Темава е пример зошто не треба од форум или интернет човек да се информира. Статистикиве извадени за морталитет се помали од настинка да си фатил, некој несреќен што се решил на нет да се информира ќе си земе здраво за готово и уште ќе те убедува дека The Lancet е портал и после дека ако фатиш корона и умреш после не е од короната туку од вакцината и така уствари не знам ни што сакав да кажам од небулозиве што се изнапишаа
Уфффф Види го графикот за Daily New Cases прво https://www.worldometers.info/coronavirus/country/israel/ Лековите коишто ги пуштаат во промет и после години од користење знаат да ги укинат затоа што не се безбедни. Ти уште немаш примено? Не беше Србија?
Бреееј што масовна вакцинација ќе биде ова со 20 иљади вакцини, 3 дена масовна после ќе се демасовизира
Ама не знам зошто се побивате едни со други. Дека ќе има смртни случаи од вакцините, ќе има, освен ако нејќеме да замижиме на тој факт. Исто, битно е и колку од тие смртни случаи ќе ни ги презентираат јавно, или ќе биде...не најдовме поврзаност со вакцината. И сега женава слушнала, и нејќе да се вакцинира. Разбирливо. Влечеме здравствени проблеми различни, можеби сме под ризик. Зар не наведе ЕМА дека жени под 55год се под зголемен ризик? Еве мене не ми е гајле, јас пак ќе се вакцинирам. Ама зошто побогу си ги мерите со сарказам како сите да сме дипломирани инфектолози, вирусолози и не знам ти што
Високо ниво на смртност??? Од вакцината? Бубаче мислам дека не' зезаш. Спутник е иста технологија како АстраЗенека, чисто информативно. Не Пиши ми српско бројче да се пријавам, од јужна сум па немам никој Србија
И тоа ти е доказ дека ако нешто не е безбедно за примена ќе биде повлечено од употреба. Не се оградуваме од тоа. Ако дојде до такво нешто, треба да биде повлечен лекот/вакцината од употреба. А до тогаш, се држиме до научните аргументи кои одат во прилог на тоа дека вакцината е доволно безбедна и ефикасна за употреба.
Кога пишувам често грешам затоа што користам аутокорект, сакав да пишам дека има смртност ама ми промакнало. Често се едитирам кога ќе пратам мислење. Ако е иста технологија зошто луѓе починале тогаш? Убаво рече кравче многу замижувате после ќе испадне “нисам знајала”.
Па ни во статистика не е баш висок и не умираат така лесно луѓето како што сакате да прикажете, а голем дел не се ни тестираат и не ни влегуваат во статистика и си го поминуваат дома како ништо. Да опаѓаат после пикот во февруари, исто како и претходно во ноември. И слободно вакцинирајте си се, не ви бранам! Чао од темава
А реалноста е дека ако стварно има сериозни нус ефекти може и нема да се покажат веднаш. Може и години да поминат, барем судејќи според споредбава со лекови, зошто некои нус ефекти нема да се веднаш видливи. Секако нема да седиме затворени уште 5 години за да се покажат нус ефекти, прво нема да е возможно, зошто со достапност на вакцина нормално се ќе се врати во нормала. Така да изборот е тој, вакцина или да чекаш да се инфицираш. Тотално сфаќам ако некој не сака сега, има услови да одложи и слично, ама нема бегање од едното или другото. Ако некој мисли дека нема да се вакцинира, тогаш е јасно дека ќе ја прележи во добар случај болеста.
За последици од вакцина после години...дали беше Даниловски што рече, ај да го ппбарам интервјуто ќе ви го пуштам, да не парафразирам
Ај вака да погледнеме. Само ЕУ пријави починати (кои се ништо во споредба со починати од Ковид) од АстраЗенека, а Австралија, Велика Британија, Индија и др. каде исто така се користи масовно АстраЗенека немаат пријавено такви случаи. Да, Јужно Африканска Република не ја користи веќе АЗ, иако ја користеше, но не поради смртни случаи од истата, туку затоа што нејзината ефикаснот против мутацијата која е доминантна таму не е доволно ефикасна, а имајќи предвид дека и природниот стекнат имунитет може да биде заобиколен од таа мутација, не е ништо изненадувачки и за одбивање на вакцината. Тоа од АЗ го признаа и работат на нејзино подобрување во однос на таа мутација. Спутник не се користи во ЕУ, а сигурен сум дека кога ќе ја одобрат (ако) во ЕУ, и на Спутник ќе ги прават истите сопки како на АЗ, затоа што не е "нивна". Според ова, ако АстраЗенека не беше одобрена во ЕУ, немаше ни да знаеме дека некој починал од истата или дека имало несакани ефекти кои побарале медицинско внимание и/ или евентуална хоспитализација. Инаку, во Германија, процентуално според дадени дози и потешки несакани ефекти, најмногу има од Фајзер, потоа од Модерна и најмалку од АстраЗенека и тоа е јавно објавено. Назад до ЕУ, АЗ е целосно Британска вакцина, а Британија пред само неколку месеци ја напушти ЕУ, значи факторот политика, тука, како и во се', може и веројатно има големо влијание. ЕУ си има "нивни' вакцини кои би сакале да се поуспешни од "туѓите", како Фајзер, Јансен (Џонсон и Џонсон), па и Модерна поради САД, а исто така и вакцини кои тек следат од ЕУ: CureVac од Германија, RaiThera од Италија итн.
Не е точно. https://deputyprimeminister.gov.mt/en/phc/pchyhi/Pages/National-Immunisation-Schedule.aspx
Јас сум изненадена колку црно- бело се гледа на темава. Најобичен лек кога земаме - ризик е. Не е нешто природата шо ни го дала па да нема ризици, па дур тогаш има ризици. Али важното е дека ризиците се ретки, а придобивките се далеку поголеми. Голем дел од нас немаше старост да дочекаме да не беа вакцини и други лекови. Колку луѓе Ефридли мават на големо, а во бел свет се банирани ради штетноста ама истиот чоек ќе кажи како вакцините биле лоши. Разликата е шо вакцините нигде не се банирани ради штетноста. И пак, нормално е дека има повлеквање на генерики, ама дур се повлечат се користат. Најчесто оти не знајме подобро. Ама никогаш нема лек без ризик да е. Нормално дека има ризик. Нема ништо 100%. И свесно одиме кон тој ризик зошто знајме дека то е добро за тие околу нас и глобалното добро, па ете, и за нас е добро. Целта е шо поќе луѓе да не се заразат, а тие шо ќе се заразат да не умрат. Нормално дека ќе има пак заразени, па дури и смртни случаеви во вакцинираните. Секакви луѓе се вакцинираат и малку се насмеав и лошо се осеќам ради то, на коментарот од @Bridget, вакцината не продолжва време. На некои едноставно му е време. Тие шо се заразиле при целосна вакцинација, јбг, се заразиле. Не е до вакцината. Ама многу поќе нема да се заразат при целосна вакцинација и то е то шо е важно. Нема да се заразат многу луѓе што инаку би се заразиле и би поминале лошо. Иако ќе има пак луѓе шо ќе поминат лошо, тој процент значително се намалва. Лично сакам да се вакцинирам, ама исто така сум млада и здрава и нема да се вакцинирам дур нема доволно вакцини. Дур не се вакцинираат сите медицински лица, па ризични категории и постари. Мојот е ред е после нив, не пред нив.
Познатиот пулмолог Ангелко Ѓорчев, татко на поранешниот пратеник Владимир (Влатко) Ѓорчев, е 73-годишниот Македонец кој паднал во кома откако се вакцинирал вчера во Ниш, Србија. Според информациите на „360 степени“ од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, неговата состојба е непроменета. Се надевам дека ќе биде добро...