Како што реков, починале од корона, а не од вакцина, и покрај тоа што биле вакцинирани @Biljarkata и јас слично размислував. Еве баба ми и дедо ми сега може ќе ги викнат за вакцина. Двајцата се над 80. Во некои земји внимаваа со вакцинирање на лица постари од 65 со аз, кај нас над 75 ќе се почне. За себе не би се мислела, за стариве немам памет...
Пишува убаво биле вакцинирани и инфицирани, во случај што требало вакцината да ги заштити. Освен тоа процентот на ризик од Астра е 76% што е доволен показател дека таа вакцина не е баш ефективна. И нив како и вас што се тагнирате дали другите се вакцинирани или ќе се, им било кажано дека штитат и разни прикаски,а ни они сами не знаат точно. Сакам да кажам не може вакцина направена за 5 дена да биде добра,една мора да има со висок ризик, но и тоа е индивидуално кај секој. Патем мој колега се вакцинираше со Астра и немаше нус појави,а следното вакцинирање им е за два месеци. Така да,јас не кажав никој да не се вакцинира туку кажав да се вакцинира по избор и никој да не се тагнира околу тоа,затоа што сме различни и стравот е голем ризик. И овие 6 имале фамилии и верувам дека биле по 70 години и замисли имале надеж па не ја добиле. Мојот став е тој.
Па сега ако гледаш статистички 76 > 0. Не дека јас ја сакам АЗ, баш сметам дека не е доволна 76% заштита, ама пак ако немаш друга опција, тоа е тоа. Факт е дека со секоја има ризик, факт е дека без нив има уште поголем ризик, секој нека си одлучи за себе засега. Само глупо е малце сензационалистички причи од типот на една жена што не ја ни познавам чув начув на некои вести одма умрела. Барем да провереше прво дали е точно, не од наслушнати работи да вади заклучоци. Инаку нормално е да те тангира дали другите ќе се вакцинираат, ако не те тангира немаш basic clue како уствари функционира имунизација. Глејте си за задникот ваш само, тоа што има категории на луѓе што нема да можат да примат вакцина и ќе зависат на остатокот од имунизираното население, кој ги тииит.
Нема ни потреба да набавуваме, кој сака ќе отиде у Србија на вакцинација и чиста работа. Заследете ме за уште совети за штедење Шала на страна, поголемо понижување од тоа матичната земја да не ти обезбеди медицинска заштита и да треба да припаѓаш од гужви во соседни земји нема
Штом е на вести кажано не е лажно. Тоа што кажала она не значи дека треба да ја напаѓате ко да убила човек. А си гледам за мојот газ фала што праша,за твојот неам намера да гледам ниту да се мешам дали ќе се вакцинираш. Доволно си голема и зрела. И не,мене ич не ме тагнира дали некој се вакцинирал или одлучил да не се вакцинира,негово право.
Негово право е да, ама дали имаме некаква морална, колективна одговорност ние што смееме да примиме вакцина, према оние кои не смеат?
Негово право е засега, со оглед дека вакцините се нови да речеме. И ок е да речеме засега. Сосема нормално и очекувано е понатаму да си е како стандард вакцина со која ќе можеш или нема да можеш да користиш бенефити на општеството. Како што не можеш дете без вакцини да запишеш во градинка.
Пак се споделуваат половични информации. Дали се заразиле после времето за кое се очекува да имаат веќе имунитет или во периодот додека уште се во фаза на создавање? Не се истрчувајте со информации и заклучоци. Цело време се зборува дека треба минимум три недели за да проработи вакцината. Не викам дека нема нус појави, ама не е се црно и бело. И во Белград се заразија еден куп, ама од вакцинација одма фрлија маските, наместо баш да се пазат тој период.
Па на вести да е лага? 7 души ме нападнавте како да убив човек, а ништо лошо не мислев со тоа, ни да навредам некого ни ништо. Не го ни правам тоа. Само сакав да напишам тоа што го видов на вести, ако за некого тоа е лошо тогаш не знам. Секој со различно мислење сме. Башка што јас тука на овој форум од кога сум еднаш во животот сум згрешила нешто, што се случува да згрешиш луге сме, ама одма се собра у напад тука. Се извинив јавно на членките, пиша ли некој дека се прифака извинувањето? Не пиша никој епа доста е веке сега стварно, да се нападне се знае одма, а да се прифати извинување нигде никој нема.
@Crna Dama Не верувај во се што се кажува на тв и во медиумите. Убаво е кажано за тоа неколку пати зошто има многу лажни вести. Јас ти ја сфатив грижата. Aма не е време за паника, така ништо не добиваме. Ни ти ни останатите.
Од моите само јас и мајка ми можеме,татко ми не смее поради здравствен проблем. И тоа нема да спречи ниту да смени нешто но важно нема да бидеме фактор за зараза.
Сите сме такви избувливи на форумов, не е секогаш лично кон некој член.Темава е најактуелна сега и сите сме посензитивни, што заради лични искуства што заради дојдено преку глава од лажни информации и небулози. Те сфаќам, претерана ни беше реакцијата.
Фала ти од срце што барем ти ја свати паника ме фака и се плашам што да правам. Сакам да си оди короната. Не барам многу
Тие што сакаат море, ќе си одат во Албанија, Црна Гора, Хрватска, па еве и Турција. Дека нашиве туристи ќе останат тука, мало сутра. Да се затворени границите, да нема кај да одат, може и ќе останат, ама вака, не мора Грција, има други опции. Не е погрешно. И јас сум на мислење дека треба работоспособната популација да се вакцинира прво, од 20 до 60 години. Мислам дека така поголем ефект ќе има вакцинирањето, имајќи предвид дека таа популација се движи на повеќе места, пензионерите не толку (освен во Скопје во вторник и петок). Немаат кредибилитет вестите на тв кај нас, нема врска што се работи за национална тв. Исти се како порталите, за гледаност објавуваат сензации, некогаш и непроверени.