Јас знам само едно лице, 26 има, ама има и хронична болест. Јас сакам да се пријавам ама на мајка ми и рекле дека немало да ми одобрат.
Пробај, секако ништо не губиш Инаку од денес странски државјани во Србија се вакцинираат исклучиво во Белград, не може во другите градови.
На другарка мајката има автоимуно заболување т.е. имала пред неколку години и сега никој не знае дали треба да прими вакцина. Може треба да е во приоритетни може и не смее да прими. Дали можеби знае некој како може да се дојде до специјалисти во ковид центрите за информација? Нервохирурзи и сл? Да напоменам матична не знае, пунктови вакцинални не знаат...
Проблемот е што и е кажано дека мора ептен да се пази бидејќи синдромот можело да се активира при заразување со корона. И одење во болница моментално и е многу лоша опција. Матичнава наводно проба да контактира некого ама безуспешно...бараме насекаде контакти да може да се дојде до информација.
Еве нешто за вакцините во Србија. Наводно им истекува рокот на АЗ на 29ти, затоа ги брзаат. Толку видов набрзинка видете ако ве интересира https://www.bbc.com/serbian/lat/balkan-56540249
Појма немам, може грешно читам Ббс до моментот на објавувањето на текстот нема добиено официјална информација....
Да одиме во Србија за да се вакцинираме башка бесплатно, ако чекаме од овие Црпнативе ќе дочекаме....
Да, ама ако немате термин немојте викендов луѓе, хаос ќе биде. Цел Балкан во една хала во Белград, короната слави. Џабе вакцинација ако закачиш Ковид додека ја примаш вакцината.
Ситуацијата не е смешна,ама начинот на кој ни ја претставуваат(особено делот со ваксајнс) некои политичари е смешен поради изговорите кои ги наоѓаат. Кажи само „преговаравме за вакцини,договоривме и очекуваме наскоро да пристигнат“,не туку лупај датуми ако не си 100% сигурен и не користи изговори. Или е за смеење или за нервирање,за браво сигурно не е.
Јас пак да кажам, вакцини сегде фалат, освен можеби во Србија. Не дека ги бранам неспособните во Македонија, кажувам да смирите живци. Пошто добивам чувство дека како нигде општеството е опседнато со немањето вакцини. Сегде се неспособни, сегде бркаат свои интереси и народот го јаде стапот. Вакцини има негде, еве може тие над 70 ќе дојдат на ред Ај да се вратиме сега на темата- вакцина против ковид, ако може.