Правев ИГГ 1.14 Ако ме закачило на нога, асимптоматски... Или сум имала лажно негативен брз тест пред една недела. Не можам да врзам некои моменти... Поделени мислења од неколку што успеав да контактирам вечерва. Некој слично искуство, има или не основана издржана причина да се вакцинирам или не? @CameliaMiller утре частам бројче, сега е доцна
Мислам до 0,9 се недоволно, до 1.1 е гранично... ама, ако бил контакт пред 1 недела, може сеуште да се создаваат/растат
Какви се тие ИГМ? Едит- најдов. Број на активни антитела кој во моментот се борат против вирусот. Добро е ова, можеби највалидно пред примање вакцина.
Тие покажуваат во моментот дали има инфекција. Кај дете сте проверувале игг? Прашав во Биотек ако сакам со точна бројка крв од вена се зема,а само позитивно/негативно од прст. Детево е 17 месеци,не го тестиравме,па сакам да знам дали имало и како стои со антитела ако го помина вирусот. Ама не знам колку е сигурно од прст,а од вена многу ми е језиво....
Фала за објаснувањето. А зошто ти е дете да тестираш? Вие тестирани сте? Деца секако не се вакцинираат
Не. Матичната ми е цела хпл. Ви Биотек ми рекоа доволно ти е само ИГГ ако ти е чисто инфо за вакцина. Јас не се дрзнувам сама да судам од чичко гугл. Овде сега прашав чисто за инфо, искуство слично/исто на моето. Утре планирам да консултирам имунолог, ама 99% ќе се вакцинирам.
Јас проверив на дете во Биотек пред една недела игг од вена. Година ипол има. Прв пат го боцкаа од вена. Малце се помачија да му најдат вена. Ама не беше страшно ок пројдовме. Во лабараторијата во к. вода се префини го анимираа и му пуштаа цртани на ком.
Вена од рака така? Дека нели од пета ги боцкаа во болница,ама тоа само за новороденче изгледа важи...
Нема проблем и да имаш повеќе антитела да се вакцинираш, и онака АЗ сега ќе примиш само една доза, втората во јуни
Ние се тестиравме позитивни бевме двајцата. Мали 10 дена пред тест се разболе ,имаше бактерија во нос. Таа недела кога имав јас симптоми еден ден крена тт и мислам дека беше и тој позитивен. Сакам да му проверам антитела за да знам на што сме. Многу се плашам од пост ковид промени што се јавуваат кај деца..
Секоја држава сама си одлучува мислам. Некои не ја даваат над 55, други над 65, а Германија ја одобри и за над 65
Imas informacija za kaj nas kako ke bide koga ke pristignat (ako voopsto pristignat) ili za vo srbija kakva e odlukata za vakcinacija so ovaa vakcina vo odnos na godinite na pacientot