Смачено ми е да пишувам "сочувство" и "нека му/и е лесна земја". Смачено ми е луѓе, на еден куп народ им го пишав ова во скоро време, се ме покосуваат вести на смрт на млади лица кои сум ги познавала или се другари на мои другари. Лута сум, гневна, сакам со голи раце да ги удавам сите одговорни што ќе вакцинираат потпишувачи прво место тоа да се луѓе од ризична група, наши другари, родители и фамилија. Уште од сега ме фаќа сафра за тоа како ќе се пикаат по дома луѓе и уште толку заразата ќе се шири, без имунитет, штотуку боцнати. Проклет да е денот овде кога сум се родила, проклети да се и попис и политичари и несовесна багра.
https://www.facebook.com/281596268582644/posts/3814002552008647/ еве ја придобивката ид вакцинацијата Во Велика Британија најмногу се вакцинираја со АстраЗенека... замислете да немаме и ние во нашата држава смртни случаеви, замислете Прашањето ми е кога би се нормализирале и ние вака....?
Види,јас убаво кажав дека секој одлучува за себе дали ќе прими или не, поединци нема што да вршат притисок за туѓи одлуки. Ако некој не сака да се вакцинира нека не се вакцинира, не знам зошто би требало да ве тагнира тоа,не секој може да си дозволи до Грчка да оди. Поздрав
Не знам зошто толку изреагиравте на мислењето на Црна Дама, кога и претходно овде зборувавме за смртните случаи од астра зенека и за реакциите од неа. Друга работа, човекот на кого му се слошило после вакцината во Ниш, е во кома https://360stepeni.mk/makedonets-e-vo-koma-otkako-vchera-mu-se-sloshilo-vo-nish/ Трета работа, факт е дека дистанца нема, од сликите, а и од коментари. Една девојка од Србија пишуваше во Белград како во врат и дишеле. Чему вакцината, ако не дај боже се заразиш додека чекаш. Невозможни сме.
Тоа сите го игнорираат, шест души во ист ден починаа од таа вакцина овде. Астра секако не би ја примила,.
Па треба да нѐ тангира.И јас сум против луѓето да се присилуваат за било што ама кога збориме за вакцинација е малку покомплицирано.Зашто ако се вакцинираат многу малку, нема да биде доволно за колективен имунитет и вирусот ќе си продолжи со ширење.Вака, ако многу повеќе се вакцинирани, се намалува неговото ширење и тоа е подобро за сите нас за побрзо да се вратиме во нормала. Мислам ни ваму ни таму не сме, од една страна демократија ама од друга здравјето на заедницата, што според мене треба да е приоритет...
Нема потреба да те тагнира,гледај за себе,гледај да си здрава,да се чуваш. На другите им е гајле за тебе,дали ти ќе се вакцинираш или не.
Абе ни мене не ми е гајле за комшијата што ќе одлучи, ама ако сакаме побрзо да намалиме смртни случаи и да излеземе од карантини и затварања со месеци мора вакцина за што повеќе луѓе.Се надевам ме разбираш.
И со помали бројки може да се живее цивилизирано, секој избира. Не би да должам околу свесноста и почитта на мерките тоа сите го знаеме. Пак ќе кажам избор е.
Ако не се вакцинираат доволно луѓе ќе се вртиме во круг со мерките. Не знам колку ти е тоа јасно и дали тебе ти е убаво да живееш вака со постојани ограничувања. Ако уживаш во ова навивај никој да не се вакцинира. Па ќе преживуваме некако сите. Цел свет. Со милион ограничувања, со живеење во страв, со трошење пари за тестови за Ковид наместо за други нешта, со преморени лекари, со деца кои губат на квалитет во образование, со деца кои не може да бидат згрижени во градинки, со пензионери и помлади а критчнни заради одредени причини кои не смеат да се мешаат со луѓе и живеат во изолација и така во круг.
Општо зборувам.Сепак начин на живот со постојано придржување до некакви мерки не е воопшто нормален начин на живот.
Јас не знам дали ти прочита дека јас сум за вакцинирање ама не со присила. Вакцинирањето е избор и тоа е тоа. Не биди дрска кога коментираш, јас одлучувам за себе и тоа е тоа. А за друго што си пишала и што ми ставаш зборови кои не сум ги пишала спаѓаш во таа категорија што ти би ги покажала со прст прва. Не знам јас уопште што изнесувам став.
Бектеши: Нема да преговараме со Грција, сакаме нашите туристи да останат дома @CameliaMiller решение? Ај се надевам дека туристичките агенции ќе ги притиснат
Сто страни овде испишавме пред да дојде вакцинината блиску Македонија. Јас не би избрзувала со заклучок- кој е правилно да се вакцинира прв. Особено ми е нелогично тоа со туркање први во вакцинација на луѓе од ризични групи. Да, така почнаа во ЕУ, ама дали е тоа правилно? Тестирањата на вакцините, пред да се пуштат во употреба, беа правени на здрави млади индивидуи. Особено после денешната вест што ми залета негде, дека вакцинираните луѓе дури и кога би биле позитивни, не би можеле да го шират вирусот, можеби е потребно да се преосмисли тој аспект. Кога би знаела дека како вакцинирана не пренесувам, јас би се вакцинирала заради моите родители, не би ги туркала нив први. Дали е нешто погрешно во моите информации и логика? За политичките потези не коментирам, скарани се тие со паметот одамна.
Ќе те молам за линк инфо од ова. Читам дека 6 лица кои биле вакцинирани, починале од корона, а не од вакцина, дали станува збор за истото? Не преговараме, зашто сме неспособни, а не зошто сакаме домашен туризам да тераме Грција како стои со вакцинација, со кои вакцини се вакцинираат, процент на вакцинирани, смрт, реакции тинтири минтири?
Како се мислите и дебатирате дали да се вакцинирате, како да имаме вакцини На кратко: Има позитива во тоа што чекаме, да видиме нус ефекти. *Ја набавува таа со најмногу нус ефекти* Во моментот кога ќе морам да се вратам физички на работното место, веднаш ќе се вакцинирам, дали во или надвор од државава. Дотогаш сметам дека не морам. Ризикот од било која нус појава на било која вакцина е многу помал од ризикот да се инфицирам на работно место или да развијам болест или полошо, ако гледаме статистички. Дотогаш не мислам многу, зошто секако нема вакцини
Денес разговарав со комшиката моја, за жал женава имаше канцер, кој за среќа се излечи, иако следуваат многубројни терапии за нејзе, сепак е во преризична група. Од операции до хемотерапии сега оди на други терапии ми објаснуваше како што, вакцинирана е со фајзер, втора доза вчера, рече дека немала никакви реакции, многу премногу се плашела. Докторката и рекла, ако се заразиш од корона притоа не си вакцинирана шансите за живот ти се на нула, додека од вакцината ќе бидеш добро, поголеми шансите за да умреш се баш од корнава а не од вакцина. Мораш да се вакцинираш. Се плаши пустата многу но се вакцинирала. Немала никаква реакција.