Ако не е задолжителна, а сепак има препорака кој прв да се вакцинира, дали ние што не спаѓаме во ниедна од категориите ќе имаме шанса да се вакцинираме за скоро? Претпоставувам дека ако им се дозволи да избираат, нема да се вакцинираат сите здравствени работници, војска, полиција итн. Како што е непредвидлив вирусот, не се знае кој е ризичен кој не. Јас би се вакцинирала и прва ако имам можност.
Иако АстраЗенека не ми е "омилената" вакцина, нема зошто да не верувам. Коронавируси постоеле, постојат и ќе постојат. САРС исто. Така да, ништо не е чудно да развијат вакцина за SARS- CoV- 2 со основа на некој друг коронавирус (CoV) или пак Сарс, кога тоа е основата и на овој вирус. Вакцина секако (ќе) има, нема да пуштат вакцина која ги нема поминато трите фази на тестирање, посебно не во ЕУ. Токму затоа ЕУ не ја одобри руската вакцина, нема завршена фаза 3 од тестирање, или барем ги немаат објавено податоците, односно резултатите од театирањата од таа фаза, ако е воопшто спроведена. Не мора да се вакцинирате, и онака нема да биде задолжително. Ама не негирајте нешто што е научно истражувано, потврдено и објавено.
Што знам некако повеќе ми е за не.. Зошто, вирус кој е неполна година присутен за неколку месеци одма изнајдоа кој лекови реагираат на него, кој методи помагаат при поуспешно лечење за три месеци имаше веќе почеток за вакцина. Некако не ми иде постојат болести кој ги има од кога постои човештвото што се вика па за нив нема уште лек или вакцина измислено. И плус дали вакцинава ќе биде сезонска исто како за грипот, ако не нели прележан вирус не остава трајна имунизација како на пример сипаници, како тогаш вакцинава ќе направи трајна имунизација кога вакцините колку што знам се прават со ослабнат вирус за да може телото да се избори без последици и да го запамти при евентуална зараза..
➡️ Почнавме со интензивни подготовки за процесот на вакцинација од ковид-19, го спремаме здравствениот систем за ефикасен начин на вакцинација. ➡️ Обезбедивме 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани преку КОВАКС механизмот. Покрај овој механизам, веќе се доставени барања за директни договори за вакцини до две светски компании Астра Зенека и Фајзер. И третиот механизам е механизмот кој го понудија дел од земјите членки на ЕУ. ➡️ Вакцинацијата ќе се врши во вакциналните пунктови и болниците. Вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните. ➡️ Ќе се спроведе брз процес на тренинг за вакцинирање, согласно спецификите на вакцините од Ковид-19. ➡️ Сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени, за сите овие вакцини коишто се сега на располагање здравствените работници веќе имале искуство од други вакцини коишто се со сличен тип. Вакцинацијата на специфични групи и здравствени работници ќе се врши во рамките на јавно-здравствените установи кадешто тие работат. ➡️ Добивме потврда од Американска фондација за потребни фрижидери на минус 70 степени и тие ќе стигнат на почетокот на јануари. Тие ќе бидат дел на овој систем на чување и дистрибуција на вакцините во државата. ➡️ Како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид центрите или се директно изложени или работат со заболени или суспектни. Понатаму, здравствени работници коишто работат со земањето на брисеви, граѓаните над 65 години, пациентите со хронични болести во делот на хронично белодробни и кардиоваскуларни болести според шифрите на дијагноза преку системот Мој Термин, како и вработените во критичната инфраструктура и транспорт. *Преземено од профилот на министерот
Не знам дали би се вакцинирала. Најпрво,пола и повеќе медицински лица тврдат дека за сите вирусов е нов,неиспитан и непознат и оддеднаш се појавува вакцина?? Како? Нели за една успешно изработена вакцина е потребно подол период? Не е дека не верувам во вирусов,ама во вакцинава не знам..
https://libertas.mk/shest-lica-poch...bU4XsjK0Wmdt2D9BSiuLcaxO89OjF8sarLJKflrBn83fE Двајца од починатите добиле вакцина, другите четворица плацебо. Се знае за другите вакцини што се во оваа фаза дали има смртни случаи?
Patient 2B or not 2B https://www.bbc.com/news/amp/uk-55233021#csi=1&referrer=https://www.google.com&_tf=From %1$s
Вакцините се базирани на вакцините дизајнирани за оригиналниот САРС вирус, имунолошкиот одговор се базира на истиот протеин ("The spike"). Напис од 2005, што дава опис какви вакцини уште тогаш биле во развој: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3371787/
И плацебо има нуспојави. И руската има нуспојави. https://www.dw.com/mk/лична-приказн...-5-руската-вакцина-против-ковид-19/a-55847989
Колку што јас сум информирана, вакциниве (барем овие попознативе и исфорсираниве) не се класични вакцини туку мРНА. Колку што јас имам читано, ова е прва вакцина од овој тип која би се применувала кај луѓето и како таква е со еден куп непознаници. Се прашувам како толку ноншалантно и безобразно се форсира вакцинирање токму со ваков тип вакцина која е буквално празен лист хартија Настрана нејзината ефикаснот, ами што е со можните последици? Јас не успеав да најдам истражувања кои имаат сознанија или се осврнуваат токму на подолгорочното дејство од ваквиот тип вакцини врз луѓето? Врз нивниот генетски код? Ќе има дејствие врз истиот или не? Итн... итн... На крајот... муабетите за Бил ГејЦ и чипирањето и не биле толку sci-fi како што се претставуваа
Па, ова повеќе покажува дека се потпираш на манипулативни и намерно лажирани извори на информации, што повеќе се базираат да предизвикаат страв и сомнеж на било кој начин, отколку нешто паметно да кажат. И што истите лаги и пропаганда ги повторуваат до бесвест, пошто која и да е вакцина во прашање, само истите и истите рециклирани лажги. "Микрочипирање", "генетски манипулации" итн итн. Само заборавиле да кажат до крај дека, според сценариото од Х-фајлс серијалот, вакциниве се наменети да не направат мутанти со вонземјаните од Орион, во нивната војна со Врил општеството од Шупливата Земја. Изгледа затоа кај и да е ќе стигнеме до 8 милијарди, наспроти епидемиите што убивале по 50+% популација во минатото. Назад во реалноста: мРНА вакцини се развиваат веќе 30 години, и во тој период се тестирани и ин витро и ин виво. Темелно. мРНА вакцини се базираат на напредно познавање на биохемиските процеси кај живите организми. мРНА ја користат сите РНК/ДНК базирани организми (вклучително сите наши клетки), и служи како транзиентен чекор за производство на Протеини. Значи наместо да инјектираат деактивиран/ослабен вирус, или дел од ДНК/РНК од вирусот, или протеин од дел од обвивката од вирусот, инјектираат мРНА, што буквално му кажува на имунолошкиот систем како вирусот произведува протеини, и со тоа постигнуваат подобри резултати од класичните ацелуларни вакцини. И ајде малку релевантни извори, а сепак раскажано на поедноставен начин... https://www.health.harvard.edu/blog/why-are-mrna-vaccines-so-exciting-2020121021599 Но ако нешто е сигурно, тоа е дека ќе продолжат антиваксерите со ширење на истите лафги и пропаганда. Еве прост доказ - нека покажат точен модел според којшто оваа мРНА "ќе смени генетски код". Пошто ако навистина тоа го можат само со една доза мРНА, тоа ќе биде вистински напредок, ќе можеме сите по дома да си ги менуваме гените сами. И да, нема да најдеш таков модел, ниту било каква поткрепа за такво нешто. Ама ќе најдеш милион дисктракции, оправдувања, лажирани тврдења и секакви теории на заговор, место било каков реален и релевантен доказ.
Фала ти на исцрпниот одговор Јас ниту сум антиваксер, ниту читам само такви информации. Се трудам да се информирам од повеќе извори. Сепак, останува фактот дека вакциниве до сега не биле аплицирани кај поширока популација и не се познати можните последици. И застрашувачки е фактот што по секоја цена се инсистира на нив и се користат најразлични методи за да се принуди населението да ги прими. Мене ова ми предизвикува сомнеж. Ете, може сум и теоретичар на заговор, што знам? Ќе го прочитам линкот што ми го испрати, фала. За крај само едно прашање: Зошто мислиш дека се шират вакви пропаганди, како што ги нарекуваш, против вакцинава? Која е целта од нив? Кој профитира?
* Само направи добар избор на изворите, да се релевантни и поддржани и издржани со факти. Ако се што има од изворот е неиздржана шпекулација, тоа е црвен картон. Еве прост пример - како што е побарано - нека покажат точен модел според којшто оваа мРНА "ќе смени генетски код". Има некаде од тие извори што се расфрлаат со генетика и бладаат по прашње на истата, било каков опис и модел на процесот според кој што ќе се случи таа промена? * Што е тоа поширока популација? Милион? Милијарда? Трета фаза беа направени/се прават со 35~40.000 луѓе, и тоа дабл-блајнд, со плацебо и со вакцина. Колку е доволно? Кохортните студии допрва следат, и секако дека ќе се следат последиците од вакцината. Во меѓувреме, лека полека, науката и технологијата напредуваат кон време кога нема воопшто да има потреба од тестирање на луѓе https://deepmind.com/blog/article/alphafold-a-solution-to-a-50-year-old-grand-challenge-in-biology * Она што е навистина застршувачко е што е доволно едно пребарување на Пубмед, и ќе излезат илјадници студии за мРНА како работи и делува, а луѓе мислат не е познато, пошто не сфаќаат што читаат. Што не води до Данинг Кругер моментот - како да им објасниш на луѓе дека треба да имаат завршено медицина, за да сфатат колку всушност НЕ знаат за точниот модел на работа на мРНК, и дека луѓе поминуваат по 10~15 години студии и специјализации за да можат воопшто да навлезат во полето. Па затоа е полесно да се прифати некој напис со нафрлени куп фрази и изрази, ама важно дека "звучи логично, и некој друг е крив и работи против мене, затоа не ми оди во животов". Евреите? А не, чекај, Темпларите? Или Илуминати? * По секоја цена? Нема восјка и полиција по улица, како за вакцините за Вариола Вера во Југославија. Од друга страна, не е смртноста 30+% кај сите возрасти, без оглед на коморбидитети, како кај Вариола Вера Големата. Ако на некој не му е јасно зошто треба вакцинава, прво нека замени чистач/хигиеничар во клинички центар на две недели, па со тоа искуство, нека отиде кај останатите болни што не можат да отидат во болница, да им објасни што значи епидемија и пополнети капацитети, па што не можат други болести да дојдат на ред. Ако некој мисли дека решението е повеќе болници и персонал, нека обезбеди 50.000 инфектолози, анестзиолози, медицински сестри, и нека им дава плата да седат дома кога нема епидемии. Не дека кај нас не фали персонал, и те како фали персонал, но за справување со епидемија каде што имаш веројатност 7% од населението да ти заврши во болница - Колку болници и персонал требаат за да се сместат 140.000 пациенти, и плус додади ги и сите оние што се од друго болни? Но кратки се сеќавањата, затоа денес им е несфатливо на луѓе што значи свет без вакцини и антибиотици, каде што од една гребаница може да се умре од тетанус и сепса, туку се навикнати прво да се зезнат, па потоа да бараат помош, и да се лутат ако нема одма лек. Воопшто и да не почнуваме за тоа колку брзо заборавија сите, колку брзо се наполнија инфективна и детска од последното невакцинирање за морбили. Ама пак, тогаш анти ваксерите ширеа секакви дезинформации, од тоа дека не биле морбили, па дека било намештаљка, па дека немало никој на клиника, само по медиуми дека вести се ширеле.... За на крај да има мртви бебиња, па да им текне на луѓево дека треба вакцинирање. Која е целта на било кој култ, и кој профитира од него? Да ги поделиме членовите на две групи, оние што се таму за социјално прифаќање, односно психолошката награда на припаѓањето во група, и онаа група што ја шири дезинформацијата пошто нашла начин за материјална заработка. **** Првата група, да се обидеме да направиме аналогија, колку и да биде погрешно сфатена, би биле споредбени со новата класа богаташи во Виетнам, што ушмркуваат прав од рог од носорог, како статусен симбол, поврзано со суеверието дека тоа им дава потенција, но што всушност тоа го прават * пошто и сите околу нив тоа го прават *. Не дека тоа навистина делува, но припаѓањето во групата им дава награда во форма на Окситоцин, односно се чувствуваат одлично. Односно на малку по социолошки/хормонален/научен начин кажано: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5982083/ https://www.jstor.org/stable/23484529?seq=1 Се разбира, има и друга, многу потемна страна на пропагандата кај анти ваксерските култисти: https://edition.cnn.com/2019/03/19/health/anti-vax-harassment-eprise/index.html **** Вторите, што увиделе луѓе од коишто може да направат пари со тоа што ќе им се приклучат на фантазиите, се таму за материјална корист, па продаваат * супер екстра концентрирани витамини и минерали *, * прочистување на крвни садови *, * прочистување на дебело црево *, * вода енергизирана со кристали прочистени на светлина на полна месечина *... Или едноставно бараат средства за да ја "шират вистината", додека си уживаат на трошок на првите... Како на пример дечките од Велес кога правеа пари врз основа на ширење на дезинформации за време на изборите во УСА 2016. Тие знаат дека шират глупости, ама додека луѓе кликаат, и Фејсбук и Гугл им даваат 5 центи по клик, нека кликаат.
Верувате дека Бајден навистина се "вакцинира"? Мене се ми се чини дека е обичен витамин аи негро докторкана ми делува сумливо, пред да го боцни ја кладе раката за камерите да не фатат и некако секундарно ја кладе/изваде иглата.. Аи верно мие и да се вакцинира и онака е стар вампир го истуркал животот па нема шо да се грижи дали утре децата ќе му бидат аутистични или хормонски пореметени од нус појавите.. Мене најмногу тоа ме загрижува пошто вирусов е лабораториски со план за да се намали популацијата на земјава од 7.5 на 1-2 милијарди. Верувам во теории на заговор пошто тие теории, филмови и прикажувања не се така лесно измислени од некого пошто некогаш ќе станат реални како многу нешта што станаа реални сега а на човештвото пред 50-100 години не му беше верно, научна фантастика и живеа примитивно.
Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде имав и свое обраќање. Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70% од населението. Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека. Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините, како и земјите од ЕУ. Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земја обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унија за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија Полска и Грција. Република Северна Македонија преговори и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив. *преземено од профилот на министерот Филипче
Општо сум против вакцини, ама едно нешто не ми е јасно. Кога веќе сте за вакцини, зошто таа мора да биде од запад а не руска? Дури имаше и лоши коментари за луѓе кои велеа дека би примиле вакцина но само од Русија. Зошто?
Јас ги немам прочитано тие коментари, но како и да е јас пре би вакцината од Русија него од запад. А општо на темава, не сум баш да се вакцинирам а од друга страна се размислувам, а и без вакцината нит ќе можеш да патуваш а сигурно и други работи. И сакам само да помине се ова побрзо, на се би се нафатила веќе, за што сака нека им е, у пм и профит и се, не се издржува ситуацијава.
Ова е чист бизнис и зло според мене, а гледам голем дел гласале дека не би ја примиле.. Некој едвај чека да ја стави и се крсти во вакцина без да прочита сајд ефекти и слично. Нема проблем, јас мојата ќе ја дадам па кој сака и дупла доза може. Се надевам дека нема да има уцени за ако сакаш да патуваш на пример мора да имаш вакцина иако нема да ми биде чудно бидејќи истото и го правеа со децата кои ги запишуваа во градинка и школо, нели мораа да бидат вакцинирани.. Инаку такви коментари има на постот на Филипче за донацијата од Бугарија.