A производителот или земјата која би наложила да е задолжителна вакцината, прифаќа да сноси морална и финансиска одговорност ако се покаже дека не е безбедна и некој настрада ради тоа? Мислам ако не, значи и сами не се сигурни дека е и ефективна и безбедна.
СИ-ТЕ ЈАВ-НИ СЛУЖ-БЕ-НИ-ЦИ Значи пак оние на кои намногу им треба ќе чекаат за вакцини, оти јавните службеници се и на твитот на министерот ПРЕД, потенцирам ПРЕД хронично болните и критичните групи. Нив кој ги шиша, битно за ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ да има.
Ние младите последни ќе се вакцинираме во 2022, ризична група се 50 + нагоре,,само 400000 граѓани ќе бидат вакцинирани Прашањето ми е дали ќе можеме да влезиме во друга држава невакцинирани?
Јас не ја дочитав објавата на министерот, сега гледам прво ставени јавните службеници пред хронично болните. Можеби не е реченицата според приоритет. Зборов можеби ми е последна трошка надеж, не сакам да верувам дека се сериозни. Некој нека каже дека нема врска овој редослед....
Британија и официјално ја одобри американската вакцина Pfizer-Biotech. Најпрвин ќе се вакцинираат сите што се во контакт, медицинари, шофери, полиција, администрација, ризични групи, образование и сл. Иначе во МК нема да биди задолжителна за другите ама ќе имаш некои забрани како летање со авион и престој во одредени дестинации. А во Србија ќе биде задолжително. Јас пошто сум многу млад, не би се вакцинирал сега особено од Фајзер. Ќе почекам 2-3 години дали ќе јави некакви нус појави кај други луѓе кога ќе почни масовното вакцинирање, оти секој организам е различен. Најмногу мие страв заради тоа шо вакцините предизвикуваат аутизам и сл. хормонски болести, не дека мене ќе ме фати таква болест ама утре ако имам деца хормонски можело да се поремети нешто и да се јави аутизам или недостаток на детото поради вакви нешта од вакцини. Така читав на нет аи имам слушано. Најмногу мие страв од тоа. Ако би се вакцинирал, би се вакцинирал со оксфордската, руската или некоја кинеско-јапонска вакцина. Незнам ќе видиме, засега ќе почекам јас а дома моите ако сакаат нека се вакцинираат. За сега Британија е прва која одобри.
Дали е можно да ја запишаа во починати баба ми истиот ден ко почина како 79 годишна, а имаше 78? Не дека е битно сега веќе.. За кога се очекува ова со вакцините? Здравствени работници би требало да се први, па ризичните категории.
Во мк тоа мало морген Во другите еу земји имаат фонд за оштетени од вакцини кај нас такво нешто не постое примаш вакцина ако си ок ок ако нешто се деси ке речат не е од вакцина и толкуууу
Да не верувате на муабети слушнати од рандом ликови и на се што ќе прочитате на интернет најдобро ќе биде. Ако има избор, јас прва ќе се нацртам за вакцина.
Во ОАЕ се вакцинираат од јуни, само ние уште веруваме во теории на заговор. Децата аутистични ќе се роделе..ок
Јас на пример го жалам тој кој во иднина ќе дојде во твои раце да го лечиш пошо мислам дека студираш медицина. И тоа е само мое мислење на кое имам право, нели?!
Вие антиваксерите што викате дека аутизам предизвикувале вакцините, дали знаете што би се случувало сега доколку не ги имавме примено овие вакцини што ги имаме примено? Против туберкулоза на пример?
Не студира медицина. За нејзе не знам,ама еве,јас не сум антиваксер.Ама,не би примила вакцина против вирусов. Не може да се направи квалитетна вакцина за неколку месеци.
Многу наивно делувате во врска со Covid вакцините далеку сум од анти-ваксерка. Но кој ви гарантира дека за 5-10 години нема да има некои несакани ефекти? За толку кратко време направена вакцина никој не може да гарантира ништо. Да сега се тестира на 30000 луѓе но еве за сега немаат посериозни последици ама ако се појават за одреден период 1-2 години ќе се чудат од каде им е.
Не реков дека нема да се вакцинирам, него ќе чекам да помини време бидеќи за толку кратко време нее ништо сигурно иако тие тврдат дека е сигурна. Па и да не се вакцинирам размислувам тоа е мое право. И да ме фати корона ќе прележам млад сум, ама да се вакцинирам за толку кратко време никогаш, не фала па утре да си ја чукам главата. Нека се вакцинираат старите и ризичните и онака тие најмногу ги фаќа и умираат и оние шо сакаат да шетаат по светов. А тоа дека нема нус појави и дека се само теории дека од вакцина не се добиваа аутизам и хормонски болести кажувај му го на друг. Ако сакаш толку да се вакцинираш почекај си до Март ако ти се брза тркни до Лондон штом сакаш толку.
Без увреда, ама тие како тебе ми се најмалце јасни. Трубат со месеци како е страшно ова што се случува, луѓето како се безобразни, се групирале и вирус ширеле, маски не носеле, не верувале, ради нив луѓе умирале и така натаму, а не сакаат да се вакцинираат. Дали мислите дека вирусот сам од себе ќе исчезне или си најдовте комфор-зона во траоров, па сметате дека деценија треба да изгубиме од животов, живеејќи на ваков мизерен начин, додека не се осигурате дека е ОК вакцината? Иако јас не сум потресена од ситуацијава лично за себе, почитувам туѓ страв и никогаш не сум ставила некого во, според него загрозувачка ситуација, ама сметам дека тие луѓе кои се плашат и имаат апсолутно право на тоа, треба да бидат оние кои ќе си се вакцинираат први. Епа извини, не може да се жалиш дека јас ти го одземам правото на здравје, а ти да ми го одземаш правото на нормален живот и заработувачка! Не може ради твојот страв и неќкање да се вакцинираш, да пати и пропаѓа цел свет! Според мене, задолжително вакцинирање не е потребно. Потребно е од кога ќе се лансира вакцината, да се укинат сите мерки наеднаш, па оние кои сметаат дека е опасно да се шетаат околу, нека си се вакцинираат, а останатите оставете не да "умреме" на наша одговорност. И волкот сит и овци на број.