https://region.mk/познат-идентитетот-на-македонец-кој-п/ Уште ова фалеше да можат противнициве на вакцините да бидат погласби. Само нека му е со помин...
Канада ја стопираше вакцинацијата со АстраЗенека за лица под 55 годишна возраст. https://apnews.com/article/canada-p...use-under-55-06dde56d2db78d72c5bb9bcb97be4d5a
Може сте пишувале, но ме интересира јас не прочитав никаде, колку време трае заштитата со вакцините? Дали мора секоја година да се вакцинираме како со грипот?
Не може тоа точно да се каже, рано е. Но најверојатно ќе треба да се вакцинираме еднаш годишно (или на 2 години или повеќе, зависи која вакцина), иако можеби тие следни вакцинирања ќе бидат само со една доза, како бустери.
@eli25 разбрав и јас за вчера ама касно. На работа бев, а потоа беше касно да се појде. Ќе си чекам реад тука. Секако се пријавив и на српскиот портал па кое дојде побрзо тоа. Мене ми е повеќе за стариве да се вакцинираат. Мојте се снајдоа во Србија претходно, остануваат родителите на маж ми. @buba4e89 ммр секаде се прима на детска возраст. Никој возраесен не прима бустери од таа вакцина. Пред да пишуваш барем добро информирај се. ММР прва доза е на 13/14 месеци и има бустер уште еден малку подоцна (во различни земји на различна возраст ама се во детство). Ако си против вакцини кажи си јасно и гласно. Не туку се вади на право на избор на други членки.
Да споделам искуство после вакцинација со Астра Зенека. Ден на вакцинација: по околу 7-8 часа од ваквинирањето - главоболка температура 37.8. Прв ден после вакцинација: температура од 37.8 - 38.2, страшна главоболка, треска при качување температура, омалаксаност. Со парацетамол беше ок, ама откако ќе поминеше дејството, пак се враќаа сите симптоми. Мала болка во раката на местото каде е ставена вакцината. Денот по вакцинација навистина добро е да се одмара. Втор ден после вакцинација: температура 37-37.5. Без главоболка. Мала болка во раката. Сите познати кои се вакцинираа се главно со овие симпотми. Некои кренаа температура и до 39.2, дури и со повраќање. Ама краткотрајно, неколку часа.
Информирана сум јас не се секирај ти, секогаш кога пишувам. ММР се прима и сега,барем овде се бара да имаш примено и втора доза. Јас многу добро знам сите мои колеги примија втора доза ММР и уште една вакцина. Пред да пишеш информирај се дали никој не прима, и не се вади на таа карта. Не знам зошто се развлекува дискуцијава од вчера,не е потребно. Повеќе немој да ми реплицираш ниту тагнуваш, немам намера да продолжувам. Секако,се е да наметнете ваше мислење и став,ние другите сме глупи. Уште еднаш ќе напоменам немој да ми ставаш зборови во уста што не сум ги кажала,врати се наназад и најди мислење каде сум рекла дека сум против вакцини,нема да најдеш секако бидејќи не е кажано. Поздрав
Две дози се даваат на деца. Еве во Америка: MMR Vaccination | What You Should Know | Measles, Mumps, Rubella | CDC Еве во Велика Британија: MMR (measles, mumps and rubella) vaccine - NHS (www.nhs.uk) Еве во Македонија: Kalendar-za-imunizatsija-2019.pdf (zdravstvo.gov.mk) Секаде е на деца до училишна возраст. Две дози. Поздрав.
Јас живеам во Малта и услов за работна дозвола на поединци им беше побарано да имаат примено вакцини. Им ги повторуваа примените,јас го имам документот дома ,а ти можеш во што сакаш да веруваш,само немој да ме правиш будала. Поздрав
Да, викендот во Србија, без термин. Не беше проблем претходните денови без термин да се отиде, во Ниш и во Белград. Знам и вчера дека доста луѓе отидоа, завршија работа. Не знам дали може уште да се оди. Колку што знам, вакцините беа со рок до вчера, па затоа не бараа термини, сакаа да ги потрошат додека се во рок.
Еве и за Малта. National Immunisation Schedule (gov.mt) Ако некој возрасен пропуштил некоја вакцина чќе му ја бапнат на старост, ама регуларно не примаат возрасни вакцини туку деца. Така што твоето изкуство е исклучок а не правило. @MinnaAnne денес нема вакцини за странци. Не се знае кога пак ќе има. Ама веројатно ќе има пак.
Комата во која западнал македонскиот пулмолог Ангелко Ѓорчев по вакцинирањето во Ниш, Србија не е последица на примената вакцина. Ова за српската агенција Бета го изјави директорот на нишкиот Универзитетски клинички центар, Зоран Перишиќ. -Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина. Неговата состојба е непроменета, изјави Перишиќ. https://skopskoeho.mk/srpski-lekar-...ologot-gorchev-ne-e-posleditsa-na-vaktsinata/
Нема потреба да се убедуваме тогаш Си ја имаш мувата на капата. Ова што си ми го пратила нема допирна точка со тоа што нас ни бараат. Човек од 30 години ги има примено сите наведени во списокот, сам ја купува,сам ја плаќа,сите наведени вакцини ги има во аптека.Јас кажав го имам документот пред себе и знам што треба и што не треба. Ајде да не должиме повеќе,не знам зошто се објаснувам едно е теорија а друго практика. Едит:
Ме интересира, чисто онака, за тие што не планираат да се вакцинираат против Ковид. Дали не ви е смачено веќе од седење дома? Дали би издржале уште 3/4 години да не мрднете никаде. Не судам, реално и јас имам свои стравови во врска со вакцината ама имам и стравови во врска со Ковид. Млада сум, здрава, ковид би го преживеала, но секоја болест на нашето тело задава неповратлив удар. Тоа е 100% докажано. Ама луѓе мене ми е смачено од алкохол и седење дома. Сакам да се прошетам, сакам на море/езеро без да се мислам дали некој кивнал и кашлал. Сакам да си ги прегрнам блиските, да искочам на кафе со другарките. Сигурно ќе направат да не може да се патува без вакцина. Да мора да се прави пцр, па четиричлено семејство за пцр треба мин 8000ден да одвои за да оди на одмор. Онака баш ме интересира кои се вашите размислувања за иднината. Како би живееле? Бидејќи факт е дека нема да се вакцинираат сите и ова ќе трае уште 3/4 години. Ама барем вакцинираните ќе може да здивнат малце.
@buba4e89 па истото ти го кажува членката што го пиши во документот што го имаш ставено. Ако немаш доказ или документ дека си примила како мала такви вакцини тогаш се прима пак. Инаку не се става на сите возрасни по втор пат вакцината.
Не го признаваат документот со примени вакцини како мал,сакал нејќел ќе си примиш. И не,не е ист линкот, во нејзиниот се наведува вакцини по возраст,а во мојот по услов.