинескиве помалку ќе се мислев поради традиционалниот начин на изработка какви што децава и досега примале ама за со Фајзер на олку млада популација некако ми е страв.А до четврток треба да ги пријавиме. Би сакала ваше мислење и став посебно вие што имате деца на таа возраст. Ќе тагнам некои за кои мислам дека имаат деца до 16 г. @WORRIED.BT ,@WildMk ,@ph.orhideja ,@Cosmi ,@Ariel ....???
И мене ми е тро страв... заради миокардитисот како нус-појава. Ја пријавивме (15г). Таа сака да се вакцинира Ко ќе читам, паника ме фаќа, од друга страна и ко ќе читам хорор приказни за деца кои се заразиле од корона и од тоа паника ме фаќа. Генерално, во паника сум цело време кога мислам на ова
Е колку се хорор приказни од заразени деца де? Тоа е ептен мал процент, занемарлив. Има хорор приказни и од било кој друг вирус/бактерија, познавам еден куп околу мене кои барем по еднаш лежеле со децата по болници. За нус појави е рано да збориме. До сега имаме искуство само со реакции пропратни од една вакцина. Нус појавите ќе ги гледаме во наредните години, да бидеме реални. Не мислите дека е полесно да имаат компликации од експериментална вакцина отколку од самиот вирус? Неспособњациве наши наместо да спроведат друга стратегија, како што сме малку народ, и како што предвидуваат дека имаме веќе 60% природен имунитет, а уште 20%од вакцинација, наместо да спроведат масовен скрининг за антитела, тие решија да бидат запад, да ја ископираат секоја нивна одлука.
Најверојатно би ја имала и јас истата дилема како тебе,но моите деца имаат антитела.Ќерка ми го прележа во јануари,имаше антитела кога проверивме,а син ми негатвен беше на пср тестот,но имаше антитела околу 10(реф.вредност 1). Затоа сега,во овој момент не размислувам за нив за вакцина.Ние,и покрај тоа што го поминавме,се вакциниравме со кинеската Синофарм. Тешка е одлуката. Не би можела да ти дадам совет,но еве,колку за споредба,децата од мојата околина(другарите на моиве деца)кои се на таа возраст,не се се уште вакцинирани. Одлуката е на родителот.
Јас уште не можам да си го опоравсм телото од короната... Д димерите до плафон ми одат... Не сум се ваквинирала сеуште. За детето сега во моментов не ни размислувам...Неа сеуште не и е вратен мирисот...Ете така ја помина короната.. Скептик сум за овие вакцини општо земено а за детето посебно.. Не сум антивасксер не ме тепајте!
Не сум за вакцина кај деца,фајзер па никако. Прво е многу безобразно што државните власти се истрчаа да вакцинираат деца за ја достигнат таргетираната бројка на вакцинирани лица.А појма немаат колку луѓе имаат имунитет. Тоа можеа лесно да го дознаат да сакаа, да се поврзеа системски со приватните лаб.и ке имаа увид кај колку луѓе се утврдени антитела. Бројката треба да ја подигнат возрасните,а не децата. Во многу држави е одобрена ама за одредени категории деца,не за сите. Второ, поради тоа што оваа вакцина не може да се споредува со ниту една од претходните. Фајзерот е експериментална вакцина има итно одобрение и доста утврдени нуспојави,не само кардиоваскуларни туку и на нервниот систем. Ковидот кај децата е сепак блага болест,не е смртоносна. Компликации од ковидот се ретки.Сега со делтава во Британија не ни има хоспитализирано деца,зошто тогаш?
Против оти не чуствувам сигурност. Зошто да се вакцинирам или да се вакцинираат децата кога другите постари членови во фамилија веќе се вакцинирани? Ниту можат да ми пренесат корона ниту јас можам нив. Ако се разболам јас ќе го пребродам, млада крв. А можеби и го имам прележано, пошто пред да почни короната т.е средината на Февруари бев 7-8 дена болен со температура 38-39, тогаш бев уште средно и скоро повеќе од учениците отсуствуваа и беа со исти симптоми. До сега од стартот на короната, во фамилија никој не се разболе освен јас тој еден месец (февруари) пред да почни официјално короната и дали беше корона тоа, можеби сезонски.
Почнаа да им набиваат чувство на вина на младите. Демек ако не се вакцинирани тие можат да бидат причина за заболување/смрт на баба или дедо оти ќе им го пренеле вирусот, а баба и дедо фул "имунизирани". Во Германија комисијата за вакцини не дава сеуште препорака за вакцинација на 12+ ама ете имаше на Фб се пофалија дека почнале со вакцинација на учениците во завршните години. И тоа со се слики со се и секако со присуство на политичарите како најголеми експерти во вирусологија и имунологија во последниве година ипол дена.
Ковидот е поопасен од вакцината. Од било кој вирус може да добиеш миокардитис, башка ковидот и други последици остава. Друга стратегија би било, да е задолжително вакцинирањето за сите над 16 години, ама 'имале право' да не се вакцинираат. Ќе ти напраат нереди. Како ќе го решиш проблемот?
И јас се мислам. Нема да се тука до крајот на летото, па тоа секако ја одложува одлуката. Ич не сум анти ваксер, а од друга страна, децата доста лесно го поминуваат ковидот. Не знам, во септември ќе мислам…
Не,не е. Кај децата е обратно,веќе е утврдено дека ковидот за децата не е опасен.Потврдено и со големата студија во Британија. Мрна вакцина фајзер е експресно одобрена после истражување на 1130 деца. Но,пази сеуште не се поминати 24 месеци од тогаш,што значи сеуште не е безбедна,туку нема информации.Временскиот период за пратење на нуспојавите од вакцината е скратен. Немањето информации значи потенцијален ризик. Веќе ставив информација каква е препораката во други држави,ХЗЈЗ не препорачува вакцинирање на здрави деца. Германија паметно игра,ке вакцинираат деца со зголемен ризик. https://www.iamexpat.de/expat-info/...s-covid-vaccine-only-minors-health-conditions
Со масовен скрининг на населението, како што реков. За останатото @Cosmi веќе ти одговорила, да не се повторувам.
Сори вака што упаѓам у темава ама.... Вајлд нека направат задолжително тогаш кога секој - дете, млад, стар, со автоимуна, со дијабет, бремени, доилки и сите ќе знаат со која смеат и дали смеат, наместо секој доктор да е со став со - вакцинирајте се сите со било која. Родина имам со автоимуна и високи антитела и различно ѝ кажале различни. Еден ѝ рекол со било која, друг ѝ со рекол само кинеска, немој фајзер, трет нешто трето. И ај кажи што да прави? Да отиде слепо, битно да се вакцинира? Немој пак со реченицата - ама ковид е поопасен. Океј, ама не треба цената за заштита од ковид да биде нагло влошување на болеста што веќе ја има. А за деца па да не праиме муабет дека не е сеедно. Ја се вакцинирав и избрав кинеска ради некои проблеми што ги имам. Ама остај ме мене. И ја сум задолжително ама прво за полнолетни и со доволно инфо за групите наведени погоре.
Јас стварно не сум за вакцинација на деца, поготово не сега во оваа фаза и со овие информации. Нека ги натераат овие што нејќат да чујат за вакцина возрасните прво, не тука на децава ќе правеле колективен, глупости. Некој да го сноси цел ризик, друг да го ужива бенефитот на колективен имунитет, па уште децата да го сносуваат ризикот. Нека се вакцинираат возрасните, таман ќе сме. Едит: Не ми е намерата да разубедам некој ако сака да си го вакцинира детето. Секој треба да си процени ризик бенефит, зошто може навистина некаде таа вакцина е потребна за некое дете. Ама како би се утврдило тоа сега, не знам, мој личен став е дека за адолесцентите нема потреба во моментов. Сметам дека е во ред во одредени случаи каде има индикации, ама дека не смее никако да биде за целта колективен имунитет.
Немаме имунитет на стадо. И сега? Од досегашните информации, повеќе може да има штета од ковид, отколку од вакцината. Дури и кај деца. Да повторам, миокардитис може да закачиш од кој било вирус, вклучувајќи го и ковидот. Посебно ако си млад и здрав. Се согласивме, ама како ќе ги натераш? Не ми одговоривте на тоа?
Тоа можеби со твој заклучок. Сѐ додека не направиме масовен скрининг, нема да знаеме до каде сме. Затоа е безобразно да се наметнува вакцинација да продолжи со децата зашто има преплашени родители (а стравот го надвладува разумот) кои мислат дека корист ќе му направат на детето ако го вакцинираат. Пановски вика: не е исто ако јас со мои 65год за 5-10 години имам нусефекти од вакцината, и дете од 10 год кое за 5-10 има уште многу што треба да проживее. Нема доволно испитувања дали и какви може да бидат штетите од вакцинат на деца. Плус, многу краток период е за да се донесуваат дефинитивни заклучоци.