Освен болка на боцнатото место и растечен нос неколку дена подоцна, немав никаква реакција. Ако пријателката на мајка ти прележала, имала антитела, можеби и затоа таква била реакцијата од вакцината. Доста од колегиве се пожалија на симптоми поствакцинално, после првата доза. Ќе видиме после ревакцината како ќе биде, ако ја има.
Васил Хаџиманов, бил вакциниран на почетоков на месецов, знам дека е рано за антитела, но како знаеме дека ова не е реакција на вакцината?
Вакцината не те заразува со Ковид, ниту од неа можеш да добиеш позитивен тест. Не сум зачуден ако ја примил Кинеската вакцина.
Мене ме чуди ова во Србија масовно вакцинирање. Ок не сум против вакцина и јас би ја примила, ама не треба прво да се направи тест случајно да не си позитивен, да се провери крвна слика, итн.. Овие само грло гледаат дали ти е црвено и боцкај. Замисли си асимптоматски позитивен или не ни знаеш дека си бил изложен и ти шибнат вакцина.
Мајка ми најверојатно ќе ги носат со автобуси од работа на вакцина. Што ако некој по пат се зарази или некој е веќе заразен? Не е поопасно ако е организмот изложен и на вирус и на вакцината во исто време? A и со Србија ми е многу чудно, толку вакцинирани, а сепак многу заразени и починати.
Вучко си ја стави Србија како и Израел да дава дата за ефикасност на вакцини, и сега им стигаат ко нарачки од Али експрес. Спасува животи, билда позиција, вин-вин ситуација. Дистанца нешто..https://twitter.com/Mili59796476/status/1375770449016152065?s=09
Апсолутна има потреба.Само и онака здравствениот систем е доволно оптеретен па немаат врема за додатни прегледи и крвни слики.И дете кога вакцинираш бараат прво крвна слика и здраво да е па после одлучуваат дали е за вакцина или не.Анемични деца не вакцинираат.За болни ич да не праиме муабет.
Опасно е ако се заразиш по пат, не е блиску Србија, посебно не од кај нас. Инаку, не би требало да е опасно ако организмот е изложен на двете. А во Србија тоа е така затоа што влегува со маска во вакцинален пункт, излегува без. Мисли дека со боцкањето готово, нема шанси да фати Ковид, а реалноста е сосема друга, особено за Синофарм, со која се вакцинирани најголем дел од вакцинираните во Србија, околу еден милион.
Јасно, ама колку што знам, нема препорака ниту од произведувачот на вакцината, ниту од CDC/ EMA или сл., дека треба да се прави некаков преглед пред вакцината, освен прашалникот и следењето на ситуација после вакцина 15- 30 минути. "The CDC does not recommend getting a COVID-19 diagnostic test or antibody exam before getting vaccinated. Data from clinical trials suggest it’s safe to get a coronavirus shot even if you already had symptomatic or asymptomatic COVID-19."
Пропуст.Затоа шо од страв ке се исповакцинира сега и кој треба и оние со индикација што се дека не смеат да примат.
Јас искрено не знам ни дали ги следеа пациентите кои денес се вакцинираа во Србија во оној препорачан период од 15-тина минути, поради огромната гужва. @PUPICA ќе ни каже
Од каде да почнам Луѓе, пак ќе кажам, секоја им чест. Јас само се прошетав Носев кс и игг, докторката ми рече сега не сум за вакцина. Значи, прво разговараат со секој поединец, гледаат резултати, наоди, одговараат на сите прашања. По потреба има цела свита лекари специјалисти. Луѓе со добиен термин во Белград, застанале во Ниш да пробаат таму да завршат работа, не ги вратиле. Се примаа и наши без термин. Инаку, читам коментари по соц.мрежи, медиуми и не ми се верува каква гнаса од народ сме. Зборат на невидено... Кој сака, слободно нека праша што го интересира.