Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    20.006
    Пол:
    Женски
    @Crna Dama а ова кажуваш за од странство некоја информација, тие што кружеа пред некое време дека починала некоја жена или за нешто ново? Инаку да, го делам мислењето со останатите, важно е да ги согледаме фактите од двете страни пред да донесеме заклучок. Јас сметам дека е подобро да се вакцинираме сите, или барем тие што се во ризична група.
     
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    19.632
    Пол:
    Женски
    го разбирам твојот страв, но мој совет е да не слушаш многу рекла казала муабети, и да се разбереме нешто :Вакцината е единственото решение за да излезиме од пандемијава и да спасиме жива глава (гледате колку млади починаа во последно).
    Со Астразенека се вакцинирани да речиме 100 милиони луѓе ширум светов и сите тие 100 милиони не умреа, се појавија кај некои нус појави, околу 50 луѓе имаа згрутчување на крвта но сето тоа треба да се испита дали АЗ не треба да се зема во склоп со некои лекови, со некои болести и итн. Но људи мои од 100 милиони само 50 души да имаат нус појави и сите тие над 65 години (сигурно на тие години имаат некоја болест) тоа е миновно
    Вакцината е единствено решение, а кој не сака не мора да се вакцинира, само пропагандиве ме иритираат
     
    На Glowy, Bezimenka90, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bellis

    Bellis Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    Активно ја следам темата за корона вирусот на форумов со месеци, но токму сега се испровоцирав да искажам свое мислење конкретно околу вакцинацијата.
    Конкретно за примерот за Израел што излегуваат информации како се вратени во нормално функционирање благодарение на масовната вакцинација, ми излегувале статии од портали, но моментот кога видов видеа и слики кај една млада израелка што сум ја запознала како буквално излегуваат во ноќни клубови, патуваат во околни места и држави и до таа мера го продолжуваат животот нормално застанав да проверам дали е тоа видео навистина од сега. Што ми е поенатата со ова? Сакам да кажам дека едноставно сите нус-појави, за кои особено на нашите портали се шират информации со брзината на светлината и колку се веродостојни не би навлегувала, кои не се толку чести се занемарливи во однос на придобивките од вакцината.
    Секојдневно слушаме жалби од едни те исти луѓе како вака не се живее веќе, скратени им се правата, и не сакам да зборувам за теориите на заговор, а истите тие едни те исти луѓе што си го сакаат нормалното пред пандемијата, а не "новото нормално" не би се вакцинирале како би придонесле за најпрво за себе да си ја подобрат иднината, а потоа и на колективот.
    Нормално дека не се само луѓето криви, туку и тие над нас што го кочат процесот со снабдување со вакцини, но луѓе тажно е и боли кога гледаш како некој се вратил во нормала со животот, а ние сеуште тапкаме во место.
    Уште потажно е што толку многу луѓе секој ден се борат за живот, а во нив може да е секој од нас. Јас лично апелирам доколку имате можност за вакцинација не одбивајте! Која и да е вакцина е подобра од ниедна. Јас би се вакцинирала при првата можност, бидејќи овој месец ја поминав голготата со ова чудовиште од вирус и не посакувам на никој веќе да го почувствува овој стрес. Споредено со минатата година ова време, сега барем имам некое светло кое не води кон крајот на тунелот, а тоа е вакцината. И имаме и успешни примери како Израел, што ете значи нема ние да сме експерименталните глувци.
     
    На Glowy, Bezimenka90, nina123 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. lolipoppp

    lolipoppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    174
    А за нас ТАЗЕ прележаниве од корона, каква е процедурата една доза само, после 6 месеци вакцина илии....
     
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.751
    Допаѓања:
    14.462
    Пол:
    Женски
    Некој што скоро прими вакцина ( посебно АстраЗенека) каква реакција имавте?
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Ако она не сака да се вакцинира со сила ли треба да ја тераме?
    Да ја покажуваме со прст?
    Јас ни на факти не верувам, ниту пак на видеа, ниту пак во бројки ама ќе се вакцинирам бидејќи така сум одлучила. Почитувајте малку туѓи одлуки.
     
    На Crna Dama, LejlaD и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    20.006
    Пол:
    Женски
    Извини не ми е јасно зошто си ме цитирала. Зошто имам напишано јас сметам дека е подобро да се вакцинираме сите или барем тие во ризична група што се?
    Сум пишала "јас сметам" значи дека тоа си е мое мислење. Кај виде ти дека јас некого со прст покажувам? Дај олабавете малку.
    И уште нешто. Баш затоа што станува збор овде за заедништво, за јавно здравје, за загрозување на истото, ако не се вакцинираш, многу луѓе ќе посочуваат навистина со прст некого и ќе се револтирани зошто заради тие што нема да се вакцинираат, ако се во голем број, нема да се врати животот во нормала. И на некој начин имаат право. Јас па, баш нема да сум од тие што ќе покажуваат со прст, зошто разбирам дека квази порталите сакајќи да објават некоја сензација, работат против луѓето. Не е ни чудно што мн луѓе одбиваат да се вакцинираат, кога по порталите секој ден кружи некоја статија за сериозни нус појави од вакцините. Сега можеби не го сфаќаме тоа сериозно, ама да си тазе вакциниран и да читаш не е сеедно.
     
    На ..barbie.. и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    40.430
    Пол:
    Женски
    Моја познаничка саботата се вакцинираше. Вчера имаше благо покачена температура, денес веќе ништо не осеќа.

    Вчера кај Филипче на профил имаше објава баш за можни очекувани реакции

    Screenshot_20210328-182623_Facebook.jpg
     
    На Bezimenka90, LejlaD и Avery им се допаѓа ова.
  9. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Седумина блиски, примија во саботата, до денеска никаква реакција...
     
    На LejlaD, Avery, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Многу деца не се вакцинирани со една вакцина која сите ја избегнуваат па ајде сега ќе ги ставиме во кошница и ќе ги пратиме во Сахара.
    Ти ако сметаш дека треба да се вакцинираме сите, не значи дека и некој друг смета.
    Кажав доброволна е вакцинацијата, никој никого не тера со ништо. Симпл
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.264
    Допаѓања:
    181.713
    На LejlaD, Ahoy и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  12. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    20.006
    Пол:
    Женски
    Хахаххахахаха океј. Ај последен пат ќе ти реплицирам. Фразата "Јас сметам, " значи дека си кажувам мислење мое, јас како би постапила. Секако секој си одлучува за себе, не знам што не е јасно. Упорно повторуваш едно те исто, нит читаш шо сум пишала докрај, без контекст, колку контра нешто да кажеш.
     
  13. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata факт е дека имаше гужви, но се течеше подмачкано.
    На секое 20 мин се пропуштаа одреден број лица да влезат.
    Толку беше филмски организирано, од редари, ком.редари, полицајци, мед.лица...

    Според мене, во случајов, луѓево се виновни вака што се натуткале.
    Нешто слично како кога имаше редици пред маркетиве.
    Можеле фино културно да си застанат на одредена дистанца.

    Страшно ме иритираат коментари по соц.мрежи и медиумиве на невидено.
    Жив сведок сум каква беше организацијата во Белград, па и од блиски кои биле во Ниш.

    Еден прост пример за културата на луѓето, да не речам нашата култура.
    Стои во ред, пуши цигара, ја џитка и гаси под нозе.
    На 15 м канта за опушоци.
    Му викам „другар, срамота, ене ти канта“, на тоа добив „ај мори глеј си работа“.
    За нецели 3 мин се појави еден чичко, со кантиче и метла за собирање ситен отпад, го собра опушокот.
    Ми идеше во земја да пропаднам, а на тој пушачот бокс да му удрам.
     
    На Ambrosia, Bezimenka90, dunika и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.264
    Допаѓања:
    181.713
    Ама затоа јас ништо не коментирам:)
    Видов слики и од внатре, по други весници и све е тоа организациски супер, ама џабе ако тие што дошле на вакцинирање мислат дека самата одлука да се вакцинираат ги штити:( Не е само балкански феноменот де, и баби на слики од ЕУ вакцинирања ги гледам без маска. Не знам што да кажам- кога на вакцина ќе одите, растојание држете. Не зборам за паника, за минимизирање ризик зборам.
     
    На MarijaMi90, vitamina, PUPICA и 2 други им се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ама не само за време на вакцинирање, и по вакцинирањето, повеќето мислат готово, нема маски носење повеќе и држење дистанца.
     
    На Glowy, Bezimenka90, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.268
    Допаѓања:
    77.615
    Пол:
    Женски
    Билке, ти изгледа многу години немаш појдено на концерт со над 30 000 посетители. Редовна сцена е тоа, затоа и постојат мобилни екипи.
    А после зимски сон, 20 мин на сонце е доволно. Плус може од страв и се слошило на особата.

    Јас тие што ги познавам и што појдоа за Србија, се со некакви заболувања и во високоризични групи.
    И им симнувам капа.
     
    На Tajnaotrovna, LejlaD и PUPICA им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    На koritsaki, Annath и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.264
    Допаѓања:
    181.713
    Концерти и групирања мислам нема, јер пандемија. Освен тој концертот за 5000 луѓе во Шпанија, со маски и негативен тест, за целите на истражување. Не ти ја разбирам поентата.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.058
    Допаѓања:
    32.967
    Пол:
    Женски
    Не ја избегнуваат таа вакцина сите. И баш заради таквите што ја избегнуваа имаше епидемија на морбили и починаа деца од морбили. Деца од ризични групи што не смееле да примат вакцина.
    И до кога треба да се оправаме дека колективем имунитет значи што повеќе луѓе да примат вакцина. Ако сите се нејќам нејќам никогаш нема да се избориме со пандемијава. Аман веќе од тоа имаат луѓе право на избор. Да ако правото на избор не загрозува некој друг.
    Во случај со заразни болести, правото на избор на некој да не се вакцинира го загрозува правото на живот на некој што од одредени причини не смее да се вакцинира.
    И ама веќе доста правдаме луѓе што решиле да не се вакцинираат јер така им светнало или некој инфлуенсер така рекол (дека ракија и пиење варова вода лечи од се).


    Мене ми е сега само криво што викендов не отидов и јас по вакцина во Србија. Ќе си бев можеби психички помирна. Ама не ми се одеше кога видов и слушнав како се лактале луѓе во ред и колку било густо чекањето за вакцина. Ама имаше повеќе фактори што не ми дозволија да одам. Ај ваљда ќе има пак некоја ваква акција или конечно и кај нас ќе стигнат вакцини.
     
    Последна измена: 29 март 2021
    На Glowy, ..barbie.., Bezimenka90 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.268
    Допаѓања:
    77.615
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто сликата ти фати око :wasntme:
    Не гледам ништо јас, еве пак погледнав, не гледам уфо на неа.

    Гледам од десната страна луѓе, густината е поголема од вообичаено во новово нормално.
    Ама за да изнесат некој на носилка, треба другите да се поместат.
    Најверојатно се поместиле од другата страна на скалите, за да може екипата да интервенира.

    И пак ќе кажам, ништо чудно на сликата.
    Или еве, објасни се, што ти фати око