Да ве прашам, дали некој ќе оди вечерва за Белград за вакцинирање? Татко ми има добиено термин али малку е потешко за организација па бараме ортак . Може и со наша кола може и со на друг. Јас исто не знам дали ќе одам, ако одам ќе биде само за друштво, али би било убаво ако има уште некој да сака да оди па да одиме/одат заедно.
Само ќе кажам секоја чест на Србија на организација и се по ред. Вечер слободно ќе одговорам на сите кои се заинтересирани да ја тераат таа шема
Се надевам дека барем од МЗ ќе побараат број на вакцинирани наши државјани во Србија, да си ги внесеме во статистика... Колони возила на Табановце, Македонците се упатија на вакцинирање во Србија | ФОТО
Секоја чест за Србиве. Боли сликава, како последна шајка во ковчегот ми е за надежта од државава. Па уште ги исклучиле камерите да не се дознае демек. Се сум земала на шега и сум се зафркавала за сите бисери на актуелниот ни премиер, од сидра до гинџер глуид, ама последната изјава дека поарно било што сме немале вакцини го проби секое дно, најниското нешто, најсрамно и најбедно. Би рекла да се засрами, ама тој човек опериран е од тоа. На 30 мртви на ден ова да го изјавиш и да дозволиш цела држава спас да бара кај комшии... Дно. Дна.
Дали приоритетни групи се вакцинираат Србија или можи кој било со "пријател"? Сори ама ич не сум упатена во ова. Како што ми гледа кај нас ако добиеме вакцини за сите до крајот на годинава арни ќе сме.
Иначе и јас се вакцинирав, јавно не би зборувала што и како ради приватност, ама сандачето ми е отклучено за секакви прашања ако ве интересираат.
Другари денес без термин во Крагујевац се вакцинираа Си развива вакцинален туризам. Си платил вакцина 3 евра, минимум 100 евра ќе остават на идење.
Арно викаш. По пат, плескавичка, сокче, на шопинг, застани овде на кафе, застани онде. Мимимум 100 че. Наполни гориво. Нешто слично како ние кога одиме во бугарија за пасош. Бизнис брат.
Патарина до Белград е 40 евра само. и да не идеш у шопинг (а ќе тркнат до Лидл и Икеа), ќе оставиш сигурно 100 евра.
Секоја чест за помошта, ама пресметана му е математиката на Србите. Не е дека немаат никаква корист и го прават ова чисто од алтруизам.