Не се забрани, привремено се стопираше. Сега пак боцкаат со неа сите освен Норвешка, Данска мислам... Заразувањето пред и после вакцина е проблематично. Недоволно инструкции има, недоволно свесност дека не штити веднаш и да, недоволно е испитано како инфекција и вакцина истовремено се понашаат.
Ти завидувам. И јас се обидов денес без термин ама не успеав Ке чекам или Србија да ми пушти термин или нашиве.
Ама и јас на форум можам да напишам дека Хаџиманов Бог да го прости се вакцинирал со Синофарм, од друг акаунт ќе се согласам и тако даље. Починал точно на 22ри ден од вакцинацијата, така да ако ја примил АЗ имунитетот тек требало да му се развива, а ако ја примил Синофарм ич не зборувам. За "аферите" со АЗ не би да коментирам, коментирав доволно до сега, и јасно е дека е позади сето тоа стои политика. Читни малку во претходниве страни, ако имаш време и сакаш
Имаш право на избор, ако ти се чека. Многу лица што ја одбрале Фајзер чекаат месец- два, а некои и за Спутник.
Зафир имал многу придружни болести. Вакциниран е со кинеската,немал доволно антитела развиено,.се заразил од син му и не успеал да победи. стварно треба да престанат антиваксерите со шпекулации. И уште нешто ,било кој од починатите ,а посебно младите лица кои деновиве починаа кај нас,да беа вакцинирани,денес ке беа живи.
Па да, има повеќе апсекти за разгледување. Првично, мене искрено ме згрози што се користи Зафир за ваква цел. Полуден е народов
Многу е лесно да се создаде страв, нормално е.Ама тоа е зашто се заборава дека вакцината не делува веднаш - МОРА да помине период во кој ќе се создадат антитела за заштита.Значи доколку човек се вакцинира и веднаш или за неколку дена има контакт со позитивен може да се зарази и не може да е заштитен.Жал ми е за човекот, ама пред да почне да се зборува леле од вакцината починал, треба да се земат предвид и овие работи. Оваа сликава горе, ја користи смртта на Зафир како пропаганда против вакцинирање.
Британија најчесто вакцинира со својата Астра Зенека. Користи и други вакцини. Над 30 милиони се вакцинирани, над 4 милиони прележаа, плус асимптоматски или што не сакаа да се тестираат, бројката оди над 44 милиони од вкупно 65 милиони (приближно) Наспроти Италија си игра играчки, 29 милиони вакцини заглавија Едвај 9 милиони вакцинирале. Над 3 милиони позитивни, плус асимптоматски, да речеме 18 милиони имаат имунитет. Дневно во Италија има колку што во Британија има на неделно ниво. Скоро секој ден имаат околу 23 000 заразени, за разлика од 5000 на Британија. Ве молам, објаснувајте ми како вакцините се смртоносни и немаат врска, како не помагаат ич
Тие што се пријавивте со број на Теленор, има ли финта да го активирам? Никако не фаќа мрежа. Или па меил праќаат?
Не те разбирам ова со активирањево На српскиот број што ќе го наведеш, треба да добиеш повратна смс со примено барање, истото, потврдата и на меил треба да стаса.