Во Белград, во Ниш да се раздолжиме Мојов случај беше многу шарен, ја виде кс и игг, рече не би сега.
Веројатно се заразиле пред ревакцинацијата. Сто пати е кажано дека по првото боцкање треба да се внимава многу, а не вакциниран сум и готово безбеден сум. Ова општо зборувам, многу ја прават таа грешка. Лесна му земја.
Од Кинеската мислам дека треба 33 дена после ревакцинација за да се создадат антитела, односно околу 55 дена после прва доза...
Заради да знаете на што сте, немој да малтретираш дете Верувај дури и да немал симптоми (а викаш еден ден температура) вирусот поминал и низ него, така што ќе има антитела. И не си прави лоши филмови, стресното поминало, релаксирајте се сега малце
Не знам зошто дополнително комплицира ситуација, те ваму те таму. https://sitel.com.mk/filipche-vakci...ata-doza-kje-mozhe-da-ja-primat-vo-makedonija А за тоа дека да ги побараат податоците, ме послушале
Јас се јавив во Ниш денес кај што вакцинираат, ми рекоа дојдете утре нема да ве вратиме ако сте без термин. Ке видиме утре...
Какво фијаско е ова куку мајко. Дното го допревме одамна, е па сега го пробушивме. Да гледаш како народот ти спас бара у друга држава, и место да испаднеш поголем човек и достоинствено да си дадеш оставка и засекогаш да се повлечеш од политичките води, говедото уште толку зема залет со хвалоспеви за себе и владата. Мразам што ќе го кажам ова, ама Грујо вакцини прв ќе имаше. Брука.
Јави му се у Будимпешта нека пушти преку Жмицко 1.000.000. ама од сите по милион АЗ, Спутник, Фајзер.. Па да имаме да бираме. Ако е фраер нека е до крај. И да не се со рок 02.02.2021.
Др. Кунгуловски за ефикасноста на вакцините: Што значи ефикасност на една вакцина? ☣️ Ајде да земеме ефикасност против појава на симптоматска болест. -➡️ Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 5 од вакцинираните развијат симптоматски COVID-19 и 100 од невакцинираните развијат симптоматски COVID-19 тоа значи дека вакцината има 95% ефикасност. ☣️ Ајде да земеме ефикасност против појава на смрт. ➡️ Имаме 10 000 вакцинирани и 10 000 невакцинирани луѓе. Ако 0 од вакцинираните починат од COVID-19 и 100 од невакцинираните починат од COVID-19 тоа значи дека вакцината има 100% ефикасност. Вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna имаат ~95% ефикасност против симптоматска болест, вакцините на Astra Zeneca и Јohnson&Johnsson имаат ~70% ефикасност против симптоматска болест после една доза. Спутник В има најверојатно ~90% ефикасност против симптоматска болест, додека пак вакцината Синофарм има ~70% ефикасност против симптоматска болест. Ефикасностите се пресметани најмалку 3 недели до 8 недели после примање на првата доза. Вакцините Pfizer/BioNTech, Moderna, AstraZeneca, Јohnson&Johnsson, Sputnik V и Sinopharm имаат 100% или блиску 100% ефикасност против смрт од COVID-19. Затоа вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна за да не умрете. Вакцините почнуваат да делуваат најрано 3 недели после примање на првата доза и понатаму ефикасноста им се зголемува. Да научиме од србите: не треба да се чувствуваме сигурно и одиме по кафани прв или втор ден после примање на вакцина. По кафани на отворено или домашни собиранки само после примање на предвидените дози од вакцините и само со вакцинирани или претходно заразени луѓе.
Со ова рокот некои вакви симпатизери и твитер ботови отекоа целосно, ама целосно. Демек хаха смешни срби со рок вакцини имале, затоа давале. Да, можеа да ги уништат на пример и да не ги дадат никому. Ко во некој свој свет сте заглавени само да оправдате неспособност тотална. Демек тие во МК што ќе ги донесат сегашниве ќе се со супер рок и со ладен ланец. Ние немаме капацитет да го пренесеме, не да ги набавиме. Тотална пропаст од држава, па сега уште пресмешки со вакцините што се достапни од страна да си правиме. За греота. А да,и уште на форумот кога прочитав Филипче дека бил многу стручњак затоа стварно чекал за вакцини ми стана јасно зошто никад нема да не биде како народ.