Ништо лошо не напишав, само кажав тоа што го слушнав на вести. И кажав за мене дека не би ја примила никогаш. А кој сака нека си ја прими, негово си е тоа
Ами од вакцината умрел еден на милиони и милиони, а од ковид само денеска умреа 30-40 души од 1000 болни.... шо знам, некако математикава вика да се вакцинираш сепак.
@Frosty! @Milkiway врска немам за проблемот со мрежата... Доколку сакате, можам да ви помогнам за српски број за регистрација, имам многу пријатели горе. Бројот е само проформа.
Не знам искрено јас само го напишав тоа што го видов и слушнав на вести дека тоа се случило, секако се исплашив и затоа напишав дека јас не сакам да ја примам. Ни па моите би ја примиле. А тој што мисли дека треба и сака, и дека е во ред нека си ја прими. Немам ништо против тоа да си ја прими некој искрено.. Мене ми беше чудно како ги носат вакциниве кажуваат да се прими, а жената умрела. Тоа беше проблемот
и една жена еднаш излезе на улица,па ја удри кола и умре. ич и да не ја примаш, таман тие што сакаат вакцина побрзо ќе дојдат на ред.
@Crna Dama може имала претходни болести или во меѓувреме се заразила па развила тешка слика. Претходно беше кажано дека не веднаш развиваш антитела. А и не значи дека вакцината е главниот виновник. Ти го разбирам стравот ама немаше потреба пишање на вакви работи.
Да, да, еве во сите земји кај што масовно вакцинираат милиони умираат после вакцината.Добро, мислите пред да напишете нешто?Во ред, може да има фатални случаи ама во споредба со бројката на вакцинирани се навистина премали.
Да точно јас стварно се исплашив многу кога видов и слушнав, ете човек секогаш ке поверува на све што ке види одма, како јас. И си викам вака се пазам многу што ако ја примам ми се случи истото недај боже подалеку од тоа за сите нас искрено. Ок можда мислењето ми беше грешка т.е зборот умирање така да се извинувам на сите вас не мислев ништо лошо со тоа. Све е до паниката и стравот од оваа корона. А можда и имала да тоа жената све е могуче не знам
Своето го објаснив во последниов коментар, не планирам да пишувам повеке, да не се свака погрешно и понатака. Прв пат напишав нешто што не размислив овде на форумов и нема што да се продолжуава понатака. Биди поздравена
А зашто не се вратиш една страна надвор каде што има статистика колку се намалил бројот за заразени и починати онаму кај што има масовна вакцинација? Или такви вести не ти се доволно интересни? Ич немој да се вакцинираш, среќа или несреќа го имаш тој избор, најмалце што можеш да направиш е да ги согледаш фактите од двете страни. Во спротивно си благо речено, неодговорна.
Дај боже да се намали, и нека се намалува бројката уште повеке, можда така короната ке си оди. А тоа што јас сум неодговорна баш за вакцината е мое. Така да согледани се, јас не сакам, вие сакате. Мислењето лично за мене беше кажав. Не го пишав конкретно за вас, или за тоа кој примил а кој не. Тоа сие ваше. Јас не се мешам. Јас само кажав за жената. Тоа беше све. Нема потреба од тоа да се продолжува понатака све е ок. Се извинив моја грешка признавам, прв пат згрешив, и не размислив, се дешава и може да се престане.
Да да се случува све така е не викам не искрено. Може тоа и на мене да ми се случи, човек сум нели, од каде да знам денес ме има утре не. Мада подалеку од ова недај боже на никого. Сите нека сме живи и здрави.
Јас се пријавив со бројчето, ама не е активно сега телефониве дома се кодирани, земани се што од телеком, што од а1. Така важи?