Никогаш нема да се вакцинирам. Пошто не се способни да направат, цела година вирусов трае не им текна да направат сега од кога изумреа 1000 души.
Па сфаќаш дека вакцина не се прави туку така одма? Во нормални услови, неколку години минимум требаат.
Никаде не реков дека се прави одма. Можеше да се најде начин. Нашава држава не ја сметам за нормална. А ти каде прочита дека реков за 1 ден?
Па и една година е малку за вакцина општо за било што. И не ја прави нашава држава туку нели читаш дека се произведува во странство. Ох, со кој се објаснувам... Ок е. Терај си.
Не се вакцинирај, ама од кога ќе искочи вакцината немаш право да тупиш истиот муабет за мерки. А за упаѓањето, извини што си на форум.
Нема да се вакцинирам, другите ако сакаат сите до еден нека ја примат. Што повеќе од нив, тоа побрзо ќе заврши ова.
Ох бе, златното тоа. Пишав погоре дека Никаде не реков дека државава ја праи Јас едно ти друго. Ок е. Терај си и ти.
Во главно формулирањето на вакцини трае неколку години заради недостиг на финансирања, недостаток на политички интерес, немање спонзорства, ама најглавно од се, финансии. Од плата на лабаранти, до опрема и плаќање на испитаници итн. Повеќето вакцини делуваат на принцип што се вбризгува мала доза на вирус во телото со кое што може само да се избори со креирање на анти тела (исти принцип зошто тие што еднашка прележале корона не можат неколку недели-месеци (дискутабилно да се заразат). Е сега малку понапредна едукација, една од 4те вакцини моментално што се развиени делува така што го инхибира иРНКто на вирусот што е делот кој пренесува информации од вирусот во здрави клетки и овозможува негово размножување. Нема од што да се плашиш на европски пазар нема да помине вакцина што го загрозува здравјето. Ако те интересира можам да ти пратам повеќе легислации од ЕУ на област на медицина и ќе сфатиш сама колку е тешко да се пласира крема за петици на европски пазар не па вакцина. Една вакцина е руска (не познавам легислација), втората е германска, другата америчка а последната не ми текнува. Ние би добиле вакцини од ЕУ наменети за Грција, кои би биле поделени меѓѕ Македонија и Албанија.
Од Оксофрд изјавија дека тие работеле на вакцина за недајбоже уште од 2012, според претходни коронавируси и дека ова сега, од јануари па навака е само вид надградба. Според нив, среќа во несреќа е што имаме пандемија предизвикана од корона, SARS вирус. Зависи во колку часот почина, ама можно е и доста веројатно. Нека почива во мир Фри Кај нас
@BlueEyess фала на едукација. Да кажеш: "Не се способни да направат" "Можеше да се најде начин" и "Вакцина се прави за еден ден" се 3 различни поими. Третиот поим незнам од каде го извлековте дека јас така сум кажала
Дај боже да ја донесат таа вакцина, прва ке де нацртам!! Да не ви дојде на глава вирусов и подалеку да е од сите вас, само тоа ке ви кажам.
Ќе продолжам да зборам дека треба да се почитуваат мерките затоа што тоа е мое право исто како што е твое право да се вакцинираш.Јас не ти го спорам твоето,не треба ни ти моето.
Третата реченица е кажана како одговор на втората: ако можеше да се најде начин, т.е. ако можеше вакцина да се направи така лесно и брзо (пример, за 1 ден или за 2 месеци), ќе се направеше. Дури и оваа вакцина е добиена побрзо од очекуваното, само поради итноста и притисокот што е можно побрзо да се заврши со ваквата ситуација.
Имаш право на тоа додека не почне вакцинирање во рамките на оваа држава. Немаш право откога би почнало вакцинирањето, а да не сакаш да се вакцинираш. Немаш право да ми го одземаш правото на нормален живот тогаш ради некои свои убедувања, како што според тебе јас немам право да ти го одземам сега здравјето, ради мои.
Каде гледаш да зборам за други? Повторувам,за мене си кажав во мислењето,не за други.Кој сака,нека си се вакцинира слободно.
И ќе продолжиш нормално со животот како претходно? Затоа што тогаш нема да имаш право да се буниш, дека не се почитуваат мерки, затоа што ќе си ја прокоцкаш, нели, шансата за заштита.