Буби каков ризик 76%? Грешка си сфатила. Конкретната вакцина на астра зенека штити околу 76%. Тоа се вика ефикасност на вакцината, а не ризик. И е прилично задоволителен процент. Многу подобра заштита, отколку ништо! Вакцината не е направена за 5 дена. За да вакцината се пушти во употреба прво поминува низ неколку фази. Се тестира на животни, па на неколку доброволци, па на поголем број испитаници и на крај доколку се исполнети основните критриуми за безбедност и ефикасност се пушта во употреба. И постојано се контролира истата. Вакцината си е сосем безбедна и ефикасна. Во прилог на тоа одат бројките од терен!
Грешка си ме разбрала,кажав во метафоричка форма за пет дена а не дека буквално. 76% проценти дека штити баш ама и останатите % до 100 не се баш малку, туку многу. Да била добра немало да умираат луѓе кои се вакцинирале. Не сакам да ја должам дискуцијава повеќе, општо целата ситуација ме вознемирува. Продолжете си со вашите дебати.
Ми умре денес другар Биљо. Правилно е да се вакцинираат хронично болни, па потоа млади луѓе кои најчесто го шират вирусот. А не потпишувачи. Не ми се ни збори денес, толку ми е тешко. Од чекање Април не фати и пак нема за тие што треба да има вакцини. Нас ни стана веќе секојдневие 35 умрени на ден, ама тие 35 луѓе имаат фамилија и пријатели. Во 3 дена тоа се 100 луѓе. А ние место со орлови нокти да го спречиме тоа, потпишувачи ќе вакцинираме прво, во Април. ДНО. ДНА.
Луѓето не умреле од што се вакцинирале, туку од што се пуштиле во нормален живот по примањето на првата доза! Значи повторувам, првата доза!!! Значи имале (не)среќа да се заразат пред да биде завршен процесот на имунизација. Дури и кога ќе биде завршен процесот на вакцинација, не постои 100% гаранција дека нема да се инфицираш. НО, клиничката слика во случај на инфекција се очекува да биде многу полесна! Со сите вакцини е така! Примери на земји како Велика Британија ни укажуваат дека загриженоста може да ја тргниме на страна.
Да, во ред е тоа, сакав да кажам не дека ја преферирам оваа кога постојат вакцини со многу поголема ефикасност. Да не е сфатено дека нешто ја фалам вакцината која и онака нема да ми е прв избор, ако можам да бирам
Доволно сум зрела сама да проценам дали е добра или не е,мое право е дали ќе ја примам или не. Исто ја одговарам за себе и мојот живот. Не знам што толку те погоди, оди вакцинирај се со Астра ако сакаш и остави не нас другите да одлучиме за себе. Поздрав
Ниту те фатив за гуша да се вакцинираш, ниту ништо. Само ти ги побивам смешните сфаќања со факти и аргументи.
Еве ќе го земам за пример Зафир Хаџиманов. Човекот првата доза ја примил на 05.03.2021 година. После три недели, на 26.03.2021 година требало да ја прими втората доза и потполно би бил заштитен најрано после 2 недели од втората доза (Фајзер) или 4 недели (Синофарм), значи дури 26.04.2021 ако бил Синофарм во прашање. 100% гаранција немаш за ништо во животот, ама треба да вагаш дали имаш поголем бенефит ако се вакцинираш или ризик ако не се вакцинираш. Искуството до сега покажало да бенефитот е многу поголем. Во прилог на тоа одат искоренети болести како дифтерија, детска парализа, вариола вера, морбили итн.
Мислиш јаболки на пазар бираат, Астрата била ваква, Модерна онаква, телетабиси сме сите кога станува збор за вакцини, битно да не слуша некој од страна ќе помисли -експерти. Стари луѓе се вакцинираат прво, луѓе над 70, 80 години со разноразни болести, секако дека некој ќе умре во период од неколку недели по вакцинација пошто им дошол денот. Вакцината не им го продолжува животот или ги прави бесмртни Ги штити од Ковид, толку.
И базирано на еден случај ќе коментираш за починати луѓе кои ниту ги познаваш, ни знаеш нешто за нив, ниту пак имаш било какви информации. Ама битно знаеш биле неодговорна и неписмени, ОК.
@Peperutce1115 за починатите од Малта пишуваше дека двете дози вакцина ги примиле, ама не беше наведено која вакцина
Го земав Зафир затоа што сте го коментирале на страниците претходно. Друго логично и научно поткрепено објаснување не постои. Вакцините се најголема причина за постоењето на многу од нас денес. Јас не можам никако да ве натерам да се вакцинирате, ниту го правам тоа, ама можам до утре да си пишувам зошто вакцините се благодет на човештвото. За жал, со луѓе кои не веруваат во факти, не би можела да излезам на крај.
А сега да ми објасниш како и од каде ти се фактите на тебе дека Астра е 100% сигурна? Нели вестите,порталите и останати новини не се мерило за тоа? Факти па факти,кажи кои се фактите,од кој извор.
А членкава што ја браните што факти сподели? Чув на ТВ е факт? Не ми се верува дека треба да се објаснуваме на темава генерално вакцини како фукнционираат и дека секогаш ќе имаат контраиндикации, секогаш ќе има дел од луѓето кои и покрај тоа нема да развијат имунитет кон болеста, ама ќче превенира тешка форма. Побогу деца кога вакцинираат истово им го кажуваат на сите родители, за било која вакцина. Не знам што факт треба да се изнесе, како функционираат вакцини?
Не знам зошто многу од вас сфаќате на принцип сѐ или ништо, во медицината има милион варијации и очекувања, па така и за вакциниве ќе има исклучоци, секако. Ни еден лек ниту вакцина не е 100% ефикасен, значи такво нешто не постои, ама затоа се споредуваат податоци и се заклучува дали придобивката го надминува ризикот.Ризикот може и да е многу мал, ама моќта на медиумите може да направи од мравка слон.