Јас не сум за ХПВ вакцина,затоа што има уште низа останати и недовршени експирементрирања.А вакцина како вакцина и то како може да биде штетна.
против вакцини сум и тоа не само за оваа.Конкретно за оваа разбрав и дека како прво штителе најмноги 5год. и тоа ни третина од типовите што ги има хпв вирусот.Така да не ми е јасно која е целта што сакаат да ги вакцинираат 12годишни деца.А пак што прочитав за другите вакцини на бебињата што им ги даваат,што содржат и каков ризик се за здравјето на децата а не корисни :о страшно.Имам отворено и тема во категорија бременост поткатегорија здравје на бебиња.постирав таму нешто кој го интересира нека види да не пишувам надвор од темава.И инку хпв вирусот може да исчезне со здрава исхрана ако го зајакнеш имунитетот редовна контрола и пред се Божја помош оти се е во Негови раце нели.
против сум за вакцината оти не е испитана а имам пријателки кои се вакцинирале и само полошо им станало затоа не не не не
Јас сум за едно големо НЕ. Не ја сфаќам поентата на тоа што сакаат да вакцинираат за против ХПВ, а тоа покрива само четири типа на ХПВ. До кога вака...
Јас лично сум многу против вакцината. Затоа што вакцините наши се бесплатни,а вакцинирањето во Америка е прилично скапо( по 200 долари по доза,а потребни се 3 дози). Нашите вакцини се бесплатни,затоа што се пробни и уште не испитани доволно. Второ , вакцината штитио од ХПВ типови што се застапени во Америка.Кај нас `владее` скроз друг тип на ХПВ,па од оваа гледна точка се целосно безполезни.
Абре луѓе бели се закануваа дека немале да можат да се запишат средно девојчињата ако не се вакцинирани, но јас не сум вакцинирана и без проблем ме примија во средно. Живи глупости! А за оваа учебна година што доаѓа ќе видиме како ќе испаднат работите.
Кога пред 8 години после породувањето ми најдоа ХПВ и кај нас беше малку познато ,докторот ми кажа дека постои вакцина и дека ако сакам можам да си набавам (сама) и да ја примам или пак да одам во Солун и таму да ја примам. Јас прво се загреав ,но после нели мало бебе па зима ,па ова па она и некако го баталив тоа.Во принцип јас сум за тоа доколку постои вакцина за нешто истата и да се прими,а еве гледам и мојот гинеколог е за. Сега имам ќеркичка која здравје боже ќе треба да ја прими оваа вакцина.Јас како мајка би ја вакцинирала и најверојатно истата ќе ја набавам од некоја друга држава доколку овие кај нас не бидат во ред.Секако до тогаш ќе има и први реакции дали позитивни или негативни и во нашава држава од оние кои примиле.Гледајќи по форумов колку само девојки имаат проблем со ХПВ и разноразни,па дури и опасни цинови искрено се прашувам дали оваа вакцина не треба да стане навистина задолжителна.
А како докторот ти рекол да се вакцинираш кога ти нашле хпв вирус во тебе?За тие што имаат таков вирус е забрането несмеат да ги примат вакцините затоа што така ке се засили вирусот бидејки самите вакцини се ослабнат вирус со што ли уште не и ако ја примиш ке стане полошо.Не ми е јасно како ти препорачал докторот да се вакцинираш одкога ти пронашле хпв. .Јас имав хпв со цин1 и фала му на Господ немам веке ни цин ниту пак вирус и пред да дознаам дека вакцините се опасни се распрашував за да се вакцинирам кога сеуште имав хпв ама ми рекоа дека ако имам вирус веке несмеам http://www.femina.mk/out/?id=92c3d1f7a5 ... -post.html еве овде можете да прочитате колку "заштитува " оваа вакцина.
Да беа вакцините штетни, сега немаше на бидеме 7 милијарди туку 7 милиони. 3 милијарди ке умреа од туберкулоза, 1 од беснило, 1 од колера, а останатите од дечја парализа и рубеола.
Здраво. Сакам само да прашам дали уште се испитува вакцината, затоа што јас имам 13 години и во вторник ќе треба да не вакцинираат. Слушнав дека вакцината била штетна, дел од оние кои што ја примиле не можеле да родат деца подоцна, или пак престанувале да добиваат, имале често главоболки и слично. И дали е вистина дека треба да се плати казна ако не се прими вакцината?
Не се секирај туберколозата и понатаму носи животи и секој ден има се повеќе заболени само седејки дома поима немате од вистината
Јас ја примив уште пред да ми почне менструалниот циклус.Засега немам никаков негативен ефект од тоа.Уште тогаш кога ја примив мојата докторка беше против зошто сум се вакцинирала ако немам циклус,односно сметаше дека прво треба да имам циклус па да се вакцинирам.Инаку јас лично сум против вакцини,да требаше сега да се вакцинирам од хпв не би се вакцинирала.
Феминки, пред некоја недела ни дојдоа у школо и ни кажаа за вакцината... Сега незнам, да ја примам или не?
Јaс јa примив и ништo не ми е, не фaнaв aутизaм, не умрев, не се рaзбoлев, истo кaкo и другите девoјчињa oд мoетo шкoлo штo јa примијa, ниеднo не се пoжaли. Вaкцинa е, не е тoлку oпaснa кoлку штo јa прaвaт секaкви експерти нa интернет.
Досега не се пријавиле штетни последици од вакцината. Штити од само 4 вида на ХПВ, но баш од високоризичните вируси кои најбрзо водат до ЦИН, или рак на матка. Нискоризичните не се опасни и затоа нема вакцина за нив. Вакцинирани се последниве 3 години 12 годишини девојчиња, сега се по 15 и не знам дека некоја имала проблем со зачнување Ниту пак дека сакала Мое искуство - ме исполажаа да не примам, другарка ми си прими, кога беа бесплатни за сите до 26 години. Јас си добив ХПВ високо ризичен, баш од оние кои штити вакцината, другарка ми на глава ми се качи - нели ти реков. Цела година правев се што можам да го излечам. Не сум вакцинирана, а имам страшни главоболки од стрес, мигренозни. За тоа колку е добра вакцината, треба да поминат години за да се утврди дали ќе има ХПВ вирус кај жените кои се вакциниреле, а тие прво треба да станат сексуално активни и да почнат редовно на преглди. Значи уште е рано да се види. Ракот на грлото на матката кој е особено поврзан со ХПВ, е еден од најчестите причини за смртност кај жените. Исто, видете ја темата со ХПВ колку се обидуваат да се ислечат и како тепко им оди.