Јас знам што пишува,вие не знаете кога треба да престанете да убедувате некој и да бидете нападни и да притискате. Ги примиле двете дози,се заразиле и умреле,што значи вакцинат требало да ги заштити,но не ги заштитила.
Повели, читај! https://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PIIS0140-6736(21)00528-6/fulltext Факт е дека после примените вакцини бројот на инфицирани и починати се намалува. Аргументи за тоа ми се Израел и Велика Британија (за конкретна Астра Зенека). Бројот на починати после примената доза е многу мал, речиси занемарлив (околу 0,1%) во однос на бројот на вакцинирани. Значи бенефитот евидентно е дека е многу поголем! Друго, имам зборувано наназад дека тромбозата на дневно ниво е многу честа појава. Процентот на тромбози на дневно ниво е далеку поголем во споредба со тромбози како последица од вакцината. Секоја втора жена во бременост се боцка со клексани на пример! Се си е објаснато, само ако вие не можете да ја сфатите суштината на моето излагање, тогаш јас не знам како да ви помогнам.
Буби завршиме со муабети. Не ти зборувам за сензационалистички новинарски излагања на интернет туку за клинички докази. Тоа е нешто што оди во прилог на фактите во кои ти не веруваш.
Да де, викаш од вакцина умреле погоре, тоа благе везе си нема. Или сега препрочита па смени нешто демек не се изјаснив добрo?
Ааааааа а значи сега вестите и порталите се мерило за факти,а мислењето на членката не било мерило, и не е релевантно. Оф мори мајко толку страници и време за ништо потрошивме.
Од вакцина умреле тоа го кажувам цело време, зошто претеруваш? Која иронија... Завршив јас на темава.
Важи Пепе од тебе ќе учиме сите да станеме имуни на смртта верувајќи во вакцини. Да не идеме оф-топици.
Ама на претходната страна некој сподели линк дека нивна причина за смрт е ковид, не вакцината.Тоа и го објаснуваме, дека е возможно непосредно по вакцинирање да се зарази некој бидејќи на вакцината и требаат неколку недели да створи антитела. Еве да речеме дека и 2 луѓе починале неразјаснето по примање на вакцината, во споредба со смртноста од корона тоа е далеку далеку помала бројка. Секој човек е посебна индивидуа, изолирани вакви случаи може да постојат бидејќи се вакцинират милиони луѓе.Статистички е возможно.Битно е секој случај убаво да се види и да се разгледа, а за тоа си има одговорни кои ќе донесат заклучок дали била причина вакцината или не.
Бројките цело време се намалуваат и зголемуваат. Израел започнаа со вакцинацијата во декември, после вакцинација ги имаа и најголемите бројки на дневно заразени. 0,1% ти е смрттноста и од корона. Вакцините се сеуште во екпериментална фаза!
3.4% поточно! И има тенденција да расте поради забрзаното ширење на вирусот и преплавените болници, а се помалите болнички капацитети! Никако. Три основни фази на клиничко испитување треба да поминат со задоволителни критериуми за безбедност и ефикасност, па се бара дозвола за пуштање во промет! Како и за секој лек.
До кога ќе бидат во експериментална фаза? Трите основни, најбитни, ултра важно фази ги поминаа сите моментално одобрени вакцини, а со тоа се докажа ефикасноста, имуногеноста и безбедноста на сите нив! А Израел, да, важи Вас ви се чини ко сеа да ставам вакцина, за 5 мин. корона чао треба да пеам.
Сакаш да кажеш дека лажат за смртноста? Како побогу пресмета дека е 0.1%? И зошто бројките во Британија паднаа кога пред месец дена имаше по 50 000 заразени, а сега по 5000? А Франција уште гори со над 40 000 на ден? Британија вакцинира над 30 милиони Франција мислам 8.7 милиони беше. Ајде, објасни сега
Додека не умрат милион луѓе до тогаш се во експериментална фаза. Еве ќе дадам пример вакцината за ммр се прима како помал,а тука иако како помал си ја примил треба да ја примиш пак како повозрасен човек. Самата вакцина да била добра немало да има високо ниво на смртност, ниту пак процентот би опаднал. Таа би била на исто рамниште со Модерна и Спутник.